Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Економски мерки за справување со кризата од коронавирусот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од BoaVista, 22 март 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, најави дека со четвртиот пакет економски мерки е предвидено картичките за купување домашни производи кои сега беа на располагање на одредни категории на граѓани да опфатат уште две групи и тоа невработени лица, кои не се пријавувале секој месец во агенцијата за вработување, и втората категорија ќе бидат сите пензионери, со пензии под 15.000 денари.

    Шекеринска најави и зголемување на минималната плата.

    „Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епидемијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во Дебар.

    Таа додаде дека заедно со минималната плата ќе расте и просечната плата и дека целта е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари.

    „За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која што ќе ја насочиме кон наиште компании. Тие ќе можат да сметаат на 600 милиони евра поддршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет, а 300 од европските фондови, а 2,2 милијарди евра ќе се насочат во јавни инвестиции“, нагласи Шекеринска.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредитна линија во износ од 20 милиони евра на „Шпаркасе банка Македонија“, за кредитирање на локалните приватни бизниси и корпорации погодени од пандемијата на коронавирусот.

    Македонската економија е помалку зависна од туризмот во споредба со земјите на Западен Балкан, но производството и трговијата имаат силно влијание. Новото финансирање е витално за надминување на моменталната криза, а преку „Шпаркасе банка Македонија“, ЕБОР ќе може да ги поддржи компаниите на кои им е потребна помош.

    ЕБОР брзо одговори на корона-кризата преку лансирање на Пакетот за солидарност. Банката очекува вкупните инвестиции да достигнат до 21 милијарди евра во 2020-21 година и да бидат насочени кон одговор и обнова на економиите од пандемијата на коронавирусот.

    „Шпаркасе банка Македонија“ е основана во 1992 година и е долгорочен партнер на ЕБОР. Таа е дел од „Ерсте и Шпаркасе групацијата“, со удел на пазарот во Северна Македонија од над 5,5% во корпоративниот сегмент. Нејзината силна локална мрежа во земјата ќе обезбеди финансирање на малите бизниси да биде пошироко достапно.

    „Горди сме што го потпишуваме овој договор со ‘Шпаркасе банка Македонија’, нашиот долгорочен партнер. Посветеноста на банката да го опслужува приватниот сектор и нејзината одличната позиционираност во земјата ја прават идеален партнер за пласирање на средствата на ЕБОР и обезбедување помош и ликвидност на компаниите кои поминуваат во овој период на досега невидена неизвесност. Обезбедувањето финансиска помош и ликвидност за време на овие тешки времиња е есенцијално за поддршка на целата економија во земјата” изјаави Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

    „ ‘Шпаркасе банка Македонија’ водена од принципите на општествено одговорно работење на ‘Штаермеркише Шпаркасе групацијата’ и согласно усвоените мерки на Министерството за финансии и Владата на Република Северна Македонија, разви мерки и решенија за поддршка на долгорочни одржливи бизниси кои во моментов се погодени од пандемијата на Ковид-19. Ќе продолжиме преку нашето партнерство и поддршка од ЕБОР да работиме заедно со нашите клиенти со цел да придонесеме колку што може повеќе во минимализирање на негативните ефекти од коронавирусот во нашата земја”, изјави Глигор Бишев, главен и извршен директор на „Шпаркасе банка Македонија“.

    ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над 2 милијарди евра во 133 проекти во земјата.

    (y)
     
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Сѐ супер ама дефинитивно најлоша банка во Мкд. Највисоки провизии, однос катастрофа, услуга една голема нула, знаењето на вработените за она што им е работа испод нула. Никому не би ги препорачала.
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Здраво влада дали се слушаме?!
    Како со вакво однесување да ве сфатиме за сериозни?!
    Сеа опасно или не е?!
    Зошто очигледно не е или јбг, мора да има жртви (како ќе ти се падне), ни ја доуништивте и така распаднатата економија?!
    Каде ви беа економските експерти да ве посоветуваат пред да носите мерки?!
    Не, не спречивте ескалација, и едина крива што израмнивме криви на сите можни економски параметри.

    Меѓудругото, решивте да умрете и една банка и сега Гошев ни го праќате како аналитичар, бивши гувернер и одлично заштитно лице за кампања против короната - јер со чисти раце, да ни раскаже што се десило. Се десило, минатото и осветољубието, желбата за пари. Да, да, распадот на банката никако не го афектира банкарскиот сектор и економијата. Мхм. Ни-ка-ко. Абе види сега, морало, закон е закон, е сеа малце незгодно време е, јер лани кога почнал планот кој почнал да се остварува, никој не планирал дека ќе се деси корона. У време на криза која е слонот во просторијата кој сите не сакаме да го видиме ги доплеска (не драстично, но де факто) ги доплеска работите.

    Ова денес е рамно на - го прогласувам короната за мртво.
    А јас го прогласувам економијата за мртво, оти ова денес е крик на реалноста дека веќе не можеме вака. Што чекавте?! Избори?! Влада?! Одмори да си истерате? И сега кога видовте сека нема "за зимница", ви текна така нагло, ај бе, кој умре-умре или сепак се ова можевме помашки да го издржиме?! Колку илјадници евра бизнисите изгубија? Колку помош отиде на погрешни места? Колку илјадници евра дадоа бизнисите за вашето ново нормално?

