Банката не е ништо повеќе од софистициран лихвар. СБ пред извесно време, додека не бев во земјава, за 50 дени (во живот немам видено како изгледаат дени) ми праќаа известувања по пошта дека сум должела.
Дали газдите можат да отпуштаат работници за време на вонреднава состојба? Не ги следев мерките целосно. Утрово, мајка ми и уште 6-7 колешки Минимум, за сега за толку знаеме, добија отказ. Ги исфорсирале да потпишат. Што понатака? Немале услови да исплатат плати...па нели државата ќе исплатеше минимална за сите?
Отказ не смеат ама затоа спогодбен раскин и те како, не знам зашо државата не го регулираше и овој начин на прекин на работен однос. Требаше некои мерки да донесат за да го заштитат работникот.
Не требало да потпишуваат спогодбен, како може да ги натераат??? Кај мајка ми на работа им дадоа претходниот понеделник да потпишат спогодбен отказ, ми се јави и и реков под ниеден услов да не потпишува, седеше цела недела дома, во петокот и се јавија да тргне од денес пак на работа а деновите што седеше дома и ги пишале од одмор. Ако имаат муда нека им дадат отказ во ова време, а не да ти тераат да потпишат спогодбен. Инаку во меѓувреме се јавив во инспекторат за труд да ги пријавам, на 15131, ама ми рекоа дека немало основ за пријава, морало да ги одјават за да им пуштат кривична.
Го најдов договорот, ништо конкретно не пишува. Само член кога престанува со важност. Бидете упорни, пак зборете со некој адвокат кој ги разбира работиве. Еве го договорот, сигурно и кај вас вака изгледал:
Дали јас добро ги разбрав одложувањата? Во Централна кооперативна и нлб ја собираме каматата за 6те месеци и и таа сума се распределува на останатите рати кои ке се исплаќаа до крај на кредитот односно каматата за тие 6 месеци ја плаќаш 2 пати. Еднаш кога ќе се продолжи со отплата и втор пат распределена по малку во останатите рати. Кај нас излегува дека за тие месеци односно за износот на 6те рати ќе платиме 16% камата и тоа првиот месец по завршувањето на 6месеци таа сума ке се повлече од сметката. Конкретно 10700 рата 1700 камата +9000 главница. Акп го собереме сите камати 1700×6=10200. Вкупнипт ознос на рати за 6 месеци ×10700 =64200. На сумата од 64200 за 6 месеци што ќе ни боде одложена одпосле ке платиме 10200 односно 16% на таа сума . Додека во стопанска се собира главнината од 6те месечни рати и на таа сума се пресметува камата по која е потпишан договорот. Во случајов 10.83% Не сум економист ама некако математиката ако е точна подобро кредитна картичка да си извадиш или минус на плата со кој камата би била 12 месеци 10.70% од колку да платиш 16% камата на иста сума за 6 месеци. Исправете ме ако грешам .
Можат нормално, со спогодбен. Државата нема по дифолт да ги исплати сите плати во државата туку ако некоја фирма нема пари за плата - аплицира и добива помош од државата за исплата на платите. Истите пари фирмата е должна да ги врати наредна година.
Чисто информативно, има измени и во законот за облигациони кои ја регулира висината на к.с. Сега максималната од донесување на одлуката (03.04.2020) е 6.25 за ф.л и ќе се корегира на месечно ниво.
Епа каде е тука помошта на државата кон вработените а и кон приватниот сектор? Заев се усра... Сељачина!
Не знам за Заев и политика ама помош е секако некој да ти даде пари да пуштиш плата. Ги рачунаат најпогодени туризмот, угостителството и транспортот и на нив се помага. А зашто да не се помогне и на фризерски салон на пример? Има многу фер и нефер ствари знам ама секако е ова помош. Да не се враќаат парите би било частење на поединци. Во конкретниот случај за мајка ти и колешките треба газдата да си ги искористи мерките од владата и да им ги исплати платите, а не откази да дели.
Мајка ми работи баш во еден од трите најпогодени сектори што ти ги напомена... И те како во случајов се плука по политичарите, еден саглам не се најде во цела историја на земјава да реши било што како што треба! Како и да е, не знаев дека треба да ги враќаат парите а кај нас газдите се толку "газди"....
Зависи со колкава камата е земен кредитот. Ако е поголема од оваа треба да се корегира, ако е помала не.
Од меркиве никој аир нема да види. Мислам дека намерно така ги склепаа, што помалку апликанти, тоа подобро. Само до крајот на март околу 20% од вкупно вработените останале без работа или се суспендирани од работа. А кај се месеците што следат, може до 50/70% да отиде бројкава. Следи сиромаштија, дефинитивно. И да го поздравам на крај Шилегов кој и во овие тешки моменти не заборави да не израдува со "мала пажња" - ни прати сметка за фирмарина. Златен е.
И тоа зголемена! И јас му се заблагодарувам. Искрено, имам мајка во приватен сектор вработена и напаѓам многу газди, од друга страна имам дечко кој е сопственик на таква фирма и гледам што се случува... Никој нема корист, тонеме! Фирмите сите трошоци си ги плаќаат, им клепнуваат и дополнителни, еве фирмарини пример, фиксните трошоци све им стои а профит 0! Отпуштаат вработени а децата дома за леб им трпат, да не се праиме будали, буквално е така пошто со една плата од 16000 не се живее а камоли без неа. Заев и сите надлежни нека си цркнат пошто само таа администрација што ги гласа си ја форсираат а не гледаат кој го полни буџетот. И плус кредит земаа! И им го дадоа на белите мечки, 40000 плата и дреми дома наместо да се избалансира, земи од нив 50% и подели на приватен сектор минималец без да ги враќаат. Да има за сите, 2 месеци се... Тие што имаат повеќе, имаат и заштеди и пак цели плати, овие што немаат ќе трпат за леб! Срамота жива!
Дали тоа што е прикачено на насловната на нлб се пополнуваат податоци и се праќа и тоа е уствари дека се пријавувам доколку не сакам одложување на рати?
Ќе сакаш да ми ја пратиш уредбата да ја видам? Јас ја најдов таа што е донесена на 03.04 но таа е само за казнената камата, а во став 3 вика дека "Определената висина на казнената камата, како и периодот и начинот на пресметка од член 2 став 1 и 2 од оваа уредба со законска сила, нема да влијае на стапката, периодот и начинот на пресметка на договорна камата во договорите во кои барем едното лице не е трговев, склучени пред влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила." Ако има и друга уредба те молам да ми ја пратиш, зошто согласно овој член не е регулирана договорната камата, туку само казнената.
Ова што кажувам јас не е поврзано со уредба, туку со регулативата од народна банка. Ова и до сега важеше. Ако имам време ќе побарам, па ќе ти пуштам линк.