Станува збор за лузни од поткожни влакна и стискање.Прочитав скоро се,многу ја фалите маста од невен,ама не прочитав каде може да се набави или купи.Ако може да ми одговорите и да ме упатите а и да споделите колку време сте ја користеле за да има резултати и за што најчесто,за каков проблем ?Благодарам.
Може да се најде во сите аптеки и навистина мн е убава, јас ја корисам за рацеве, на петици си ставам, за изгореници е мн добра и не е мн скапа околу 170 де. Набави си ја нема да зажалиш
Секогаш си купувам поевтина козметика.Има многу квалитетни производи-на Нивеа лосионите ми се добри,Џонсонс бејби маслото и геловите за туширање на Палмоливе и Адидас ,некои дездоранси (C-Thru,B.U.),силиконски капки за коса-Cristal Tonic.Од шампоните сите ми се добри.Нивеа кремите се убави.И Афродита има еден крем за раци,многу убаво мириса.
Презадоволна сум од сите препарати на Балеа затоа што и одговараат на мојата кожа и имаат смешна цена, сапуни за раце, дезодоранси, гелови за туширање и шампони. Млекото за самопотемнување морам посебно да го пофалам, го купив поради тоа што беше поевтин од другите околу 200ден а се забележуваат страшни резултати. А маските за лице??? Не можам да испаднам од dm без една барем. Чинат околу 30-40 денари а се за 2 употреби одделно спаковани и еве ја мојата последно употребена маска. Млекото за тело исто кое чини 100ден. и мириса на рај!