1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еден од родителите е хомосексуалец???

Дискусија во 'Врски' започната од relax08, 19 мај 2011.

  1. relax08

    relax08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Што би направиле доколку од ведро небо дознавате дека еден од родителите после 20 години брак се изјасне како хомосексуалец !? :@ :@ :@ Хелп !!!
     
  2. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Ништоо! Ќе пробам да се смирам и ке побарам објаснување!
     
  3. relax08

    relax08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Пред тој што нејкам ни да помислам што работи со татко ми ке побарам објаснување И ТОА СМИРЕНО ??? Или мајка ми која тоа цело време го премолчувала ???! :@ :@ :@ Па јас незнам ни кај сум растела ?!
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Напочеток би ми било шок, море каков шок ШОКИШТЕ, нема да ми биде јасно како одржувале интимни односи моите родители. Би се запрашала каде им бил паметот.... Ќе избувнам ќе барам објаснување, но и не би знаела што да очекувам... што би ми кажале??? мислам би одело тоа вака.... знаеш јас се е*ам со еден чичко од комшии. Упс луѓе навистина не можам да знам како би се чуствувала во моментов кога продолжувам со пишување ми е малку смешно и размислувам дали после преживеаниот првичен шок би се фрлила на смеење, би ми било нелогично и за неверување, би сакала да знам веќе по признавањето што понатаму, дали тоа ќе оди јавно некој ќе си замине од дома или ете се објавува на најблиските. Пред се ќе барам да знам која е третата особа и пред се секој има личен живот па нека прави како се чуствува а секој ќе си ја најде својата среќа. и никој пред се ете никој не знаеме што носи утрото.
     
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Тоа се случува во заостанати средини каде што фактот дека синот е хомосексуалец носи иста тежина како да е детеубиец. Мене жал би ми паднало, Господ знае кои фрустрации и трауми се тоа 20 години да не можеш да кажеш кој си и што сакаш.

    Не е никој од родителите крив, стравот од осудување и отфрлање ги тера луѓето чуда да прават, дури и да си ја негираат сопствената природа.
     
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Едно е како родителите ќе го прифатат детето, а сосема друго како детето да го прифати таткото кој цел живот му ставрал слика дека е ТАТКО во онаа најголема и најдлабока смисла на зборот татко.

    За мене тоа би бил најтежок пораз.
    Што да направиш?
    Исплачи се, извришти се, истреси го бесот... и пробај некое време да не го гледаш, колку повеќе го гледаш сега толку повеќе ќе ти се гади од него.
    Фуј
     
    На cherry91 и Blumarine им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Абе сега тоа е...прифати и глеј позитивно!Хомосексуалците биле подобри родители!
    Сфаќам дека не ти е лесно.Пред некое време слушнав за слична ситуација и само му се завртев на татко ми и му реков,тато ако еден ден дознаам дека си педер,рачунај дека сум се разочарала крајно од тебе.зошто имам силна слика за него воопшто,како татко,како сопруг,потпора и темел,малце ми е нелогично тој да биде мојата сигурност со сета таа мекоча и добар вкус.Само ме погледна бледо и ми рече,гледај да не биде и обратно,сакам внуци!

    Ама вака кога ќе размислам ако би се десило...ќе го амортизирам.На крајот не сум мала,а треба да сум полиберална.Ама сепак не е лесно да растеш со една слика,а после оооп друга.

    Не ти помогнав баш баш ама па и нема што да се каже.Ќе ти помине за некој ден и ќе ја прифатиш реалноста.На крајот не е ништо ново.Ако е добар татко тогаш немаш што да се секираш,биди среќна што гo имаш и што е здрав и жив.
     
    На Alesii, zoki-poki, sleepingbeauty и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ништо неможеш да направиш за жал, негова природа е тоа.
    Пробувал да го потисне тоа но ете неможело повеќе, а и 20 години не се малце.
    Како и да е каков е, таков е татко ти е. Се грижел за тебе, не те оставил поради свои потреби!
    Тоа е мое мислење.
     
  9. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Тое е неговата природа, негов избор тоа да го искаже и не треба осудување! Јас лично ги поддржувам хомосексуалците, но не е исто да ги поддржуваш општо нив како појава и да дознаеш дека татко ти е меѓу нив! Сепак мислам дека тој не е хомосеклуалец туку хетеро, бидејки сепак тој имал односи со мајка ти во оние 20 години, си се родила ти...
    Не сфаќај го тоа трагично, прифати го бидејки не можеш да го промениш и продолжи да живееш нормален живот!!
     
