Дефиниција за секта е тоа што пишав но секој може да шири додаде и Др. Но несоборлив факт е дека не се ни осудени ни е нешто докажано за нив.
https://forum.femina.mk/threads/Црна-ружа.24140/ https://zase.mk/video-ispoved-na-chlenovite-na-sektata-tsrna-ruzha/ https://www.media.mk/2021/02/06/страшно-сатанистичка-секта-се-шири-во/ http://www.pandius.com/blkrose.html не постои а? a сведоштвата на луѓето? малце се? не е доволно шо отишле на суд
Секој е невин додека не се докаже спротивното со правосилна судска пресуда. Тоа го вели и законот и уставот.
За тоа се криви тие што таквото не ги боли за детски права. Пошто еве и овие што ги бранат на темава ги бранат зашто "нивни си се децата" Е вака па ич не помагаш на децата. Не мора да си одат. Ако ме читаш, ќе видиш дека сум за тоа да се разбијат ваквите групи каде и да се, не да ги каниме на гости.
Според твоето треба сите школи да ги затвориме, затоа што илјадници и илјадници деца претрпеле булинг, силување и напад од професори и соученици? Мислам смирете живци малку. Да ја укинеме полицијата, затоа што Пале била претепана од џандар, или затоа што еден куп џандари дилаат дрога?
Не за мене, според закон. Тие што се криминогени, треба да бидат казнети, по закон. Ама како ќе ги казнат, ако не се присутни? Како ќе им се помогне на тие деца што ги селат на секој пол саат?
Тие професори што удриле ученик да се затворат. Тие групи што учат дека силување дете е нормално да се разбијат и осудат.
Добро, утре и абортус ако ви забранат или мора "по закон" да го продадете детето, немајте мислење дали е правилно. Така вика законот, јбг и така правете.
Како ќе ги 'разбиеш' ако ги бркаш? Вие не сакате да им помогнете, сакате само да ги избркате. Како и сите што им прават впрочем.
Ја не викам да ги избркаат. И не зборам за тие што се само тука. Зборам општо за групава, овие дојдениве се нивни претставници. Зборам и каква е заштитата на децата кои растат во вакви средини. Да, не сум јас таа која треба да ги разбие ама дали треба да имам позитивно мислење за нив само зашто не сум полиција и суд?
Не си ни таа што треба да ги брка. Не си ни таа што треба да ги гаѓа со јајца. Ама цел муабет за то се отвори. Оти кумановци ги бркаа. .... не оти многу им е жал за децата...
А, што ако на сите тие деца им е убаво таму кај што се? Зошто некој би им помагал? Зошто не им помогнете на милиони и милиони деца што не сакаат да одат во школо, а ги принудуваат со сила? Нели е тоа дискриминација?
Децата немаат ментален капацитет да носат разумни одлуки. Нивните родители/старатели одлучуваат за нив.
Децата не можат самостојно да одлучат до 18 година, и нивната свест не е развиена. До 18 година за нив одлучува или одговора за нивните постапки родител/старател.
А да и уште нешто. Уранија Пировска која ја сметав за карпа жена, ги брани луѓево. Хелсиншки комитет ги брани овие. Мелат за ксенофобија, национализам...а не сфаќаат дека не е тоа проблемот. А јас па еве се чудам зашто права на деца се непозната тема во светот.