Sto mislite ako vlezeme vo evropska unija ke ni se smeni li nesto vo zivotot ke najdeme li rabota, ke bideme li po dobro plateni? Se razbira ako go doziveeme toa
Па нормално,сега не сме членки уште а па не помагаат по малку,а камоли кога ке улеземе. Ке се отвараат нови фирми,ке има странски инвеститори...а со тоа и многу нови работни места
јас НЕСАКАМ да влеземе во ЕУ има многу придобивки доколку нашата држава стане членка на ЕУ, тоа морам да го признаам но има и мноооооогу негативности за кои нажалост луѓето не ги знаат имав можност да видам како е во земјите кои се членки на ЕУ и мене лично воопшто не ми се допадна а прочитав и информација дека според анкетите на неколку држави кои скоро станаа дел од ЕУ граѓаните не се задоволни од начинот на живот и дека нивните очекувања не се исполнети. за жал кај нас премногу идеалистички се гледа на влезот на Македонија во ЕУ......и доколку воопшто успее да влезе нашите драги сограѓани ќе доживеат гооолемо разочарување :roll:
европска унија искрено не е ништо посебно ако влеземе македонија ке стане земја на стари луге..сите млади сакаат да учат во странсттво многу повеке можности ..а за тие што се уште се убедени дека македонија ке стане побогата јас мислам никогаш нема да се сличи конкретен пример е бугарија се менува левот со евро а платите и пензиите исти не иде така ..не е европска унија мед и млеко според мене македонија има доволно и инвеститори и пари и ресурси да стане водечка на балканот..
I jas se soglasuvam deka nema mnogu da se smeni ako vlezeme vo EU. Duri i mislam deka zivotot kje bide poskap, vi smisol na hrana, iskachanje, smetki itn... Rabotni mesta sigurno kje se otvorat no platata kje si ostane ista taka da nema da imame moznost da uzivame vo prednostite koi EU ni gi otvara (patuvanja vo stranstvo i sl).... Edinstveno kje se raduvam ako vlezeme vo EU kje bide higienata na javni mesta i takvi nekoi raboti, od kultura i za zashtita na planetata...
I mene ne mi e jasno zosto narodot saka da vlezeme vo EU. Rabotite nema da trgnat na podobro a primer za toa se drugite zemji sto vlegoa pa sega se cudat sto gi snaslo. Norveska e edna od zemjite sto ne e vo EU, a ne ni saka da vleze pa nisto ne i fali. Jas licno ne sakam da vlezeme
Bravo za site sto mislat deka ne treba da vlezeme vo EU,zatoa sto za obicnite smrtnici isto im se faka, i jas smetam deka ne ni treba EU no Nato da.Na nasat zemja i treba zastita a investitorite vlozuvaat tamu kade sto se sigurni :idea:
ЕУ не мора, НАТО - да, а визнава либерализација е топ! Точно е дека ако сме во ЕУ ќе добиваме повеќе пари, ама ние и овие што ни ги даваат не можеме да ги истрошиме како што треба, а не па повеќе. Знам за еден куп пари што останале неискористени. Туку ние треба да си направиме да ни биде поубаво - судскиот систем да биде како што треба, да нема нелојална конкуренција, рекетарство (ако може воопшто да нема), и ке биде ок.
Јас мислам дека во ЕУ ќе биде полошо затоа што платите ќе останат исти, а давачките ќе се зголемат :?
Хмм несакам да влеземе во ЕУ......додуше мислам дека и ќе се распадне во блиска иднина! Мислам дека нашава земја треба да се ориентира повеќе кон Русија, Кина и Индија.....а не кон ЕУ и Америка (ионака не не сакаат,+ секое лошо дошло само од Запад)
Апсолутно го подржувам твојот став.ЕУ може да се распадне,но доколку и не се случи тоа ние ги гледаме само придобивките од влезот во ЕУ, а што е со загубите,односно негативните страни при влез на истиот?