  10. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Мислиш бисексуалец!
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Дека ќе ми биде тешко ќе ми биде и тоа страшно многу. Ама јас не би драматизирала, знам дека ќе сум крајно разочарана, но нема да го навредувам или колнам или кој знае што, тоа сигурно. А на крај сигурна сум дека самиот тој си знае како е да живееш со такво нешто. Можеби би се одалечила, те не можеби ами сигурно би застанала на поголема дистанца во прво време, па потоа ќе оставам на чувствата. Како ќе се чувствувам така ќе правам. Ама јас сум мажена и веќе во друго семејство и можеби тоа ми ги олеснува нештата. Но сигурно е дека нема да сакам да направам да се чувствува полошо од тоа од кое веќе ќе се чувствува. Пе*ер или не, тој е татичкото кој ме покриваше 12 години пред спиење и секој ден 5 години ме носеше и враќаше од училиште.
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сањаева го претера малку, не мораше ни да го напишеш воопшто ова задржи си го.

    Релакс80 е шокантно за тебе ама пред комплетно да го осудиш прашај зошто ја направил таа жртва, мислам да би живеел во полиберлана средина не би го потиснал тоа. Амам еден убав и смирен разговор и со мајка ти и со татко ти зошто го криеле тоа до сега. Јас мислам за да те заштити најмногу тебе, ама сега си возрасна и полесно ги разбираш работите. Мораш да го прифатиш доколку гледаш повеќе со омраза повеќе ќе ти биде тешко или доколку ти е тешко да го среќаваш и слично избегнувај го. Избери си прво ти што е полесното за тебе да го прифатиш или не. Да би ми се случило мене јас би прифатила, еве имам и дете го учиш да оди по номрмален пат ама ако еден ден мисли дека жена ја прави повеќе среќна би го прифатила, тоа е тоа важно е среќна. И немој да се грижиш што збори околината, живеј за себе, секогаш има на почеток бура а потоа стивнува.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Огромно разочарарување, бес, срам од него, од мајка ти, од себе, презир, огорченост, омраза и кон двајцата... тоа би биле веројатно милионите чувства и мисли кои ти се мешале кога си чула и кои ќе ти се мешаат во наредните денови, но само доколку дозволиш тие да продолжат.
    Јас кога би била на твое место би подразмислила за некои други работи. Прво на мојата мајка, која што дознала и сепак решила тоа да продолжи и да се одржи таквиот брак, на татко ми кој сепак останал покрај мајка ми и покрај се и решил и тој да успее тој живот, а не заминал да си го тера ќејфот некаде со некој, бидејќи и двајцата тоа го правеле за мене и за никој друг. За јас да се чувствувам сигурна и да имам се што ми е потребно за да пораснам како нормален човек.
    Кога би разчистила со сето тоа, тогаш најмалку ќе ми е битно тоа што татко ми е хомосексуалец, бидејќи тоа и не е веќе прашањето што треба да си го имаш в глава, а напротив тоа дали татко ти за сето ова време бил покрај тебе, се грижел за тебе и твојата мајка, обезбедил се што тебе ти е потребно, бил твоја поддршка. Многу подобро е да си го имала сето ова, отколку да не си го имала а татко ти да изигравал најголемиот мачо мен во градот и пошироко кој ги опн*л сите жени, се враќа дома пијан ко коњ, ја тепа мајка ти, те тепа тебе, еден денар не дал за тебе, нити за да го наполни фрижидерот, нити за да си купиш облека или да се школкуваш.... итн.
    Сепак човекот останал со тебе додека да пораснеш, очигледно така и планирал, така и сакал да биде бидејќи од една страна мислел дека и за тебе ќе е подобро да го имаш тој убав живот што си го имала во детството до сега, пак и очекувал дека кога ќе пораснеш кога ќе ти каже ќе се носиш со тоа полесно, дека и ти него ќе го поддржиш и ќе бидеш и покрај него и покрај мајка си, бидејќи кога тоа ќе излезе во јавност и на двајцата ќе им биде потребна поддршка.
    Ако ти беше на негово место, т.е ти го љубеше истиот пол, веројатно ќе ти беше потребна неговата поддршка исто така и за тебе ќе беше најголемо разочарување ако баш тие двајцата не те прифатат. Така ќе е и за него ако сега му свртиш грб и заборавиш на се’ што тој и мајка ти жртвувале за тебе.
    Сакај си го татко ти, според мене вреди човекот многу повеќе одошто луѓето за кои јас имам чуено како си ги оставиле децата поради својот партнер од ист пол, па дури на старост кога им било потребно некој да се грижи за нив ги барале и многу повеќе од „нормалните“ татковци, кои веќе ти ги опишав погоре. Истерај го бесот и размисли си убаво. И ти си потребна сега за да тоа семејство се одржи без оглед дали ќе живеете заедно или не. Сепак сте семејство и треба да останете семејство.
     
