Сепак можеле и да не направат на минималец да бидат. Но ете да се помогне колку може. Зарем вие нема да го направите истото. И на мојата мајка и ја намалија платата,утре може и на мене тоа е што да се прави Залудно се карате времево е за човечност не за расправии и препукување. Мора да си помогнеме,без да се ситиме еден на друг. Низ тежок пат одиме. Останете смирени.
За жал во ситуацијава лаки ништо не е фер. Не е фер за луѓето што се болни, секој од нив се прашува зошто баш јас, не е фер за починатите, не е фер за фамилиите што ќе страдат, не е фер за луѓето што ќе останат без работа, не е фер за малите стопаственици кои голем дел ќе пропаднат поради кризата со вирусот, не е фер за фирмите кои добиваат работа од странство и сега се во стенд бај... За никого и за ништо не е фер. Тоа е, светска пандемија, криза, нема фер секој еден од нас ќе страда на некој начин, посреќните ќе поминат со финансиски проблеми, некои други со здравствени.... Да се надеваме само се побрзо да се врати во нормала. Да седеме дома и да спречиме да се шири
Аман бе луѓе, ситењево не е во ред. Кој сака да му скратат пари?! Кај мене плата ќе се плаќа, ама нема да ми е сеедно да ми намалат. Вас сеедно ќе ви е? Треба да се помогне каде треба. Во сите угостителски објекти, кладилници, молови, ИТ, фриленсери.. тие се на удар. Зошто одма цело стопанство?
Е ај, кажи кое е твоето решение? Да се задолжиме? Да ги оставиме овие на минималец (кои многу веројатно нема да земат плата) да умрат за јадење? Колку, толку. Имаше некаде статистика, колкав процент од примањата сочинуваат луѓево со високи примања кои се засегнати со меркава. Прилично голем беше, така што... можеби нема да има да им се исплатат плати на сите, ама барем половина плата ќе има. И тоа е повеќе од ништо. Претходно пиша за фреленсери. Јас и маж ми сме фреленсери. Лично не сме засегнати, оти работиме со странци, а таму сега за сега нема никаков импакт ситуацијава. Сите проекти се одвиваат нормално. За овие тука, не знам, треба нешто да се преземе. Ама... ова е веќе сосема друга тема. А за таа имам да зборам ептен многу.
А одговорноста што ја носи позицијата?! Сериозно мислите дека сите лежат на работа во администрација. Е па некој и работи црешичке
Бирајте корона или помала плата? Мерките се океј,само да се спроведат реално,да не биде рекла кажала и или пу пу не важи за сите. Водена од искуство знаеме Заев дека подлажува,да се надеваме дека овој пат е искрен
Според мене со одреден процент одбивање подобро ќе направеа. А и приватњаците сигурно имаат повеќето да исплатат.
Јас не и се ситев Рефке. Само и реков дека со сила се прави глупава како да не ги разбира меркиве. А сигурна сум дека не е глупава и ја сфаќа поентата на истите. За ситоста нема да зборувам. До некаде ги разбирам луѓево зошто се ситат, долго време беа потиснати на сметка на другиве кои дивееа, па затоа им е оваа радост. Јас не чувствувам радост и не се ситам, ама и не ги жалам. Некако најмногу сум засегната за оние најзагрозените (иако не сум лично опфатена)
Кажав погоре, да се реагира каде треба. Во овој момент не се сите погодени. Зошто цело стопанство да се финансира? Ти не си, ама 5 другари што ги знам се. Проектите им ги одложија. Едниот работи со канада, другите со САД. Пари од каде?
Знаете ли дека како државни службеници се и оние кои земаат плата од 24000 а притоа се водат како полиција и војска? Во ред е. Треба ваква мерка. Нека се наполни КОРОНА ФОНДОТ. Ама муабетот овде на некои незнам како да го сфатам.По теми се прикажуваат како интелектуалци, идни академци, учат, шетаат, се дружат, се кажуваат современи... Не е до пишаното, којзнае од каде им е препишано Душата им е таква
Мислите министрите или високи судии и обвинители ќе сетат месециве дали им скратиле од платата? Не, туку обичниот народ ќе сети. На некој министер газ го боли дали еден месец ќе земе плус или минус 600 евра, ама прашајте ги тие обични луѓе кои имаат деца или невработен партнер. И ова со ситењево се гледа колку сте зрели. Бог да чува од некои коментари. За грев. Еј кратат плати хаха смешно колку е. Така треба.
Мене не ни можеш да ми се ситиш Ана. Јас сум на 14501 денар од државата буџет. Не ме допира ова. Ми го цитираше коментарот каде велев нема да видат посебен ќар. Туку ќе земат плата колку што зимале или можеби помала (ако зимале 18 да им дадат 14) за обичен народ зборам. И што е глупо? Има нешто лошо?
Жива вистина. Чест на исклучоци, ама ова е реалнава ситуација во државава, особено во државнава администрација која е директно засегната со меркава. Глупави и злобни ми се мислењава од некои членки тука: работеле во конфекција оти немале образование или не биле доволно квалификувани или не се снашле, па кој им е крив. А всушност, само третово е најважно во нашава држава. Знаете ли вие колку има што работат во конфекција, маркети, а се високо образовани? Ама, ете, не се снашле...
Не е фер и ова што се случува, ама мора да се најде начин за да се надмине. Чисто, за твое инфо, и јас сум во тие што ќе земат намалена плата, ама не барам што е фер, туку се солидаризирам со останатите.
Ебала ве администрација. Светата династиска недопирлива точка во универзумот..плукни на неа (искритикувај), сакат ќе останеш.
Се сложувам. Не верувам дека ќе се реагира секаде, туку таму каде што има потреба и кај тие кои се најзасегнати.