Ма дај Боже сите да ги најдат, ме изненадува и 16 што казниле.Ама ако им е, со леб си играат ама у буквална смисла е сега..Се зезавме досега ,,абе со туѓ леб си играш".Ама од метафора стана реалност.. безобразие.Гледам имало плачкања по државава, храна се крадело..бетер ќе е.Сиромашните ќе станат уште посиромашни.
Ги наогаат... ама уште на врата инспекторите со главните се пазарат ке фрлат тие некоја пара , дека знаат со малтретирање ценовно на народот повеќе ке заработат и така ,пошо митото им е мала беба . За една недела и нема да се збори за ова... тоа е
И официјално Кам го допре дното со ова. Инаку и во Тинекс кај шо пазарам немаше масло. Дали беше скриено дали во моментот немаше не знам.
А што е проблемот со тоа што даваа гратис масло во КАМ? И јас пазарував, масло имаше за продажба, плус на каса ми дадоа едно шише гратис, исто и на луѓето пред мене. Не гледам ништо спорно тука и не гледам како ова е уцена, значи маслото се даваше ГРАТИС.
Проблемот е шо, мора да имаш сметка 800 ден за да ти дадат зејтин.А вака да купиш, немало.Значи не е гратис, те условува.Шо ако КАМ ми е единствена продавница во реон, и ми треба САМО зејтин? Ќе им праам 800 денари, за флаш зејтин? Или ќе го орам Скопје? Затоа си лапнаа казни
Не разбирам зошто би го сокриле? Да те условуваат да мораш да испазариш за 800 денари за да можеш да купиш масло, ок, тоа е друг муабет. Ама овие го даваа бесплатно на сите без да им спомнеш. Да тргнеш масло од продажба за да го даваш на купувачи што најголем број секако ке испазарат над таа сума ми нема смисла. Плус ако тоа им било намерата така ке правеле во сите маркети. @Feminka22 а имало ли купувачи што сакале да купат масло и им рекле дека нема? Мене ми нема логика и мислам дека веројатно заради други причини моментално немало на рафтот а овие им се намерачиле да пишат казна. Инаку да, гратис е, бидејки не го наплаќаат.
Не сум до толку љубопитна, само ми изгледа дека луѓево се палат и критикуват а очигледно не разбираат Хоби на поголем дел од нашето население, да се плука по нешто што и да е, не дека сум изненадена.
Пошто се умоболни и во криза гледаат да се збогатат на веќе сиромашен народ Има секако https://www.taratur.com/kam-vaka-im...is-samo-so-smetka-nad-800-denari-a1on-snimka/
Година подоцна од лудилото со зејтинот. Некои работи испливуваат на виделина и почнува да се познава дека дел од паниката е создадена вештачки. Бев во посета на Германија и додека во Македонија имаше паника за зејтин таму се наоѓаше украински зејтин на пола цена од сите други.
Кај нас зејтинот падна драстично, а како за споредба во соседна Србија и денес е за 50 денари поскап од тука. Лично не верував дека ќе купуваме зејтин за помалку од 150 денари, ама и тоа се случи. Мислев еднаш качено и така ќе остане.