Едипов комплекс е збир на љубовни и непријателски чувства кое секое дете ги има за своите родители(сексуалната наклонетост кон родителот од спротивен пол и омраза кон родителот од истиот пол кој детето го доживова како свој соперник). Кај машките во соништата се јавува желбата сексуално да ја добие мајката,по што му се спротиставува таткото како негов посилен ривал. Како последица се јавува вина,страв од кастрација и на крајот индетификација со таткото со што конфликтот е разрешен. Кај девојчињата Фројд опишал сличен Електрин комплекс во кој девојчето сексуално се врзува за таткото. При тоа важна улога има нејзиниот однос кон пенисот. Чисто ме интересира дали се согласувате со Фројд,зашто околу оваа негова теорија има многу контраверзии,многу дебати. многу луѓе се противат на Фројд и на тоа дека човекот ја развива својата сексуалност уште како мало бебе од годинка-две. па да видам ваши мислења.
Да. Мислам и верувам во теориите на Фројд, кој човечката сексуалност ја става највисоко на скалата по која се развива човекот, како оформена индивидуа, со своето его и неговите потреби. Инаку, мора да кажам нешто... Многу малку се знаат вакви работи, а иронично е што баш ваквите ситни работи ја разбиструваат претставата за нас самите. Час по македонски, разговор за Царот Едип, оттука и Едиповиот комплекс во психоанализата... Тотално погрешни информации. Блискост на момчето со мајката. Како не! Инаку, женската варијанта на ова беше Еклектин комплекс или грешам? едит: видов, не сум дочитала. xD
Верувам во оваа теорија ,но мислам дека постојат некои пропусти . Фројд истакнува дека во оваа фаза од животот на младата индивидуа врзувањето за родителот од спротивен пол е преокупација за самото дете ,кое веднаш ќе го побијам како факт, поради тоа што сето тоа се одвива на ниво на потсвест , а не свесно за да би се третирало како преокупација. Секое дејство кое го презема детето може да се протолкува како активност со која би се стекнала наклоноста од страна на родителот од спротивниот пол ,а со самото тоа да се елиминира конкуренцијата - т.е. истополниот родител . Оваа фаза завршува отприлика околу 5-6 годишна возраст, сосем спонтано како што почнала ,кога детето се помирува со ситуацијата и ја прифаќа . После неа следува фазата на сексуална индиферентност или латентен период кој трае до почетокот на пубертетот.
хм....не баш...незнам како би се дефинирало тоа...сосема е нормална големата приврзаност кон неговата мајка...али до тие граници...малку е и чудно, тоа е веќе разгаленост, недораснатост, неосамостоеност...за родителите нивните деца секогаш остануваат деца, само разликата е во тоа дали и нивните деца ќе гледаат на тоа од ист аспект....потребата од "мамичка" секогаш ќе е таму ама до толку....
јас не се сложувам со оваа теорија, мислам е ноу сенс според мене, сексуалност на 1 година ма дај молимте, и приврзаност кон родител од спротивен пол како да не имам видено полно мали што кон родителот со ист пол се повеќе приврзани
поретардирани филозифии од овие на Фројд поврзани со сексуалноста мислам дека нема.. не знам со кој памет господинов напишал дека првите сексуални стимулации на човекот се кога мајката го нишка бебчето во раце ..мда секако дека тогаш на малото го лупаат хормони :roll: и веројатно од толкава напаленост ќе си заспие... можно е, се бива
Според Фројд се потекнува од потсвесното и сексуалното и многу негови теории се побиени. Според мене оваа теорија не е точна.
Има научни докази? Досега не сум сретнала случај, но имам слушнато дека вакви и деца прават, татковците ги силуваат ќерките или негуваат взаемна љубовна врска и планираат деца.
Темава не е активна одамна. Па ако некој сака да се вклучи. Потребни ми се размислувања околу тоа колку според вас е премногу да си близок на релација родител - дете. Работам на нешто, што во еден мал дел ја вклучува и поврзаноста на родителите и децата, па би сакала да споделите мислења, како вие гледате на тоа, не мора конкретно да се работи за вклучена сексуалност, ама секое мислење ќе го ценам.
Преформулирај го прашањето- јас не го разбирам Колку блискост е премногу блискост или како? Во релација мајка-син исклучиво или?
Во релација родител-дете, не мора да само мајка-син или татко-ќерка. Може и мајка-ќерка, и татко-син. Со оглед на тоа дека блискоста е индивидуална, нешто за некого е близина, за друг може да е премногу, прашувам за поекстремни случаи на близина кај што бар повеќето ќе можат да се согласат. Што би било претерана блискост според вас или на која сте биле сведок можда. Ми требаат размислувања, а и искуства ако некој би сакал да сподели. Понатака и што како родител значи навлегување премногу во приватноста на детето, и од перспектива на дете ако некој сака да сподели искуство, кој момент лично му смета, а во кој родителот премногу се внесува. Не знам дали е хумано некоја ваква релација да се дефинира од нас како сексуална атракција, оти како би знаеле дека до таму дошло, ама секако може и за тоа да се разменат мислења. Ако некој е едуциран на темата, ми требаат размислувања за се поврзано околу тоа.
Мислам дека требаше посебна тема да отвориш. Ако те разбрав ти сакаш да зборуваш за претерана зависна поврзаност меѓу родител и дете,која што влијае врз развојот и самостојноста на детето,а со тоа на негиовиот натамошен живот?
Може да е и посебна тема. Мислев ако се развие дискусија за поврзаноста, на крај би можело да се стаса и до едипов комплекс. Ама гледам, нема интерес и за двете. Ќе барам по странски форуми дебати.