Еден ден како жена...

Дискусија во 'Насмевка' започната од Srculence--91, 27 август 2010.

  1. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    52
    На некој маж му дошло преку глава да оди на работа секој ден додека жена му останува дома. Тој сакал да види што прави таа па се помолил: “Драги Господе:...


    ...Јас одам на работа секој ден по 8 часа додека жена ми само седи дома. Сакам она да знае низ што се поминувам и затоа те молам да дозволиш нејзиното тело да се замени со моето на еден ден. Амин.“

    Бог решил да му ја исполни желбата на мажот. Следното утро човекот се разбудил како жена.

    Станал, подготвил појадок за својата сопруга (мажот), ги разбудил децата, им подготвил алишта за на училиште, спакувал ужинка, ги однел на училиште, се вратил дома за да исчисти, отишол до банка да подигне пари, до супермаркет по намирници за ручек.

    Го сменил песокот на мачките и го избањал кучето. Веќе дошло 13 часот и побрзал да ги намести креветите во спалната, да ги испере алиштата, да пребрише прашина и паркет; истрчал да ги земе децата од училиште.

    Им подготвил ручек и им помогнал околу домашната задача. Потоа ја наместил даската за пеглање и додека пеглал гледал серија на телевизија. Во 16:30 почнал со готвење на зеленчукот за вечера.

    По вечерата ја исчистил кујната, ја вклучил машината за садови, ги ставил перените алишта на тераса да се сушат, ги избањал децата и ги легнал да спијат.

    Во 21:00 бил комплетно исцрпен, а домашните работи останале недовршени... додека во кревет го чекала жена му која очекувала да води љубов со него, што некако едвај без да се пожали успеал да и удоволи.

    Следното утро штом се разбудил клекнал покрај креветот и се помолил:

    “Господе, не знам што си мислев. Многу погрешив кога и завидував на жена ми што секој ден останува дома додека јас сум на работа. Те молам дозволи ми да се вратам во своето тело!“

    Господ на тоа му одговорил “Сине мој, имам чувство дека ја научи лекцијата и ќе бидам среќен се да вратам онака како што беше. Само, ќе мораш да почекаш 9 месеци. Минатата ноќ ти забремени“.

    Внимавајте што посакувате затоа што може навистина да ви се оствари! :D :D
     
    На EminemsGirl, angelche16, angelce7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    52
    Eве доказ дека е подобро да си маж одколку жена.... :D
     
    На EminemsGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    345
    сакам мало објаснување за темава на што се однесува.....има некое прашање или само онака?
     
  4. Srculence--91

    Srculence--91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    52
    Нема прашање туку текстов е општо за смеење, мислам дека го ставив во соодветна тема НАСМЕВКА
     
  5. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Хехе интересна приказна,ми се допадна! :)
     
  6. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    леле ама ае јак ќе треба да го прераскажам на дечко ми...... :D
     
  7. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Лелее .. што не ја замисли дечко ми некогаш желбава ? :D Инаку ова на крајот дека ќе мора да почека :D :D
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    темава е во насмевка, и самото кажува, да те насмее а и да извлечеш поука докторке :D
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    бројче не ние туку МАШКИТЕ да извлечат поука :rofl: :rofl: :rofl:
     
  10. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    tekstov e :up:
    :clap: srculence
     
  11. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Хахахахаха јако е :D :D :D
     
  12. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    јакооо, одсега ке пазам шо посаквам аххахах :D :D :D
     
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    хехехе доста мудро
     
  14. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Кој вели дека е лесно да се биде жена? Како функционира животот на жените?

    Ако си паметна, убава и амбициозна – другите жени те мразат.

    Мажите се плашат од тебе, а мрзливите мислат дека ќе им го земеш работното место.

    Ако имаш пари – или си спонзоруша или швалерка.

    Ако заработуваш сама – глупава си.

    Ако трошиш многу – најверојатно си расипничка.

    Ако имаш свое мислење си кучка.

    Ако ќутиш – мутава си.

    Ако се дотеруваш – имаш друг.

    Ако не се дотеруваш, ќе те замени со друга која се дотерува.

    Ако имаш машки пријатели – сигурно ти се љубовници.

    Ако си немажена – нешто ти фали.

    Ако имаш кариера – зошто не си мажена?

    Кога ќе се омажиш, кога ќе раѓаш?

    Кога ќе родиш – кога ќе родиш второ дете?

    Кога ќе родиш две деца – па ти ништо не работиш? Зарем не си имала некаква кариера?
     
    На Srculence--91 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    хахахахаах многуууу добар текст :D :rofl:
     
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Доказ дека жените вршат многу поголеми работи отколку мажите, а тие тоа не го признаваат
     
  17. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Хахаха одличен текст :rofl:
    Браво :clap:
     
  18. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Господе дај ми машки мозок на еден ден барем малку да се одморааам! :D
     
  19. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    mnogu interesno hahha i smesno :D:D:D:D
     
  20. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Хахахааа..., многу јако, се покајал сирот маж, не можел да ја издржи улогата на жена. :D
    Ах, колку се они моќни на муабет, а пред обврските се предаваат одма.
    :D:D:D
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.