Системот на Ујп деновиве бил константно паднат. Мислам дека е со умисла. А кој успее да издејствува и да види лезет од меркиве, нека пише. На Форумов мислам.
Прво до септември ќе требаше да бидат заштитени работниците кај оние газди кои ќе лапнат државна помош. После тоа до јули. А сега испадна дека у било кое време може да ги добијат клоците. Ова веројатно е честитка за работниците по повод први мај. Една по една, криминалнава банда ќе ги укине сите мерки кои колку-толку ги штитеа вработените.
Луѓе април помина породилно ми немаат пуштено. Гниди едни неспособни. Една недела вртам на сто телефони... катастрофаааа жива се. Па тие ќе превзеле економски мерки. Багра хоштплерска без осет
Не ја изменаџираа работава ко шшто треба. Да прецизирам, ужасни се. Пред малку ја слушам една новинарка која слушала прес на Нина групер, и вика она ни сама не си беше јасна и ние не сфативме, но ако сакаат фирмите да добијат помош од Владата треба да избркаат 15 % од вработените, а после пак да ги вработат?! Молам?! А ако бил фер газда и рекол не бркам, не може за него пари од влада. Мислам дека со најслабиот министер за финансии, кој нема основно познавање од финасии, одиме у најголемата криза на светот. Дополнително, Мила скарана со партија заради тоа што Оли е технички, а не она, како ВИЦЕ ПРЕМИЕР за економски прашања, 60 дена ја немаше никаде! Што е побитно, нејзиното ЕГО или економијата? Па Кочо иако си лапаше тендери, беше најмалку 200 пати поасален од неа. Оваа, лута на Заев, и ај не работам. Ко трето одделение да е. Пострашно, уредбата за плати на фунционерите. Апсолутна незаконска и спротивна на куп закони и устав. Си плачеше да се укине, а беше донесена со умисла таква. Не верувам дека у Влада немаат асален правник да им кажат. Ако отворите службен весник да видите што се уредби носеле... ми иде тема една да отворам за сите уредби, па да ги прокоментираме, барем пола се ужасни. Факт е дека у влада одамна способните не работат, после циркузите на Рашко, ама еден бар од нивните да имаше салам правник... Не е дека сум разочарана, јас знае што ќе се случи, жално е што во период на најголема кризи ние имаме техничка влада, не експертска, не политичка, не избрана од народот, туку со благи зборови, неспособна.
Дали некој има информација во однос на третиот пакет мерки од владата кој што се однесува на невработените лица за добивање на платежна картичка каде треба да се аплицира и кои документи се потребни ??
https://m.mkd.mk/makedonija/ekonomi...a-kamchev-durmo-turs-krombert-i-shubertdobija Каде е опозицијава да реагира или и одговара да си трае. Срамота!
Ова со картичка со 3000 денари за студенти и млади за домашни производи, важи за СИТЕ редовни студенти? Зашто не беше потенцирано нешто посебно.
Дали имате некоја информација девојки кога ќе биде ставена во функција страната kupuvamdomasno.gov.mk