- Ослободи го срцето од омраза. Ослободи гимислите од грижи. Живеј едноставно. Давај повеќе а барај помалце.Очекувај чуда во животот. Никој не може да се врати и да почне одпочеток, но секој може да почне од сега, и да создаде новпочеток....!!!!
Едноставни правила за среќа ! Има ваква слична тема nasmevka/zarem-ne-mozeme-da-ziveeme-spored-ova-upatstvo-t2991/#p183467
Ги има еден куп, ќе напишам неколку. 1. Искажувај ги чувствата, нека не остануваат во тебе. 2. Биди како дете, љубопитно, весело и без гордост во себе. 3. Научи да слушаш наместо да зборуваш. 4. Пред да кажеш, размисли два пати. 5. Не превземај ништо кога си гневен/гневна. 6. Научи да споделуваш убави зборови. 7. Станувај порано. 8. Помагај на другите. 9. Работи нешто наместо да безделничиш. 10. Вдоми си некое животинче и грижи се за него. 11. Почесто дели им комплименти на другите. 12. Почесто смеј се, и тогаш кога ти е тешко. 13. Секогаш интересирај се и учи нешто ново. 14. Пешачи во природа. 15. Секој ден одвои макар малку време за себе, за релаксација и средување на мислите. 16. Биди верник! Ќе бидеш среќен/среќна дознавајќи ја единствената вистина и како навистина функционираат нештата. 17. Води грижа за себеси, за своето тело и дух. 18. Научи да кажеш БЛАГОДАРАМ и ИЗВИНИ. 19. Немој премногу да мислиш и да анализираш, особено за нешто што поминало. 20. Кога добиваш шанса, искористи ја без одлагање.
Мисли позитивно, прави позитивни дела, исфрли ја омразата, зависта и осудата, научи да простуваш, колку и понекогаш да делува тоа тешко, посветувај си внимание и себе си, но и на блиските, споделувај љубов и нежност со блиските и саканите, имај добар сон, умерена исхрана, грижи се за здравјето на целото семејство, научи да разговараш со луѓето, да не ги прикриваш емоциите, да ги разрешиш недоразбирата што е можно побрзо, да не држиш лутина и гнев во себе, да си дозволиш добар одмор и некое ново парче гардероба и многу други.