    На Doozy, macence85, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Пред да го дознаеш тоа пробај да се сетиш на сликата која ја имаше создадено за него.
    Дали беше добар кон тебе,дали те поддржуваше,дали те сакаше, што имавте заедничко, како растеше со него, накратко-како тој изгледаше во твоите очи.
    После ,сето тоа преточи го во сегашно време.
    Јас лично не одобрувам glbt,но тоа не значи дека татко ти те мрази.
    Сакам да ти кажам дека неговата сексуална ориентација е само негова.
    Но,да. Разочарувањето е големо,а најдобро може само тој да ти објасни зошто кирел од тебе цело време.
    Јас да бев на твое место,повеќе би била лута на мајката. Зошто се знае, дури сме помали имаме повеќе време,а и послено е да се помириме со работите и да почнеме да се носиме со нив, отколку кога ќе дознаеш кога веќе ти почнала фаза на созревање.
    Колку и да не сакала да те повреди,таа требало да биде иницијатор за да ти се каже тоа, се знае дека порано или подоцна ќе го дознаеше ова,ако не од нив,сигурно од некое трето лице.
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Еј дај немојте да му рушите свет на девојчето доволно му е тешко, сега вие ќе ја острите кон кого да се лути. Нема што тука, било, така решиле дека ќе е подобро, нема никој рецепт што е подобро да направиш и кога во вакви ситуации. Тие живееле во друго време и тоа е тоа. Така решиле и двајцата и мајка и и татко и, точка на тој дел. Тоа е тоа, време е да се прифати и во никој случај да не си се одалечува ниту од едниот ниту од другиот. Подобро да е хомосексуалец и мајка ми да криела, отколку и двајцата да ме оставале дома по цели денови сама без ниту корка леб без ништо.
    никој од нас не е ниту во кожата на човекот, ниту во кожата на жената пак тука ние да подриваме семејство. Што и да било, што и да биде тие се семејство и нема зашто тоа да се руши поради ова. Без оглед дали ќе живеат понатаму заедно под ист покрив или не. Немам што да се лутам на мојот татко или мајка, кога цел живот се жртвувале за мене, впрочем, истото ќе го очекував и од нив, поддршка и разбирање за мене, ако јас цел живот сум била одлична ќерка, во ниту еден момент не сум ги загрижила за ништо.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Со овој дел целосно се сложувам. И да не го повторувам сето тоа што другите го кажаа.. Да видиш дали бил добар татко изминатите години...
     
  17. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Нашите размислувања и сфаќања со светот се назад 100 години. Заради тоа се чувствуваш во шок, не велам дека и јас не би била, да би била... се како последица на заостанатово општество. Некаде тоа е нормалнно, тоа што твојот родител се одлучил да биде она што е, е посилно од него, тоа е негов избор, негов живот. Како што ќе поминува времето ќе се навикнеш на сето тоа, но сето тоа од како ќе ти поминат фурстрациите. Размисли, тоа може и тебе да ти се случи.

    Филмов е со слична таква тематика, погледни го, за нив тоа е сосема нормално, и се среќно семејство.
    http://www.youtube.com/watch?v=bdDSqgZ87fM
     
  18. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Во ниеден момент таткото не треба да се гледа од аспект на неговата сексуална определенсот, туку од аспект на неговата улога на татко. Пред се тој е татко и ако добро си ја исполнува својата обврска, тогаш се друго треба да се тргне на страна. Тоа што и двајцата го криеле тоа цели 20 години било огромна жртва од нив.

    Како и било на мајката??? Да и ти си погодена, меѓутоа како и било на таа жена која го носела тој товар на свој грб толку време за да не те повреди и да не ја измени сликата што ја имаш за татко ти.

    Лесно е работата да ја гледаме еднострано, само од свој аспект и да даваме совет а никогаш не сме се нашле во таква ситуација и всушност никогаш вистински незнаеме како би постапиле.

    Според мене иако многумина може ќе ме осудат хомосексуалноста е болест, не е нормална работа, но темата не е затоа и секако дека сакајќи или несакајќи ако дознаам нешто такво за моите родители цела слика ќе ми се сруши. Мислам дека и би го/ја избришала од својот живот - засекогаш. Меѓутоа тоа сум јас и на никој не му препорачувам вакви радикалности, дури и јас сама себе не се поддржувам за ова. Но, тоа е мојот начин на размислување, колку и да сакам неможам да го сменам.
     
  19. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    незнам :sweat: би пробала да го разберам .......а и би ја проверила информмацијата т.е би разговарала ваљда незнам стварно
     
  20. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Значи дали таткото ќе биде ТАТКО во вистинска смисла на зборот според тебе зависи од сексуалната ориентација?

    Не би се согласила.
    Жапче погоре имаше напишано преубав пост за тоа како може таткото да биде стрејт, ама пак да ја вара мајка ти, да не се грижи за тебе, за домот...

    Ќе мораш да го прифатиш тоа. Татко ти тоа го очекува од тебе. И да, ова ЗНАЧИ дека нема да имаш „нормални“ мама и тато (што и да значи тоа НОРМАЛНО), но имаш мама и тато кои го сакаат најдоброто за тебе и кои се грижеле за тебе сите овие години. Она што тие го направиле за тебе ги прави ВИСТИНСКИ родители.
    Она што татко ти го направил за тебе го прави татко ви вистинска смисла на зборот.
    Неговата сексуална ориентација нема што ТЕБЕ да те потресува (освен оној шок кога го дознаваш тој факт) и да ја менува сликата за татко ти во твоите очи.
     
    На zhap4e и ljubam им се допаѓа ова.