Сите овие набројани сега на лекови за смирување се гарант, бизнисот им испашта и место милијарда ќе земат милиони периодов, гзот ги боли за хуманост и емпатија
Целосно ги разбирам двете страни на ситуацијата и како човек со фамилија поделена во приватен и државен сектор ги гледам двете страни. Иако гледам дека тежнеете на анти-државна администрација, и ве разбирам целосно, бидејќи солидни 50% нишаат врата и земаат плата, останатите 50% се најобични работници кои немаат никаква моќ или бенефиции со тоа што се во државно, а и тие имаат фамилија или усти за ранење. Од друга страна, ги имаме приватниците кои во одредени месеци едвај крпат крај со крај и целосно сочувствувам со истите, меѓутоа со тоа што отвориле сопствени бизниси тие се нафатиле на ризиците кои тој сектор ги носи. Дали треба да им се помогне? Нормално дека да, има безброј начини, меѓутоа со намалување на куповната моќ кај другата група - двете страни ќе страдаат долгорочно. Не сакаме уште една економска криза, кога државата не ни е опоравена од претходната. Од трета страна ги имаме мегаломанските милионери и сопственици каде треба да е насочен гневот на двете претходни групи. Тие се оние кои ги користат сите бенефити на државата и ги товарат своите магариња, па кога оди бизнисот и кога се заработуваат милионите не им одговара солидарност и социјализам, а кога тие ќе се во краток период во минимална криза тогаш треба сите да скокнат и да им помогнат. Под овие мислам за Кромберг и Шуберт, Дрекселмаер и ним сличните. Додека ние, простата раја, се делиме на приватни и државни - тие кројат планови како да ги извлечат максималните придобивки. Многу од нив не плаќаат ни данок, ни кирија, ни слични трошоци со кој обичниот приватник се соочува. Затоа, наместо да се јадете меѓу себе и да се ситите на другата страна (било која и да е), размислете за поголемата слика и кон кој треба да е упатен бесот што го чувствувате. Не дозволувајте да не злоупотребуваат и да не вртат еден против друг, посебно не во вакви тешки времиња.
Ова со 14500 е во ред, мора да бодеме солидарни. Плус, како ти е мило да гледаш дека некој нема да има за леб а ти си подигнал на пример 45 000 денари и притоа знаеме дека администрацијата или оди на работа или не оди или е редуцирана и со скратено работно време. Но, нешто друго се поставува како проблем понатака. Едно се придонеси за 45 000 (сумава е од ракав земена) а друго за 14500. Значи ли ова дека и пензиите и пензискиот ситстем а богами и здравствениот ќе бидат под знак прашалник наредните два месеци ?
Административцине одат преку еден ден на работа и тие денови кога одат, одат со скратено работно време. Наставницине/професорине и од дома не работат како што треба, се залагаат само минимално околу таа е-настава, а некои и ич. Како не им е срам да се бунат за платине? Тие како и да е ќе земат плата, кога државата им го бере гајлето. Ама што да речат другине што работат кај приватњаци и кои се погодени од ситуацијава?
Kога се носат решенија истресени од ракав, ќе има вакви глупости... https://faktor.mk/davitkovski-za-faktor-ne-moze-bez-praven-osnov-da-se-namaluva-plata-na-site Бидејќи Каракамишева е глупа вмровка која не ја слушате, еве еден стар комуњар што вика за меркава. ПС да не мислите дека си гледам за газот, не работам веќе 4 години во државна администрација, немам штета јас од меркава ич. Ама дека е правно неоснована, може секој да каже.
Тебе не те засега, ама стариов комуњар, по текстот што си го објавила, и те како го засега. Скоро па ист калап ко Каракамишева. Само лични интерси. Така и го толкуваат правото, согласно нивните потреби.
Доколку се намалат платите на јавната администрација, автоматски се намалува и куповната моќ на граѓаните а со тоа и парите кои би биле потрошени (читај влеани) во приватните бизниси.Тоа би било изразито погрешна одлука. Наводно дека администрацијата клатела врата и земала плата е во голема мера МИТ создаден за време на СФРЈ (тогаш тоа била честа реалност) кој треба да се искорени за доброто на сите.
