1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Европска Унија

Дискусија во 'Политика и настани' започната од elena99, 11 декември 2009.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Ех озбилна, не сме исполниле ништо. Како така? Ами европските закони? Нели треба од нешто да се почне? Во случајов, прво покривот па темелите се ставени. За да опнеш такви закони треба да ја качиш платата на народот. А ако не ја качиш ич не ни ставај закони од по минимум 50 евра. Целите сме обратни, првин покрив градиме па темелите. :x
     
  2. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    дефинитивно не сме за таму. кога ке погледнеш наоколу каква "демократија" имаме :x ..
    Се што е легално е легално само на папир. Си ги замачкуваме очите мислејки дека навистина заслужуваме... :fubar:

    а што ако влеземе ? Нема од реката наместо вода, мед да тече .. Мислите се така ке биде подмачкано и фино. Наеднаш ке ги снема секојдневните проблеми :^). Абе што сака нека бида мене исто ми се фаќа.. Не дека некое чаре ке има. Мислиш ајдее во европска унија завршува светот. Само тамо да идиме и се е готово. Хепи енд. Е како не |(
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Тоа дека сум ЕУ скептик веројатно забележавте во друга тема. А што и не би била, кога Французите и Холанѓаните го отфрлија уставот, па сега јас ќе се правам колку љубам да сум дел од неа. Дрн дрн.
    Порано не бев, но морам да признаам дека станувам се поголем противник на оваа заедница. Видов како се работи и како работите функционираат во европските институции. Вака однадвор се е скоцкано, стокмено, убаво. Европа е ова - ќе речеш. Нема зае*анција. Да бе, важи. Внатре е труло и смрди на дволичност и корупција.
    Европа е тука за да ти дава критериуми за влез. А потоа прима неподготвени држави како Бугарија и Романија. Европа ти вели - почитувај ги малцинските права. А потоа не прима Роми во своите држави врз основа на бојата на кожата или пак ги протерува од своите држави. Европа ти вика смали си го дефицитот, внимавај на својата економија. А потоа нема проблем да ги задолжи сите држави да и помагаат економски на Грција која со години лажела, фалсификувала извештаи и живеела во прекумерен луксуз. Европа ти вели - сите пиперки мораат да бидат прави. После некое време вели - одгледувајте и криви пиперки , затоа што е криза. Итн. да не редам. Симплифицирам и редам некои мои заклучоци.
    Со други зборови цела Европа ми е мижи Асан да ти баам. Ако има политички и пред се економски интерес Европа да те прими кај себе - ќе те прими. Ако не - ќе те зафркава (културно кажано) додека не ти дојде преку таквото.
     
    На beached и Annath им се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    ЕУ има и добри и лоши страни. Да видиме наредниве неколку години дали воопшто ќе ја преживеат кризата. Да не биде таман влеговме во ЕУ а таа да се распаднала :o
     
  5. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Кога ќе влеземе ние ќе се распадне
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    од весникот „Нова Македонија„ :
    „За што станува збор? Хрватскиот премиер беше сосема експлицитен кога, за многумина неочекувано, рече дека ЕУ се променила, а Хрватите итно мора да одлучат дали ќе ја прифатат како таква. „
    цел текст: Референдум за прифаќање на новата ЕУ?
     
  7. discofilman

    discofilman Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    107
  8. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181

    Леле дај ти се молам сериозно? |(
     
  9. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    Несакам да влеземе во ЕУ и немислам дека ке ни биде подобро.Зошто би сакала да бидам дел од нешто што е пред распад и банкрот?Како би ни помогнало тоа нас кога не им помогна на дрзавите кои се дел од неа.Всушност тие држави се посиромашни и позадолжени од повекето кои не се дел од неа.И да од ЕУ сега ни диктираат што да правиме а не па тогаш ако недај Боже влеземе.
     
