На бавчата и е доволно во недела да ги прочешла малку, да искорне трева некоја, да ги заврзе доматите пошо нели растат нагоре.. А за полевање и треба пола саат .. си свариш едно кафе, го однесеш во двор и пуштиш црево.. Пиеш кафе и стануваш на 5 мин да го преместиш цревото во друг ред да тече водата.. Како го направивте чувањето на 10 корени домати и 10 пиперки, како да е научна фантастика. Татко ми секоја година садеше по 50 домати и 90 пара пиперки, плус кромид, лук, компир и сл па не робуваше на нив
Моментално цела економија во Европа паѓа. Нафтата расте, Цени до небо за све останато. Санкциите ни се враќаат ко бумеранг.
Дечки а што е со видеава по нет за гориво? Дека од понеделник литар ќе било 10 +ден и редици се по бензискиве?
Нафта има, само многу скапа ќе е. Денес стигна во еден момент и до 118 долари барел (На Лондонската берза, по која се видиме). Тоа е рекорд изминативе 10тина години. Освен тоа гасот поскапе за 400%.
По се изгледа старите арно си живееле. Компири, кокошки, крави за јадење. Навечер со свеќи. Ако треба на доктор, пешки или со магарето. А можи и куќи од кал да прајме, скапо е железото.
Пред година дена еден бизнисмен или аналитичар не знам што беше, го слушав си велеше иднината е надвор од градовите и во самоиздржливоста. Велеше, тој што има бавча нема да е гладен. Интересно како стварно иде натаму. Не правам паники, пак не верувам дека може толку лошо да е, ам факт е дека сам да си произведуваш е многу олеснителна околност.
И ќе се бериме на едно место и некој што ќе е побогат и ќе има интернет ќе ни чита вести, па кај друг што има тв ќе одиме да гледаме тв по саат-два, дека којзнае колку ќе е скапа струјата.
Затоа паметно е да се инвестира во сончеви колектори, за да се произведува струја за домашна употреба..
Мноогу добра инвестиција е. Скапичко е, ама за цел живот ќе се исплати.Поготово шо во Македонија има повеќе сончеви него облачни денови.И ја тоа им зборев на моиве, да ставиме.Мирна глава
Абе види, за почеток две панелки доволно е, не мораш од старт да купиш 5-6 одма, со тек на време ќе си докупуваш..
Честитам на твоите за паметната инвестиција. Судејќи по одговориве лесно ќе ги надминиме економските последици: ќе си ставиме или веќе имаме фотоволтаици, ќе си садиме бавча, ќе си користиме магарчиња…
Денес на ниту една бензиска не му дале на мој близок познаник да стави гориво преку фактура, му рекле дека само со кеш смеат, така им е кажано, и највеќе до 1500 денари.. Се дешава нешто, ама што, најверојатно ќе дознаеме за кратко..
Ние ставивме нафта најнормално преку 2000 денари, никаква гужва немаше. Баш на ниту една бензиска не приметив гужва денес. Ќе поскапи околу 10 денари сигурно, се надевам нема повеќе.
Зошто толку малку се пишува во темата.. Луѓе бе што плати имате шо не ве засега ова? Многу малку се пишува во темава.Јас 24/7 веќе го мислам покачувањето и есапи правам од ден за ден бидејќи се поскапува а платите исти.
Mnogu e turbulentno, se odi nagore, a i koga pagja berzata kaj nas si stoi isto. Site tie merki koj znae dali kje imaat efekt koga platite stojat, ionaka bea utepani sega beter.