Луѓе дајте свестете се дека земјава нема да издржи без кратења во администрацијата. Администрација зема пари од плаќањето даноци од приватнитњ фирми. А приватните фирми не работат. Што сака администрација да се задолжиме за нив и после приватниот сектор повторно да се раздолжува со години. Дај олабавете администрација малку. Да вие сте најголемото гласачко тело заедно со пензионерите. Нека помине кризава и нека пребројат без колку административци се може. Бидете сега солидарни за да има за сите. Инаку на крајот ќе нема за никого. 50% од администрација клати врата. Останатите 50% работат за овие слепи мишеви.
Па после бегале во Германија, еее уште колку ќе бегаме и после ова. Германците имаат држава позади нив, нема тие толку лесно да пропаднат.
Има многу приватни фирми каде вработени земаа повеќе од таа администрација која ја спомнувате (не се сите со плата над 30 000). И не сите се клати врата. Не можеш да споредиш 18 000 со 30 или 70 000 плата. И не е во ред на сите да се скрати со иста мерка, затоа што има многу семејства кои се на една плата од администрација, и тие 5000 многу ќе му сменат, додека овие од 70 000 секако можат да си тргнат и настрана за вакви денови. Меѓутоа тоа е тоа, нема шанси на едни да скратат повеќе на други помалку и останува само да поминат овие два месеци. Само е жално што истите поради кои делумно се преземаат овие мерки за да не останат без плати се ситат на штетата на другите
Поголемите економии имаат поголема штета. Нормално дека им требаат големи цифри, колку е потежок возот толку поголема сила треба за да се придвижи. Во рецесијата 2009 најголем удар доживеаја САД, луѓено од пристоен живот преминаа во стил на живот од денес до утре, останаа по улици, без работа. Кај нас не се осети кризата во таа мера тогаш, ама сега е сосема друга ситуација.
Нема тука никакво ситење. Јас како и да е нема да останам без плата. Па и да е 14500 два месеци се сложувам. Сама се понудив да ми скратат доколку фирмата е во криза и сама се откажав од одморот. Неможе кога ќе заврши кризата пола фирма на одмор туку треба да се работи и да се заработи. Што да се прави, држава на рамен данок... Богатите сакаат да плаќаат како и сиромашните, ама сега несакаат да зимаат исто како и сиромашните. И сега каде е направдата за овие два месеци. И толку голема побуна настана за два месеци а да не беше вирусов ќе ја преплавевме Грција и за празници и за одмор. Е не се бунат сиромашните кои ниту еднаш не отишле на одмор туку се бунат тие што секој празник одат во Грција бидејќи ќе треба да извадат од купчето.
Не мислев на тебе, но имаше и на темава и на други места читав. И тоа многу. За останатото напишав мое мислење погоре да не се повторувам. Сите ќе бидат оштетени, само нека помине и живи здрави, тоа е најбитно.
Прво мора да објават детални анализи за буџетот односно расходите. Пред неколку дена кажаа дека буџетот е ликвиден и дека може да се справиме со економската криза. После дека фалат 1,2 милијарди во буџетот, па да се искачи на 3. Можеби треба да се активира финансиска полиција. Не ми е воопшто логично ова. Не е проблемот во кратењето на платите, проблемот е што не е праведно да се скрати исто кај сите (не може некој што земал 70000 плата и некој што земал 17000 да се сведат на исто). Ќе падне стандардот на населението, цели семејства ќе се упропастат. Најпрво треба да ги редуцираат непотребните расходи и да се фокусираат на расходите кои се неопходни (меѓу кои и платите). Така населението ќе се заштити од паѓање на стандардот. Не сакаме да расте сиромаштијата.
Како што постојано едно велат, а секогаш спротивно прават, значи цело време не лажат, се плашам дека пари нема во буџетот, имаат во џебовите. И не би ме зачудило и ако банкротира државата.
Со к15 фирмите плаќаат персоналец, што значи го полнат буџетот. Е сега наместо тоа може и да се одлучат да го донираат, ама тогаш вработените кои се жртва во ова време ќе се незадовилни. Ова само мое размислување.
Приватниот сектор некои исплаќаа цел некои си наоѓа дупки и како демек исплаќаа, држабен сектор не исплаќаа к-15.
Дупки.. Дупки кај нема. Туку приватен и онака не исплаќа, сеа па уште толку ќе бидат утепани. Од БУЏЕТ да нема одлив за луксуз.
Време е да се проголтаат суетите и да се стават на маса сите предлози кои нудат опипливи и реални решенија. И тоа без кратење на плати. Повеќе мозоци - повеќе решенија: https://republika.mk/vesti/makedoni...-za-1-2-milijardi-evra-bez-kratenje-na-plati/
Мислам дека Владата во најсокоро време треба да бара Заем кај Европски Ценралните банки во Европа или да бараме и кај Америка ако треба како наш пртнер. кои финансии и те како ни се потребни за ублажување на кризата. Потребно е по примерот од Словенија да им се помогне на самовработените или на помалите фирми да им се даде некоја парична помош на месечно ниво а и државата би ги плаќала придонесите или пак минимална плата за приватен сектор. Да донесе Уредба Владата за плаќање на кредити на одложен период, да има плаќање на рати за вода струја , а за најранливите социјални случаеви да има исто на рати или одложено. Да се донесе уредба тие што плаќаат за кирија, илисл, на дуќани, да биде замрнато плаќањтододека трае кризата. Да се даде месечен додаток на едно лице по фамилија за Невработени лица.Да се скрати непродуктивни трошоци и да се намалат платите кај сите што зимаат над 30 илјади почнуваќки од министер па надоле. Кратење на бонуси и расни додатоци, Здраствените трошоци за време на Епидемијата ке ги покрива Фондот за Здраство а не Работадавците. Да им седаде месечен приход и на Социјалните категории за неопходни потреби. Оние кои се изложени на ризик од опасност тие ке добиваат поголем приход. Ако треба и благајничките записи да се заменат со хартии од вредност . За да се зголми фондот кај Пензиски место во Вториот задолжителен столб да се префрлт во 1 столб зада се растерети Пензискиот фонд.