Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еден од родителите е хомосексуалец???

Дискусија во 'Врски' започната од relax08, 19 мај 2011.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Теорија и пракса, како и секогаш не е исто.

    Татко ќе и биде секогаш , но и секогаш тој шок ќе биде нешто што небледее.
    Лесно е сега да му кажуваме на девојчето приказни дека не е тоа ништо страшно, дека се е ок.

    Ај вака - да дознаете дека дечко ви е хомосексуалец ќе бидете така либерални?
    зошто споредувам дечко и татко???
    епа и тој и тој лажеле, стварале илузии, ве терале да верувате во нешто што непостои

    Заради прифаќање на неговата личност се оженил, створил фамилија... го сакал, чувал и се грижел за детето...а за цело тоа време истата таа фамилија, тоа дете му биле параван.

    Јас ќе кажам само господ да чува.
    Секој нека си биде таков каков што е, но не на штета на другите.

    И нереков да се откаже од него туку неколку дена да се тргне од се додека се смират страстите...токму за да не каже нешто за што некогаш ќе жали.
    Оној дечкото што мислам дека прв во МКД се изјасни и тоа јавно дека е хомосексуалец го почитувам затоа што има карактер и цврсто се бори за да биде прифатен таков каков што е.
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ако дознаеш дека татко ти или брат ти, сестра, дете твое што и да е дека се хомосексуалци, ќе се одкажеш од нив? И многу грдо кажано дека е користено детето како парабола. Не знам ако ти веќе го почитуваш тој дечко што јавно се изјаснил значи ќе ги почитуваш и (татко )ти или (брат) ти зошто ја собрале храброста да кажат вака и вака иако му требале години и се борел. Или треба тоа на тв да го направи за да го прифатиш.

    И многу грдо ми звучи она бог да чува, како да е најлошата болест и не знам што.

    Подобро да има татко хомосексуалец што и дал се во животот и дал се од себе, одколку да го нема или да го има а исто како и да го нема!

    Нормално дека сега и е шок , нејзин тато е и е навикната да го гледа во едно издание а сега треба да прифати друга реалност но јас мислам не е причина да не комуницира со него, да го мрази и слично, зошто и мајката има улога која знаела за се тоа, еден мирен разговор, како што рече ти нека се исплаче, извришти и полека да си прифати и да продолжи да си го живее животот.
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Mене повеќе би ми пречело татко ми да ја изневери мајка ми со друга жена,отколку ова.
    И ова би било вид на неверство,ама многу погрдо ми е првово.
    Би го прифатила секако,се дур не оди на геј паради низ Скопје,не се шлапа секој ден со нов,и не ми ги носи дома многу многу.
    Би ми било жал за мајка ми,зошто била лажена,и знам дека би била многу повредена...
    Не е лесно да дознаеш дека маж ти,станал геј,или бил геј.

    Ама како и да е,има и многу полоши работи од ова така да...сепак негов си е животот.
     
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јас ќе кажам само господ да чува....и на никого не му посакувам да се разочара во родител.

    На крај...мислам дека не се разбираме.
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Има секакво разочарување од родител, ова не е најлошото! А доволно сме возрасни за да сфатиме кое е тоа и кога прочитав девојката кога пишуваше за тоа, јас плачев така да реално не е најлошо.

    И аман веќе со тоа бог да чува, напиши го на некој поинаков начин! Нормално дека не посакуваш на некој да му се случи нешто што ќе му предизика болка или слично.
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. so4nti2u

    so4nti2u Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    16
    Навистина не знам како би се чувствувала јас да сум на твое место... Сигурно изневерено, разочарано... би била лута,бесна... Ама, како што веке и другите напишаа, сети се пред се што татко ти и мајка ти направиле за тебе во изминативе години, сети се на сите моменти кога те поддржувале, те тешеле, те заштитувале и те сакале. Тоа сеуште ќе биде така. За секој родител децата се на прво место. Тие и понатаму ке бидат твои родители!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    каков е таков е татко ти е.кога ќе дојдеш на стари години ќе викаш што сум се замарала со глупости.али да дознаам дека некој мој другар е педер ооооо да не го гледам ружно е едноставно да видиш машко со машко ух се ежам иначе нивно право нека праат што саакаат се додека мене не ме мешаат .
     
