Џабе се карате, и така минималци сите ќе добиеме без разлика приватно или државно. Тие "најсреќните" и откази ќе си добијат. Овој економски шок нема да се среди за месец два, долго ќе трае опоравувањето.
Абе мене ми е океј шо овие под државна капа се нервираат зашто за нив кога земаа решенија беа ко бубрег во лој ставен, као све е сигурно, немаш промаш, на 1ви платиче лап... Сега им се тресат колениците зашо можда ќе им се намали платата што патем не е исто како воопшто да не земеш (а многу во приватен сектор нема да земат). Затоа и се “лути”. Но, најдобро е сите да смањите доживљај особено тие вработени во здравство. Ќе земете плата, ќе преживеете, во ред е. Прочитајте како @magnolija09 ќе преживее на пример, има пишано наназад. Исто и пратениците ќе преживеат. Земале високи плати досега, земале патни трошоци, не навлегувам во мито и корупција, ама ќе преживеат. Едино децата нивни ќе намалат со курчење на инста рич кидс скопје ама јбг, нешо мора да се жртвува...
Солидарно е државата да помогне каде треба. Сериозно верувате дека државата може да издржи да ги плаќа сите плати на стопанството само затоа што на група луѓе ќе им намали плата на минималец?! А што со оние кои се фриленсери и сега проектите им се откажани?! ИТ сектор?! Чист популизам. Не е времето за ситење. Покрај сувото, гори и сировото
Јас не сум економист и ќе изнесам ставови кои за мене се логични, може и се економски неиздржани и глупави, ама... финансии мора да се обезбедат некако, многу логично е и нормално да се скрати од тие кои имаат и повеќе од доволно, за да се даде таму каде што нема. Тоа се вика пренамена или како што спомна погоре @BoaVista солидарност. Не е ниту ново, ниту нешто невидено досега. Сосема нормален и правилен потег во ситуацијава. И вака јас лаички сметам дека ќе има многу помал негативен импакт врз економијата, отколку ако не се донесеа меркиве. Пак ќе кажам, не сум економист и можеби тресам зелени, ама еве мене ова ми е логично. Ако земеме предвид дека функционери, и останатите наведени во меркава сочинуваат колку процент од населениево 10% преку сила, а се пренаменат средствата за тие најзагрозените кои сигурно се минимум 50% , процентуално гледано, поголем број семејства ќе бидат згрижени и сигурни за сметка на овие погорниве кои и без овие тримесечни примања се доволно згрижени. Вие изгледа не знаете како е да крпиш месец за месец, па затоа вака зборите. Абре луѓе ќе немаат леб да јадат ако приватнициве не даваат плати!!! Пак вие жалете ги кутрите функционери.
Не за нив, туку за овие зборам. Се преработија и еве државата ни цвета. Од сите нив државата ни е стигната до питачки стап.
Ова само за раководители,директори по сектори,јавни,државни ке зимаат минимална плата,за работниците не важи?
Јас не се ситам. Мене ова ми е сосема логичен, разумен и нормален потег во ситуацијава. И дај боже да се изгласа и спроведе.
Не мислите дека е глупо да се расправате за платите на функционерите во вакво време? Битно е само да биде направено.
Мм зема 24000 во администација ќе му скрателе 30% значи 16800ден ќе зема, е па не е фер, со тие пари бебе не се гледа мили мои
Мерките во голем дел се ОК. Пукнаа од радост некои . Срамно. Е драги мои, малку ни е ова. Да не се прашувате понатака во животот ЗОШТО нештата се такви какви се
Не читај бе Лили. Јас еве пак ќе ти кажам, со сила се правиш глупава и не ни сакаш да ги разбереш меркиве оти очигледно си лично засегната. Друго објаснување немам за ваква реакција.
Добро, за колкаво плати зборувате вие?! Најголема плата сосе сите додатовци во државна администрација не е повеќе од 100к мкд. 100-14 минималец, 85к по човек заштеда. Еве колку вакви има 10.000?! 10.000х85к? 85 милиони денари. Само моја фирма да се исплати ќе требаат 18мил. Каде се другите фирми. По пу ли зам!
не се расправаме за платите. се расправаме зашто има прости членови кои и 60 000 некој да им даде ќе речат-ако, така им е. нека им намалат. за неблагодарноста кон државата, за неблагодарноста кон здравството... за тоа се расправаме. зашто се им е малку иако сами велат обичен народ биле, не се потрудиле да бидат поамбициозни во животот. е за тоа се расправаме.
Како успевате веднаш се од администрација да ставите во ист кош, па и да се ситите. Ете не знам. Мерката шта речи. Собирање поени кај ,, обичниот,, народ.
Аман бе Лаки, 2 месеци ке се издржи, се крати за да има за секој. Ете да зима цела плата, а другите што не би зимале ич??? Иначе ке ги пишува мерките некаде на некоја страна? Да не ги има напишано веќе?
Не, туку немале партиски врски и вишок пари за да дадат мито за да стигнат до високи позиции во државата.