Менвев програма и слушам познат глас. Се здрвив! Коа слушнав - оној шалабајзерот недоквакан од Алкалоид...викам тато е 100%
А милиони се повеќе од милијарди? Пошто барем Мукаетов и Механџиски сигурно ќе имаат празни складови деновиве, не ќе можат да навтасаат со дотур на лекови. Задодуша тој вториот го пензионирале, ама нема везе у фамилија му останува профитот.
Можно е некој од неговите да му ја сместил оваа авантура за да го "дозакопаат" како политичка фигура. И да го тргнат конечно од претседателска фотеља на Сдс.
Не дека 200 000 се нешто којзнае колку за Алкалоид, ама ако сите “бизМисмени” се соберат и одврзат кесето барем по 200 000, ќе се собере солидна сума. На чело со вицепремиеров (или поранешен е, не сум во тек) Анѓушев и остали олигарси.
Да го поздравиш татко ти, Господ здравје и долг живот да му даде. Паметен е човекот, се гадам од луѓе што се неодгоени така, а глумат аристократија, племенитост, чак што више и масонство.
A мерката која веќе е донесена, државата да им ги плати одморите на оние на кои им пропаднаа? Сиромашките, имале пари за на одмор, ама скуси му на некој со 20 000 што не бил со години на одмор за да има пари оној со уплатениот одмор да го пржи газот. Уште не ми е јасно 600 милиони евра позајмица и денеска околу 70 милиони од ЕУ, каде ќе ги трошат, кога најголемата ставка ќе ја укинат со меркава?! Иначе мерките ги предлага Заев не Оливер, оти сака да покаже дека он е битен, иако нема никаква функција.
Нормално дека обичните административци нема да се бунат ако земеме во предвид дека повеќето земаат 22-23000 плата. А има доста што земаат и под оваа сума. Пр. во градинка по 18000. Е ако донесат според законот 50% плата тие би земале помалку и од најниската плата. Образование прво се побуни а тие најмалку работат периодов, освен исклучоци. Онлајн настава како да не, превземено од интернет и споделено. Е сега треба да остават избор на нив или 50% или минимална.
Од него не очекувајте ништо. Тој гледа само да може да земе, а давање ни во сон. При крајот на 2018 ја имаше земено Леарница (во Маџари, во кругот на Металски Завод Тито). И во петокот на сите им рекол да си ги соберат и земат личните работи што ги имаат на работа и кога си оделе им рекол во понеделник не доаѓајте на работа, фирмата ќе оди под стечај. Ги остави толку души на улица без парче леб. Инаку за фирмава и за него може повеќе да прочитате на линков https://fokus.mk/arhiva-ortak-na-angushev-go-kupil-imotot-na-mzt-learnitsa-za-4-milioni-evra/ Текстот на Фокус е напишан во 2018 година кога ја земал Леарница. И еве колку беше способен само година дена и ја однесе пак во стечај. Кај да е ќе излезе вест и за ова што сега се случува во фирмата. Во ек на ваква состојба наместо да помогне финансиски, тој само ги доуништува луѓето. А има толку многу пари. Не е ич за жалење тој.
Трудничкото ќе остане исто. Мене ме интересира ако знае некој како може да се искористи мерката за покривање на 50% од придонесите? Каде треба да се обратам?
Не е за жалење, затоа и го спомнав прв. Такви како него во државава има прилично, за жал. Сега, всушност ни треба рекетарската финта на бате Сале, од сите по едно милионче @Cka какви одмори? Имаш линк да читнам?
Вака некако https://expres.mk/vladata-kje-se-pogrizhi-da-ne-propadnat-turistichkite-patuvanja-na-gragjanite/
Владата им дава ваучери на туристичките агенции, а агенциите треба со тие ваучери да им ги покријат патувањата на луѓето што си уплатиле, а не патувале.
Е добро де, ама не им дава пари, туку им овозможува на туристичките агенции да се справат со кризата со тоа што нема да мораат да им ги вратат парите на граѓаните за неискористените аранжмани, туку граѓаните ќе може да ја искористат вредноста што ја уплатиле за друго патување заклучно јануари 2021. Јас вака разбрав? И ова воопшто не е лошо решение. Компромис за двете страни. Меѓутоа, јас не гледам дека владата ќе им ги плаќа аранжманите или ќе издвојува средства за истите, бидејќи тие и така се платени. Во овој случај е медијатор помеѓу граѓаните и туристичките агенции. Мене ме интересира дали помина законот за минимална плата на вработените кои се најзагрозени со епидемијава? Исто ко да слушнав предлог да нема отпуштања, дали има нешто такво поминато? И во вонредна состојба, работодавачот може законски да исплати 50% плата?
Каква глупост !!!! И сега?! Што ќе прават оние најзагрозените? Битно на функционерите ќе им останат парите!!! @Cka и сите останати кои се испаничивте дека ќе ви скратат плата, можете да здивнете