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Е не можеш да споредуваш дечко и татко!

    Ти фала Богу не одиш со татко ти да делиш постела и да не кажувам што друго.
    Дечко ти не е тој кој ќе те израсне, ќе ти даде покрив над главата, ќе те образува, ќе ти купува алишта и ќе те носи за рака да ти купи сладолед, пуканки или барбика. На дечко ти нема да му чади главата ако лудуваш во дискотека или ако си на викенд надвор од градот. Тој не е оној кој ќе те згрижи и ќе ти обезбеди топол дом и достоен живот....

    Сексуалната ориентираност првенствено не‘ ограничува во изборот на сексуални партнери. Поради ова може изјавата дека маж ти или дечко ти е хомосексуалец да те вознемири.
    Но :!: колку човекот ќе се грижи за своите деца и колку тој ќе биде ВИСТИНСКИ родител, не зависи од неговата сексуална ориентираност. Тој човек може да потфрлил како сопруг на твојата мајка, но не и како твој татко.

    Ајде сега татко ти да те раснел, те образувал т.е. плаќал кирии, партиципации, факултети и триста ѓаоли, ти давал пари за излегување, за нова сукња, обетки... за на одмор. Дома никогаш не ви била исклучена струјата ниту сте се давеле во долгови.... дипломираш... и, на твое изненадување, татко ти те седнува на разговор и ти кажува дека е хомосексуалец. И ајде сега ти осудувај го. Половина час пред разговорот тој бил твојот херој, а веќе сега е failure of a father?! Значи сето тоа што тој го направил не се важи паѓа во вода, а? Кој е твојот критерум за оценување на еден родител?
     
    На machorka, kate21, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јас само ќе те замолам никогаш повеќе да не го ставиш во уста мојот татко!
     
  10. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    сигурно дека нема да ми биде сеедно,но побрзо тоа ќе го прифатам отколку да оди со друга зена.тој пак ќе биде твојот татко нема да го смени однесувањето кон тебе.ова е мојот став
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    sanjaeva, Hipica даде само пример, не знам зошто толку се налути... :?: Мислам, немој да ме сфатиш погрешно, не ти ја знам ситуацијата, ниту пак обвинувам некого, ама Хипица тоа го напиша само како пример, со ништо не навреди никого, најмалку татко ти. Пак ќе речам, не знам што и каков ти е односот со родителот, но сепак... :doh:

    Инаку, на темава. Порадо би татко ми е да е хомосексуалец ама да биде асален родител, отколку стрејт а ваков каков што е. Точно, шок е да го дознаеш тоа, ама па не е ни крај на светот. Штом останал со вас 20 години значи родителот ве сакал, се грижел за вас и му значите - ја ставил вашата среќа пред неговата. Сега, кога сте пораснале, како што и вие имате право на среќа, така има и тој. Сонцето за сите исто грее. :)
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    За пример нека си го земе татко и, мојот да не го споменува... со молба, мада сметам дека се излезе од контекст.
     
  13. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Санјева....аман што ти е работава ти се кара? Хипица не го зема татко ти за пример ни ти па сакаше да го навреди само кажа нешто многу просто на поексплицитен начин: дека татко како родител и истиот човек како единка се две различни работи..тој имал тајна и проблем кој што му тежел но тоа не го спречило да се грижи за сопственото дете т е дека сексуалната ориентација не го прави човека човек! Треба да ти цртаме?
    А девојчето, ако е зрела личност добро воспитана и ако ги знае правите вредности на животот ке сфати дека ради него таа е тоа што е денес и дека неговата љубов била неизмерна до толку што можеби човекот го жртвувал сопствениот сон за да ја порасне неа ( што е и факт ) а тоа е големината на родителот на човекот на човечноста - да се откажеш од себе си за да му пружиш нормален живот на детето. Нормално дека е шок, и дека е шокирана но набрзо ке сфати дека тој всушност е уште поголем и во нејзините очи еден ден ке биде уште поголем херој од кога и да било.
    И сфатете луге- особено ти Сањева- човекот не го прави голем неговата ориентација, неговите склоности или неговата мачо титула, човекот го прави голем срцето, љубовта разбирањето и несебичноста односно способноста да ставиш било кој пред себе а тоа и за детето важи оти ако е човек себичен и детето ке му е на второ место...ова да го научиш и прачај се себе си дали си ти способна да се откажеш од нешто твое само за да му удоволиш на друг? Не зборам за глупости.
     
