Минатиот месец на сопругот му легнас мнпгу покасмо од предвидениот рок, така да да не те чуди зошто уште не ти се исплатени
Дали во некои фирми веќе започна исплатата за платите за Декември месец кои се дел од сетот економски мерки за помош на исплата на плати за Октомври Ноември и Декември месец?
Досега не се префрлени пари на сметки од фирми. Некогаш и по 15ти во месецот ги префрлаат и доцнат платите.
Има ли некои новости во врска со помошта за плати за Февруари месец, во смисла дали на некој му е одобрено веќе? Мојата фирма сеуште нема одговор дали ќе биде одобрена за помош.
Секој што чека државата да му помогне со било какви мерки, тешко на него. Криминалците гледаат својот џеб да го наполнат, а ќе перат мозок со по мизерни 3000 ден. на народот. Па згора на се ќе тресат глупости дека ЕУ не ни помага оти многу способни биле! Прво ќе остават луѓе без работа и примања па ќе изиграваат спасители со такви бедни суми.
Не знам дали е со коронава. АМА што се дешава со цените на горивото и зејтинот? Другиот месец зејтинот ќе бил 120 денари Пластичните ќеси од декември ќе биле 15 денари. Што е со цениве?
Тоа со кесите е за да се намали нивната потрошувачка, за помало загадување и уништување на природата. А за зејтинот немам коментар. Најинтересни се со горивата денес пример поскапуваат за 5 ден а утре ги намалуваат за 0.5 ден и викаат: од утре поевтинува горивото.
Ова со ќесите е демек како еколошка мерка, за народ помалце да ги користи. ....секако додека Кочо си шета на слобода.
Лебот од утре поскапува за два денари. И сите производи на база на брашно. И зејтинот на 120 ама мислам ебам до толку. Од јануари струјата оти сме во криза. Бегајте луѓе додека можете
Од каде е информацијава? Не можам да најдам по вести дека поскапуваат производи. Кога нарам последните инфромации за поскапување на леб се од 2018.
Кај нас веќе поскапе лебот за 5 ден. И бурекот!! Од 50 ден секаде што беше, сега е 60 ден. Уствари сите бели пецива ги качија за 5/10 ден. А платите во пекарите нормално си се исти
Кои мерки жити се? Оваа скапана власт е научена само да земе од народ а не да даде на народ. И тие работи што ги имаат луѓето ќе ги изгубат ради фашистички мерки и ограничувања. Од ден во ден цените се покачуваат, платите тапкаат во место а со тоа народ осиромашува.
На шо дроги е персонава? Што има да се загрижуваме за јадење. Додека има ќе јадеме, после тоа ќе гладуваме. Don't worry, be happy
Тоа превентивно, дека дебелината е ризик фактор за ковид. Помалку јадење, помалку дебелост. Све за народ,ама вие па не разбирате. Не знам зашто е муабетов во темава, ова е скроз друга тема. Се вика ковид економска криза и сегде се случува. Само е малку поинаква од таа во 2008...
Дали знаете кога ќе го исплатат пакетот мерки за тутунарите, и дали воопшто планираат да го исплатат?
Викаш ќе го исплатат, или заборавија .. Би сакала и јас да верувам дека ќе исплатат аа тешко некако. Еве, избориве дојдоа, а тие абер немаат. Тутунарите ги нема на мапата...