Порано...односно до некое скоро време, егото ми беше можеби нагоолемиот помошник и мотиватор што ми помагаше да ги истерам речиси сите битки во моја корист. Ама во последно време ми прави само штета....или влегов во сфера кај што од него нема корист...мора да го превоспитам додека не е касно...
Egoto mi e najdobar drugar vo zivotot ...za zal i ja sum svesna i site okolu mene se svesni i znam deka treba da go iskorenam ili da go koristam pri upotreba samo ne celo vreme na sekkgo ama ne mozam stv so godini se boram i nema lek tuka
Како што веќе знаете јас читам психолошки книги и во една од нив се зборува дека постојат 12 типови на его. Сега ќе ја споделам вежбата со вас па можете да ја направите кога ќе имате време. Постојат 12 типови на его: 1.Бес 2.Лутина 3.Предрасуда 4.Гордост 5.Депресија 6.Желба за контролирање 7.Невнимателно однесување кон себе и кон другите 8.Не се поврзувате со луѓе/затворени сте 9.Одмазда 10.Љубомора 11.Ги земате другите здраво за готово 12. Арогатнтност Ваша задача е следнава. Со кои од овие 12 типови на его воопшто не се идентификувате?Напишете број 1 до него.Со кое најмногу се идентификувате? Напишете до него 12. На другите напишете бројки од 2 до 11. Подготвени да го дознаете вашето внатрешно его?Вашиот најголем непријател? ЕГОТО пред кое го напишавте бројот 12 е егото кое е само манифестација на вашето внатрешно его. Вашето внатрешно его, односно сатаната, и вашиот најголем непријател е егото под број 1. Ако не ми верувате, денес, уште сега, јавете му се на некој близок и прашајте го кога во вашиот живот го покажувате скриеното его. Моментот кога ќе го дознаете вашето внатрешно его е моментот кога ќе дознаете со кого точно ја водите битката за вашиот вистински живот. Ај да ве видам сега Против кого треба да се борите? Еве јас треба да се борам против Ароганцијата. За себе не мислам дека сум арогатна личност.
Кога почнав на факултет се отселив од дома и сама дома ми се навратија тие егзистенционални прашања во глава и почнав со некои мои хипнози да го убивам егото, као ќе си легнев и замислував како некој ме одзумира од местото каде што сум, прво од соба, па од прозорецот, па од зградата, населбата, градот, ...универзумот, и се помалку секојдневните грижи ми се намалуваа и изгледаа мали и непотребни. Па се уфилмав дека сум се просветлила а ја си изменаџирав да имам мир, сопствено катче, ги откачив сите, све онлајн плаќање и мислев готово нирвана сум достигнала, се додека немав една ситуација на конфликт у банка, со таа дрска една, сите демони од мене искочија, па му се јавував на мемаџерот да ја избркале како можела мене така и коа се потсмирив велам не си ти просветлена уопште и сфатив дека у ситуација на хаос и конфликт вистинската духовна состојба се гледа каква е а не од позиција на привилегија.