    На machorka и relax08 им се допаѓа ова.
  14. relax08

    relax08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    8
    Кога го прочитав ова ми надојдоа солзи во очите ;( и морам да ти кажам дека колку толку ме смири и дефинитивно ме тера и покрај ваквата состојба да подразмислам,навистина колку жртви се поднесени за мене. Фала и се надевам дека со тек на време ќе се средам себе и својот живот. Ама само со тек на време ....
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ZoeRaivotar

    ZoeRaivotar Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Сигурна сум дека твојот татко ти мисли се најдобро и никогаш не помислил во ниедна смисла на зборот да те повреди, но сепак тоа му е во природата и неможе да оди против. Се обидувал да го поттисне чувството на страв од предрасуди и затоа криел толку долго време, но што и да се случи понатаму во иднина запамти дека те сака и дека ти е ТАТКО И ДЕКА ТЕ САКА ПОВЕЌЕ ОД СЕ НА СВЕТОТ ЗОШТО СЕПАК СИ НЕГОВО ДЕТЕ - НЕГОВА КРВ ТЕЧЕ НИЗ ТВОЈТЕ ВЕНИ, И ТИ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИШ КАКОВ И ДА Е ЗОШТО СИГУРНА СУМ ДЕКА И ТОЈ БИ ГО СТОРИЛ ИСТОТО ЗА ТЕБЕ. БИДИ СИЛНА.
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Би се чувствувала многу поинаку. На некој начин би била горда што некој од моите родители има отворени гледишта. Воопшто нема да се промени мојата слика за било кој од нив, би го прифатила тоа како нешто нормално (што впрочем и е). Освен тоа пред се ќе бидам горда што се одлучиле за хетеросексуална врска со цел да ме добијат мене. И незнам зошто толку паничите? Доколку родителот ви ја дал потребната грижа и љубов сиве овие години додека сте растеле и развивале, вие фактички нему му возвраќате на многу спротивен и негативен начин со тоа што во суштина ја мразите неговата природа (она што навистина е тој).
    Незнам, ме запрепастија одредени коментари! :|
    Тоа е само уште еден показател на она врз какво видување се темелат нашите размислувања.
    И сеуште не ми е јасно, која е врската помеѓу сексуалната определба на родителот и вас? :?:
    Можеби на крај краева е бисексуалец. :^)
    Но тоа дека ја менува сликата и она сешто сторил за вас, далеку од тоа. Кон вас има родителски чувства, родителски однос полн љубов и тоа е тоа.
    А односите во бракот, тоа е сосем друга работа.
    Ако е за тоа, зарем резултатот нема да е ист доколку најде друга жена и ја остави вашата мајка поради неа?
     
  17. Duska.M

    Duska.M Активен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2024
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Тој секогаш ќе биде ваш родител, дали ќе е геј или ќе ја изневери мајкати ама ни во првиот ни во вториот случај бракот нема да опстане.
    Дури мислам за нас жените потрагично е да е геј отколку швалер, затоа што кога е геј нема да може да си ја врши основната брачна должност, особено ако е геј пасив.
    Додека кај мажите е обратно тие дури и ги пали да нивната жена е со друга жена, затоа што жената и кога е лезбејка може да си ја врши брачната должност,, додека неверството е смртен грев во очите на мажот.
    Во било која варијанта страдаат децата, посебно ако се малолетни и живеат со родителите.
     
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.623
    Допаѓања:
    18.884
    Пол:
    Машки

    Kakva e ova bogohulicna perspektiva gospo napomos da mi e fa mi daj sila da se prekrstam so dvete race istovremeno.
     
  19. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    3.829
    Пол:
    Женски
    Душка ни е новата нина:inlove: (facepalm)
     
    На Milkysnow му/ѝ се допаѓа ова.