Леле, видете што ми излезе како предлог: А бе не можам, видете ги сите колку се пребели и тивки, сталожени, неенергични, да се чудиш како направиле толку весела песна и настап, дури и кога победија на исландскиот натпревар радувањето им беше престаложено А Дади колку е рамнодушен кога зборува, како сосила да го тераат да зборува, не можам Не знаев дека Think about things станала толку популарна претходно . А јас пак се чудев како стигнаа да прават концерти во САД . Технички Дади е музичарот, другите генерално придружба . Овој Феликс не сфатив кој е, веројатно некоја позната личност што ги прави забавите во Исланд за Евровизија? И сите се пренормални луѓе, баш лесно можеш да се замислиш на нивно место . Има и втор дел, би требало да ви го нуди како следно видео. Да се едитирам последен пат, ако 10 years е за жена му, Think about things за ќерка му е .
Имаш копче пријави ако мислиш дека не е поврзана сликата со темата Тука се коментираше доста за нивниот силиконски изглед ама очигледно си ја отворила само последнава страна
Мене сеуште ми се ИН евровизиските хитови, ги слушам по цел ден најмногу Италија (се разбира), Кипар, Србија (не дека ми се омилени ама autoplay), Хрватска, Швајцарија, Азербеџан, Исланд
Не сум сигурна дали е за овде ама ајде.... После фудбалскиот натпревар во кој Франција изгуби од Швајцарија.
Ќути, уште не можам да преболам батето од Швицарска што заврши трет Италија заслужено победија, врв беа нема збор, али овој вокал и песниште требаше втор, фантазија од глас, емоции, моќ....Прекрасна балада
На 28 години дознав дека топ 6те изведувачи се всушност организаторите на евровизијата а не изведувачи што завршиле прво, второ, трето итн место.
Така и мислев. Значи овој пат ќе бидат 5. Слушнав дека Турција се враќа на Евровизија 2022, дали е точно тоа или е само муабет?
Ви предлагам да ја заследите темава подоле за следната Евровизија за оние кои не ја следат. Добро би било таму да ги запишуваме најновите вести поврзани со самиот настан (избор на песни, претставници, град - домаќин итн.). https://forum.femina.mk/threads/Евровизија-2022.32638/
Имало година кога не сме биле фаворити?? спотов е многу добар и песничкава не е лоша, само каде се момчињава Тео, Јован и Филип??