  10. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Кај ќе влеземе ние со овие глупости што се дешаваат? -.-
     
  11. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.437
    Па на крај краева и што бараме, кога и таа е на стаклени нозе. Сите експерти велат да не влагаме. Луѓето така мислат ако влезиме во ЕУ ќе цветаат ружи, и таму си има давачки. Како на пример сега Грција банкрот сите држави мораат да и помагаат од буџетот. Ние да сме паметни да си го водиме државичево како што треба не ни треба ни ЕУ ни ништо.
     
    На untouchableGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    http://www.youtube.com/watch?v=0DbmJAB69PQ

    И Хрватска стана дел од ЕУ на 1. јули 2013 год. Следна цел велат е да станат за некоја година и од шенген зоната (без гранична контрола кон ЕУ соседите: Словенија, Унгарија и Италија). На таа тема новинарката од Euronews TV разговараше со хрватскиот амбасадор акредитиран за Белгија и Луксембург:

    http://www.youtube.com/watch?v=Xmayv3NQFrU
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Според мене не сме слепи без таа ЕУ, не ни ни треба...да не ќе се покачат платите преку ноќ, стандардот или слично? Ич не гледам некои аир, ако се влезе во ЕУ.
     
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Jaс пак државата ја сфаќам како едно семејство .Ако се работи домаќински, не ни треба Европска Унија за после и нашите потомци вракаат долгови.
    Да не примеа до сега арно ќе беше ама сега фати кризата и не се знае дали по неколку години воопшто ќе има Европска Унија.
    Затоа сметам дека подобро ќе ни биде без Европска Унија
     
    На tessie и hermosa им се допаѓа ова.
  15. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Не се секирајте, и онака не влегуваме ние никогаш во ЕУ. Сите ќе влезат кај и да е и Црна Гора и Србија, а Македонија ќе остане изолирана. Во нашава држава се оди надолу, и надолу, се се уништува, нема надеж. :(
     
  16. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Исланд се предомисли пред некој месец и се повлече од преговорите со ЕУ почнати во 2008, решавајќи дека поубаво им е без ЕУ. Но Исланд е веќе одамна членка на европската економска зона и безграничната шенген зона.

    http://www.youtube.com/watch?v=rsAMYWyJnLc
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Mене ме интересира поминувањето на границите, во Европската Унија.
    За визите мислам дека не треба, а пасоши?
    Конкретно за Албанија, да речеме за престој таму десетина дена?Онака ме интересира,ако некој точно знае нека пише.
     
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Зависи на која земја си државјанин, односно каков пасош имаш. За македонските државјани потребен е биометриски пасош ако сакаат без виза во ЕУ и земјите на ЕЕА(Швајцарија, Исланд и Норвешка). Но визата е неопходна за влез во Велика Британија, Ирска. Исто така битно е дали се земјите членки на шенген зоната или не. На пр. Бугарија, Романија, Ирска и В.Британија иако се во ЕУ, не се членки на шенген зоната па меѓу нив и ЕУ има граница.
    Албанија не е членка на ЕУ но државјаните на ЕУ и МК во Албанија можат со лични карти според листава на албанското МНР да влезат. Дел од останатите земји можат без виза, но потребен е валиден пасош.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Сега и дефинитивно како предуслов за влез ќе биде јасно напишано...ПРВО ИМЕ ПОСЛЕ ПРЕГОВОРИ...
    после нив и Бугарија ќе рече ПРВО ИСТОРИЈА ПОСЛЕ ПРЕГОВОРИ...
    и ако почекаме уште малце ќе дојде на ред и Србија...па ќе рече ПРВО СТАТУС ЦРКВА ПОСЛЕ ПРЕГОВОРИ

    и такак...и се некој друг ќе биде крив...а ние ќе си чекаме...чекаме...чекаме...
     
  20. ladyb89

    ladyb89 Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Здраво, сакам да замолам ако има тука некој што стои добро со познавањето на законите на Европската Унија, посебно оние кои се однесуваат на конкуренцијата, да ми пише во лична порака имам 4,5 прашања во врска со тоа што ми се нејасни. Поздрав и ве очекувам :)