It's worth a try. Нема што да изгубиш. Инаку се согласувам невработен е невработен, нема потреба од поделба.
https://denesen.mk/reakcija-za-plat...a30AzpWCTP6qOqMhDKnpOepIVmz_74MNAJ5TtRVsOkvuc Еве причитајте за кого се однесувало
Не им ја разбирам смислата зошто само активните баратели. Невработен си е невработен. Јас сум за сите да пробате како невработени, без разлика дали на 6 месеци се пријавувате или не. Нема што да изгубите.
Имаш право, има такви случаи. Само кај нас е проблемот што на 6 месеци се пријавуваат и на тие што им е потребно .
За да си имаат изговор да дадат помал број луѓе. Ај бар за невработени се изјасниле со бизарен изговор зошто не дале на сите... Ама шо со нас 10тина луѓе од една генерација на факс шо не ни дале 3000, ние сме изгледа помалку студенти од другите. Колешка се зафркава вчера, вика ја и ти изгледа не сме ни студенти веќе ама не се сеќаваме, телевиса пресента ова. Може па и стварно не ме водат веќе ко студент...
Добар е аргументот на @нина122 и навистина е во право, ако некој е невработен, а не бара работа или нема потреба од истата, зошто да земе 9000. И јас избрзав со критика бидејќи ова не го земав предвид. Тоа што кај нас си има луѓе што се пријавуваат на 6 месеци, а имаат потреба од парите е друг муабет. А, за студентите немам коментар, факултетите утнале нешто сигурно, не ќе им е првпат.
Студент си се додека не дипломираш, се отпишеш или пак не запишеш 3-4 семестри по ред со што они имаат право да те отпишат. Се до тогаш до кога запишуваш семестар макар и 19 семестар да ти е ти си студент.
Економските мерки, особено последниве се тешко сра*е. Мразам вмешување на политика во се ама ова е апла купување гласови од најранливите категории. Како нам да ни е толку средено, контролирано и легално стопанството што можеме да пуштаме помош по основ на примања по банков пат. Во безброј фирми вработените па и газди!! се пријавени на минималец 14500 па и на пола работно време на 7250, а остатокот го земаат на рака. Остатокот оди и до 20 000 во плик. Други работат за 17000 ама ги земаат сите на сметка. Вторите не ги следува. Трети земале по 30 000 јануари и февруари ама од март (па до завршување на ситуацијата) земаат 14500 (со доцнење, помош од државата) поради намален обем или скроз затворени фирми. Не ги следува ништо. Огромен дел од популацијата кои работат сезонски во странство за да врзат крај со крај, сега не беа во можност да заминат и не ги следува, пошо не се активни баратели на работа. "Активните" баратели од едно малцинство ќе земат и 9000 ама студенти кои работат за 18000 за да си платат факс нема да земат никаква помош. *Не ме засегаат мерките, не се квалификувам за среќа во ниедна категорија, ниту сум партиски определена/засегната. Ама имам блиски кои кубурат крај со крај во ситуацијава. Реалноста е таа, сите мерки се половични и необмислени. Ако беше вистинска помош за погодените од кризата ќе се земеа март, април и мај во предвид, а не од почетокот или просек од минатата година.
Мене ме интересира дали барем им текнало да платат авторски права за фоткиве или уште и тужби ќе им стегнат?
Како ќе дознаеме дали е одобрено барањето за исплата на тие кои останале без работа во период 11.03-30.04?
Се надевам дека ќе можеме да се бориме против сите економски тешкотии и да ја надминеме кризата. Многу луѓе ги загубија своите работни места и пари. Фала му на бога, мојата компанија instaforex review беше во можност да работи од далечина. Како сте момци? Дали нешто се смени?
Дали знае некој да ми каже , работам во фирма која зема државна помош за плати, прашањето ми е до кога треба да ме држат и дали можам јас да си дадам отказ без да влијае на мерките?
Мислам дека го тргнаа тоа ограничување зашто се бунеше стопанска комора или евентуално ако има уште тоа е најмногу 2 месеци, значи јули и август ама не сум сигурна, побарај на интернет уредбата ја има.