Да во право си! Никој не гледа за загубите, а тоа ќе се европски закони, за нашиот неевропски стандард! Со вакви плати во европа не се оди! Плус ете јас незнам, нашите зошто се позанесуваат толку за европска, кога јасно и гласно тој копукот на чело, кажа името пред се! Битно е нашиве да се насочат кон брзо растечките економии во светот како Кина, Индија, ма и Русија може да се каже! Само колку ли пати добиваме помош од Кина, Јапонија....а ич од Америка и Европа! Америка и Европа на крај ќе не уништат! Кога можеше еден протекторат со животен век од 2-3 години, да не претекне нас кои имаме околу 2130 години, тогаш да ти се посерам во ЕУ и Америката!
Јас сум против Европска Унија...Мислам дека на таква држава како нашата не и треба ни ЕУ ни Нато.......Затоа што сега не можеме да си дозволиме луксуз а камоли тогаш кога ќе се качат цените уште 3 пати повеке а невработеноста е голема, ке си умреме од глад....сепак тоа е мое мислење
Значи не ми се верува дека прочитав и вакво мислење! Што и фали на Србија? Да се прашаме подобро што не и фали. И како за потсетување Србија исто така се залага за влез во ЕУ, ако им е толку арно нема да бараат да влезат. Плус тоа се согласија да си дадат дел од територијата(Косово) за да им се олесни патот кон ЕУ. Тоа од што многу добро им е, не од друго!
На ЕУ и се гледа крајот. Кај да е за 10 години некаде, ке заврши нејзината историја. Многу ми е жал што се лажат луѓево дека којзнае што ке биде ако влеземе во ЕУ. Единственото убаво ке биде што на изглед малку поубава ке ја поднаправат Македонија, да речам ке ја потсредат. Инаку оф не ке знаеме што не снашло. Дека ние сме овци, и дека некој треба да не земе под закрила тоа да, и дека нашиве политичари прво гледаат индивидуални интереси а потоа државни, граѓански и слично и тоа да, но какви такви, колку и да ги плукаме, подобро ние вака од некој друг односно ЕУ да ни свири како да играме. И јас се согласувам дека во НАТО треба да не има, и да се ориентираме кон некој друг сојуз.
Мене исто ми се фаќа. Полошо од ова неможе да биде, па зошто да не пробаме? Секако нема што да се изгуби. Тоа е исто кога препишуваш на испит. Немаш научено и одиш на ризик. Ако не препишеш паѓаш, а ако препишуваш можеби и нема да те фатат па ќе извлечеш г*з. Мислам ми ја сфативте поентава
Додека ние влеземе, ЕУ ќе се распадне . Се зезам . Моето мислење е дека не ни треба ЕУ. Ако сакаме можеме сами да си ги подобриме условите за живот, ама има едно големо АМА кое ќе го оставам..... за нашиве политичари
Како бе луѓе не ни треба ЕУ? Како тоа можеме сами? Епа еве 20 години сме сами и видовте колку можеме? А најтрагично е што работите не се подобруваат, одат на полошо и полошо. Денес во оваа држава краде кој колку може и каде ќе стигне, со корупцијата никако да се справиме, и покрај сите притисоци од запад, не успеавме да го направиме судството независно. А што би се случувало кога би немале притисоци? Не сакам ни да знам. Ќе те истепаат на сред улица, и ќе те натераат да платиш оштета што си истепан, натака ни иде државата.
За РМ, зачленувањето во ЕУ за многумина значеше иднина.Европската преспектива ќе отвореше големи можности за севкупен развој на земјава.Но ЕУ побара нешто од Македонијa, побара да исполни три критериуми.Како 1 во - Да стане политички стабилна, а станавме ли, да воспостави стабилни институции , а ги имаме ли,демократија, владеење на правото и човековите права, исто така побара и заштита на малцинствата.2 ро-Македонија да обезбеди Економски развој. 3 то-Да биде спремна да ги преземе обврските што ги наметнува членството во унијата.И за крај .Решете го проблемот со името. Е ајде сега младино кажете што ние исполнивме од бараното . Не се оди во ЕУ со овој стандард , со овие наши примања ...Ако се земат во предвид нашите плати и само цените на основните намирници во членките на ЕУ ние ќе неможеме само да се прехраниме .Ова се однесува ако се остане во државава со Европски цени а Македонски примања. А за надвор од државава друга приказна.