Иначе меркиве се уште не се официјализирани и не се знае дали ќе е вака како шо кажаа. Џабе мелиме слама...
Ова е предлог од СДСМ. Треба да се прифати или одбие. Начув дека ќе важи само за назначените на функции и УО. Како ќе решат-така.
И јас сум за солидарност, ама и за различен третман на тие што одат на работа, работат од дома или воопшто не работат. Не е исто да седиш дома и не работиш, и да одиш на работа изложен на ризик, ако имаш контакт со луѓе. На тие што седат дома, би им дала 50% од платата, на тие што работат од дома 75% и на тие што одат на работа, цела плата. Не може на сите исто, затоа што не се во ист кош. И не се исти трошоците кога одиш на работа и кога седиш дома, така што фер е. Јас работсм од дома и веднаш би се откажала од 25% од платата, ако помогне да се среди ситуацијата. Знам дека ова е тешко изводливо, поентата ми беше само да кажам дека секој од нас мора да се откаже од нешто. И нормално, кратење на трошоци за управни одбори, патни трошоци, репрезентација, тоа секако би укинала, засекогаш.
Мене ме иритира фактот што обичниот народ не толку трагично го прифати фактот дека ете можеби два месеци ќе зема минималец, а функционери, раководители на сектори, судии, универзитетски професори реагираат без грам срам. Мислам ок е, никад не сум сакала да обезвреднам некоја професија, секако дека платата им е заслужена согласно титулата и образованието. Ама два месеци бе, солидарност кон некој што нема да може да земе ни минималец, мислам дека може секој да издржи. И сега испаѓа дека обичната администрација што реално живее од плата е посолидаена од овие што имаат натрупано пари на страна. А ваму глумиме хуманитарци. Се виде и хуманитарноста и солидарноста на дело. За надоместоците на советници, во управни и надзорни одбори мислам дека има предлог и тие да се укинат. И да се укинат, не само за у вонредна состојба.
Истово и јас како @BoaVista го приметив, обичните луѓе во администрацијата полесно и без противање ја прифатија предложената мерка, додека оние на раководните места, се тие кои скокаат за само 2 месеци. Срамота. Инаку на оние во образованието платите барем максимум 80 % треба да зимаат. Идеално е пола плата. Седат дома. Или оние кои работат од дома барем 75 - 80 %. Како што кажа @Ariel.
А штo oчекувaвте, демек oд сoлидaрнoст? Не. Зa дa зaдржaт рaбoтнo местo и беспaри ќе oдaт пoлa гoдинa, нaјгoлемите дудлaчи се тaму.
Во Америка по 3000 долари владата им даваат на секое семејство, а овде им кратат на обичен народ. Другите па радосни и злобни...е акооо така им треба хаха. Чиста злоба се некои коментари. Нека скратат, или уште подобро нека донираат, само министри, пратеници и јавни милионери. Зошто од обичниот народ му зема од уста? Што се криви професорите сега дека не одат на работа? Тие нешто директно влијаеле па сите што се ситат дека ќе им скратат од плата? Плус ете електронска настава ќе има, па за тоа ќе се спремаат...не се секирајте, не дремат. Како може министер и административец на исто рамниште да бидат? Како ај? Заев прави глупости ама со ова ништо не му се токми. Грев. Демек професори и административци се милионери па да им помогнат на другите приватници Нели немаше солидарност во вакви времиња? А во обични времиња тие газди кога прават по 5000 евра промет што не ја поделат со професори/административци кои земаа по 20тина илјади. За солидарност де. И Заев кој к.р е периодов да излегува и да кажува вакви работи? Оливер неписмен е? Среќа па и ДУИ се против ова и нема да помине.
https://sdk.mk/index.php/magazin/al...-na-158-svoi-proizvodi/#.XnoKurSDAsI.facebook Се јави Мукаетов, ко да те прочита
Ти си само за со татко ми да си правите муабет за 'господинов,. Вчера лом го имаше направено на тв. Јасно и гласно го прозва. И оп , денес одма ова. Утре пак ќе се јавувал да го прашал не ли му е срам за трошкиве што ги фрли.