Здраво Дали некој ја нарача четката што е копија на Ревлон, како сте задоволни и ако може слики како изгледа во живо четката
@Dream-Girl видов во друга тема имаше пишано за електричната четка. Те тагнав во соодветнава тема ако може да ми кажеш збор два дали си задоволна, од каде ја зеде и дали е лесна за употреба?
Ваква е мојата, во склоп со другите алатки. Јас електрична четка си ја викам дека е топла и иста намена ко овие во темата врши... Не знам друго име дали има ова. Таа во темава што е фалена од повеќе членки може да си ја разгледаш ако баш бараш само нешто такво.
Дали некој ја има четката дали вреди за парите Долго време барам вакво нешто но сепак да е добра сакам Ја гледав таа по фб што ја рекламираат но за тие пари незнам колку време ке ја имам Секој совет е добредојден за каква да се одлучам Иначе имам права коса по малку на краевите се витка па повеке сакам да си правам локни со неа онака крупни ако воопшто е можно со оваа четка
Имам слична ротирачка четка за фенирање, мене ми ја исправува косата и ми дава волумен, но не и локни. Подобро купи си фигаро ако сакаш локни.
Јас го имам мултистајлерот од Филипс, исто купен од Нептун. Има додаток четка, фигаро и пегла за коса. Четката не е ротирачка, се затоплува и ти сама си ја контролираш. Може да се користи за локни на врвовите на косата, онака благо извиткана да биде, инаку ако сакаш целата со локни тогаш со фигаро. Мене ми е најкористен додаток четката, косата изгледа како фенирана со волумен, со благи локни долу. Не се локните како со фигаро, но мене ми се свиѓаат како излегуваат. 6во1 Мултистајлер PHILIPS BHH822/00 (neptun.mk)
Ја купив оваа пред недела време, и само еднаш ја искористив. Ама дека ми е подолга косата, ја виткам од половина надолу. Ако почнам од горе, ми се заплеткува. Да таму каде што убаво ја виткам и фенирам, косата си е супер - се исправува и сјај има. Дали ја има некој и совет да споледи за подолга коса?
Ја има на Амазон и Отто. Јас ја зедов од Отто околу 45евра беше. Македонија ги имаш на Ревлон четките онлајн ако го најдам линкот ќе ти го пратам имаше акција околу 400ден за Ел.четки Ревлон. И да не е оваа, на Ревлон сите четки им се супер.
Хм, стварно незнам на фб ми имаше излезено.. Незнам во мк дали Амазон носи нарачки?? Ги има и на Амазон или евентуално Нептун.
Ги нема кај нас, тие што се по 400 ден благе везе немаат со оргиналот. Јас земав прво од тие фејкот ко излегоа за 1200 ден. Џабе фрлени пари, плус и за брзо време ми се расипа. Сега ја имам таа од 40тина евра топ е, за ништо не би ја сменила.