Месеци се во прашање, додека трае целата криза со вирусов, ќе се издржи. Зошто сите освен тие во првите редови против вирусот? За да нема побуни. Оти секогаш почнува со "Ама не е фер...". И да, не е, ама вонредна ситуација бара вонредни мерки. Ќе се издржи.
Ах, така велеа и за економската рецесија во 2008 година. Месеци се во прашање, па на крај излегоа години. Нас, обичните луѓе, никој не ни ја кажува целата вистина и ситуација на терен.
Спротивен е предлогот на чл 112 став 7, владата носи уредби со сила на закон, а не спротивни на закон.
Економска рецесија со пандемија не е исто. Не сум економист, и јас сум "обичен граѓанин", во иста ситуација како мнозинството, и освен да и верувам на државата друго не ми останува. Последици ќе има страшни што ќе има, но треба сите заедно да се избориме.
Уредбата со сила на закон во услови на вонредна состојба е ЗАКОН! Смешен е муабетот дека предлогот е спротивен на закон, зашто ако се усвои со уредба со законска сила, ондак е нов закон.
600 000 мил евра имаат на лагер за спас на економијата. Ама се задолжуваме, тоа не е убаво. Италија и Германија се замислете светски сили во економијата, па крахираат, баш ме интересира дали кај нас ќе успат мерките барем са ублажат пад. Ќе издржиме сите заедно.
Сакаш да кажеш дека ќе донесат уредба со сила на закон спротивна на закон па не е повисок правен акт, туку ист. Ако собранието донесе спротивен закон на друг закон, како ќе толкуваш? Ова треба Секретаријатот да отвори очи а и оној што ќе го донесе оти ако ми ја намалат платата за повеќе од 50% ќе тужам и ќе добијам. Уредбата може да е во ред само ако направат уредба за измена на законот, па после да даваат од 45 000 на 14 000 плата. Многу вака се истрчале, па сме ги гледале у суд како даваат 18 плати наназад. Хиерархија на акти мора да се почитува, а со оглед на тоа кој е претседател на правна комисија на сдс ...
Хиерархија на акти е подзаконските акти да бидат во согласност со закон, а законите да бидат во согласност со устав и меѓународни договори. Донесување нов закон (а уредбата со законска сила во вонредна состојба е закон) автоматски го укинува стариот закон и се тера по новиот. И не, нема да биде уредбата спротивна со ниеден закон, зашто ќе го укине и стави вон сила веќе постоечкиот закон, односно член каде е формулирано тоа.
Ако го формулираат така, можеби, ама со оглед на тоа дека прва уредба со сила на закон беше избор на суди... тешко.
нема тука ексклузивитет зборуваме за хиерархија на правни акти, собрание секако нема, нема што да биде ексклузивен некој
Зошто не се најде јунак, да им го објасни член 112 од ЗРО на работодавачите пред да исподелат откази? Многу луѓе останаа на улица...
Став 8 не е поради виша сила. Нема шанси да ти дадат просечна плата Ставот 8 се однесува на други причини.
Не знам колку е изводливо и дали го слушавте луфаков Зајеф за мерката да се намалеле платите на миномалец од 14500 тоа значи смтр и пропаст за многу семејства... Незнам што е работава дали на Зајеф од партија не му имаат кажано дека не е повеќе премиер или ние сме глупи има нешто
Тоа е колизија на закони. Не смее два закони да противречат, тоа е непосакувана состојба. За да престане да важи стариот треба прво да го изменат, односно да додадат во преодни и завршни одредби дека истиот престанува да важи во таа и таа ситуација. Во новиот исто така треба да наведат дека стариот нема да се применува кога ќе влезе во сила овој закон односно уредбата.