    И сега сите сме отпорни?
    Зошто ни ја жртвувавте иднината?

    Вака се создаваат муабети за заговор, од несериозност!
    Што чекавте до сега?!
    Дали знаете како бизнисите се снаоѓаа во време на одмори, плус корисници на мерки?! Дали знаете колку е тешко да го држите моралот кренат кога се ањ распаѓа?! Па да, баш ви е гајле...
    Или сега сфативте дека не можат да издржат бизнисите од лешперите и дека нема да имаат избор да кратат од платите, а ако кратат од платите народот ќе осиромашува и се враќаме на почетокот бизнисот нема потрошувач и така се у круг, а сето тоа не носи полека, но сигурно кон девалвација и "ладна зима", јер се поскапе за основни потреби и основни добра?!
    Касните... касните 3 месеци. Добри 3 месеци (најмалку), а нашите граници се се уште затворени...
     
    Последна измена: 14 септември 2020
    На tina2018, marchi-cool и azelea им се допаѓа ова.
  5. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Макфакс
    Со реализација на четвртиот пакет-мерки за справување со последиците од корона-кризата, 470 милиони евра, пари од буџетот, како директна помош ќе завршат кај граѓаните и компаниите, изјави пратеничката Сања Лукаревска.

    „Една од основните компоненти на четвртиот пакет-мерки е зајакнување на приватната потрошувачка на граѓаните. Со новиот сет мерки го надградуваме успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица. Викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ. 350.000 граѓани, веќе постојни корисници на апликацијата ‘Мој ДДВ’, за време на продолжениот викенд на 10, 11 и на 12 октомври може да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ-опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ“, изјави Лукаревска.

    Според процените, додаде таа, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

    Досега, рече Лукаревска, за една година преку оваа мерка веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

    Исто така, рече Лукаревска, со новиот пакет економски мерки, платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари, невработени лица, кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници.

    Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари или воопшто немаат приходи.

    Лукаревска рече дека вкупно со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Заборави да кажеш дека само 13% од предвидените економски мерки биле реализирани и дека за 40.000 луѓе се зголемила невработеноста :D

    И, дека за 1 милијарда евра не задолжија, т.е. за поткуп на избори. Пари фрлени во ништо, а кои треба обичниот човек да ги враќа во наредните децении. Економска политика на умоболни ликови.
     
    На sunmoonstars и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Да прашам дали месецов НЛБ пак ќе исплати предвремено пензии? Во известувањата нема такво нешто.
     
  8. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Тоа со пензиите како и пролонгирањето на кредитите заврши 6 месеци по крајот на вонредната.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Малку пари...
    Ај, ќе закрпат...
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    На Fallen.Angel му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам дали има некаква конкретна информација за најавената помош за помош на фирмите за исплата на плати за Октомври, Ноември и Декември. Цело време слушам најувуваат дека ќе пратат помош за фирмите за исплата на плати во зависност колку % се во загуба, и дека ќе се аплицира до 7ми Ноември за предходниот месец, но ништо конкретно нема објавено како информација, Може ли веќе да се аплицира? Ако знае некој нешто подетално нека ни сподели инфо....​
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.810
    Допаѓања:
    17.574
    Пол:
    Женски
    Нема уште ништо излезено. Треба да има известување од министерство за финансии, да излезе во службен весник, да објават обрасци. Уште никој ништо не знае.
     
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Тоа е обврска на книговодителот. Дури не излезе во СЛужбен весник ништо не е официјално.
     
  14. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Јас се посомневав во книговодителот дека не е нешто упатен до каде е стигната постапката, па се разлистав да прочитам да најдам некоја поофицијална информација, но изгледа ете сеуште не уште официјално.
     
  15. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
  16. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Платите за октомври требаше да легнат најдоцна до 16.11. Државата исплати помош на фирмите кои исполнуваа услови.
     
  17. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Да, за ова прашувам дали на некој му имаат легнато парите бидејќи и јас имам поднесено барање за исплата на плати за фирма, а ми нема ништо стигнато. Ги исполнувам условите секако:)
     
  18. sunmoonstars

    sunmoonstars Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2016
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    753
    Пол:
    Женски
    Да кај нас во фирмата стигнаа платите -помошта за фирмите за месец Октомври, мислам дека парите легнаа на сметката на фирмата на 17ти.
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  19. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Досега требаше да добиеш извезстување од УЈП дали барањето ти е прифатено или одбиено. Ако ти е прифатено ќе легнат пари, ако не, не.
     
    На Trxmx му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Trxmx

    Trxmx Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2016
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    8.313
    Пол:
    Женски
    Фала ви на одговорите. Прифатено е барањето, гледам на страната на ујп пишува дека се одобрени 13 696 барања, а исплатени 11 954, пишува во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), а јас ја користам МПИН услугата. Можеби од понеделник ќе стигнат. :)
     
    Последна измена: 22 ноември 2020
    На sunmoonstars, Sofronko и СуперДевојка им се допаѓа ова.