И ќе донесат одредба која е понеповолна од моменталната, а зимаат дополнителен кредит... стварно не се јасни...
Истото го зборувам, со усвојување на уредбата ако се усвои, стариот закон ќе престане да важи, што значи дека уредбата нема да биде во спротивност/колизија со ниту еден друг закон, зашто тој друг или конкретен член од него со новиот ќе биде ставен вон сила. Еве ќе чекаме да ја усвојат уредбата, па нека тужи @Cka, баш ме занима каква ќе биде пресудата. Во контекст на ова и министерката за правда ќе предложи да се донесе уредба со законска сила за финансирање на политичките партии, односно да се укине годишното финансирање на почитичките партии. Супер ако усвојат.
Најпрво владата треба да донесе одлука да се укинат сите непродуктивни трошоци, да се укинат надоместоци за управни одбори, да се укинат надомест на советите во општините , да се укинат патните трошоци на сите функциобери, да им се блокираат картичките на функционерите за гориво и за репрезентативни трошоци, да се намалат плати платите на оние функционери кои имаат високи приманња над 46000 ден.Да се направи едентаков сет на мерки кои нема да бидат толку осетливи за другите граѓани..Па после ако треба и на оние со плати под 40000 ден нека им се намали 10% од платата за наредните три месеци. А не вака наеднаш кратење ненормално
Каракамишева пред некој ден кажуваше дека уредбите со законска сила важат додека трае вонредната состојба, и никако не можат да го укинат постоечкиот закон. И всушност, тие се носат за одредени работи кои не се доуредени со закон, да бидат регулирани а кои произлегуваат од природата на вонредната состојба. Кој има кажано дека уредбата го поништува постоечкиот закон, баш ме интересира?
Каракамишева и не ми е некој репер за правник, ама ајде. Знаеш што е поентата на вонредната состојба? Владата да може да носи уредби со законска сила. Самиот збор ти кажува дека тоа е акт кој има законска сила, значи штом е донесен е ЗАКОН. Нема врска што не го донело Собранието. Закон е. И да, важи додека трае вонредната состојба. Аналогно на тоа, за време на таа состојба се применува исклучиво таа уредба и за тој период членовите или законите што се во колизија со неа се ставаат вон сила. Што значи дека ако ја усвојат таа уредба, и платите се намалат на минималец за сите, тоа нема да биде спротивно на ниту еден закон. По завршувањето на вонредната состојба се ставаат вон сила сите уредби и си се продолжува по старо. Ако се практикува и по завршувањето на вонредната состојба, ондак е кршење на закон и може да се тужи. Многу е просто, незнам зашто се инатите и што сакате да докажете. Исто ко сеа ја да речам ќе ја тужам државата оти ми вовела полциски час, зашто е спротивно со Устав.
Знаеш што, проблемот е што од вонреднава состојба произлегуваат самоволија и "легални" криминали кои никој не може да ги спречи и санкционира. Закон за вонредна состојба немаме. Кој ќе каже каде е границата до каде може да се оди? Никој, а најмалку Уставен. Впрочем, веќе сменија за нив неподобни судии и нема да имаат сопирачка за ништо. Зар само на малкумина им е вклучен алармот дека ова ќе излезе бетер од сталинистички режим?
Е па од кредитот треба да остане и за во џебовите. Се ближат летни одмори, "треба ли луѓето да се одморат."
Одлични мерки ! Солидаризација на јавниот и приватниот сектор е клучно нешто во оваа економска каша. Не може приватниот сектор сам да го понесе овој терет, а државниот, да е имун.
А да се намалеше од сите процентуално во однос на примањата, а не сите да се сведат на минималец, а политичарите да си останат со службените телефони, патни трошоци, кирии...патем зошто се зема толкав кредит, а сите да осиромашат.
А да прашам, кој приватен сектор? Оној кој пријавува промет колку да помине плата, а другото во џеб... за тој сектор зборувате.
На крај на кризата, кога ќе се пресмета убаво кој/што/како, секако ќе бидеме во загуба. Сите. И микро и макроекономски. Нема бегање од тоа. Овие мерки се само претурање 'од шупље во празно', за време-на. И која мерка и да ја преземат, резултатот ќе биде ист. ...Или во најдобри околности 'нема да боли најјако можно' И тие 'ќе го кркаат стапот'. Секој ќе биде жртва на ситуацијава, на крај.
Прво, не се сите такви и глупаво е да ги ставаш сите во ист кош. Второ, парите сигурно нема да одат кај газдите во џеб, туку, како што разбрав, ќе им се исплатуваат минимални плати на вработните во областите кои се најпогодени од ситуацијава. Јас вака разбрав и вака би било најлогично.
https://360stepeni.mk/sonk-ne-prifaka-namaluvane-na-platite-vo-administratsijata/ Овие од Сонк, на Голи Оток би ги пратила, без око да ми трепне. Све они оштетени, све они потценети, све нешто не им чини. Цела Македонија да прави математики и да врзува крај со крај, а полтрониве да седат дома и да земаат плата, браво бе. Просветни работници ќе бидете кога тилот ќе го видам.
ЈАс не знам зошто од државно одма се бунат, ем одма седат, ем пари земаат. А приватникот работи и толку плата ќе земи. НЕка одат и тие на работа и нека земат 14.500, па нека осетат малку. ЈАс не знам шо народ ќе бевме, во каква кризна ситација, сонк ќе се степа сега одма не се согласувал. ПА нормално не се согласува. Според мене во образоанието и многу плата земаат за работата шо ја работат, па уште ќе кукаат сега. И да знам дека сега пола наставници, професори тука ќе ме нападнат, тоа е реалноста. Ако не вадат од приватен сектор, нема да има плата ни за државно.
Не, за вас посебен законски акт ќе се донесе. Какви прашања поставувате значи. Секако дека и за трудниците важат законите, како за сите подеднакво. Штом не ве споменале засебно, значи и вие ќе мора да се жртвувате за добробитот на државата. Привилегии нема.
Да ви кажам, после меркава, согледаните ставови на луѓево - почнав во реалниот живот да ги гледам навистина кои се. Го имаат комодитетот да се на државен терет, ама не сакаат да бидат солидарни за заеднички интерес. Одма муабети од пред коперација. Се извинувам господа, само вие треба да живеете. Без оваа мерка ќе зимате фул 2 месеци, ама после тоа спремете се за откази, доцнења на плати и слично. Ама откази и преполовување на администрација сигурно. Моја прогноза, два месеци на администрацијата 14500. После тоа, минималната плата ќе се врати на 12500 (е сега дали за сите или само некои, ќе видиме) до излегување од состојбата, во тој период ќе применат средства за помош од кредити. Ќе балансира државата со комбинирани фискални и монетарни мерки за да го одржи и платниот биланс зошто во моментов е страшен, рачунајте дека не се само платите на петко и станко загрозени, те за да продолжи да ги има, мора да се одржи црелокупното здравје на економијата. Никој не ги спомна пензионерите и трудниците, ако да, шерувајте инфо тука.
Мене многу ме интересира кога, барем еднаш, најбогатите македонски бизнисмени ( Минчо Јорданов, Штерјо Наков, Свето Јаневски, Живко Мукаетов,Механџиски и да не ги набројувам, не се малку) покажат малку хуманост, барем сега, кога економијата е на коленици, а ќе страдаат најранливите?