https://www.neptun.mk/categories/LICNA_NEGA_I_UBAVINA/NEGA_NA_KOSA/FIGARO/REMINGTON-AS-5901 Девојки, ја продавам оваа четка да не ми седи џабе, затоа што откако ја купив ја скратив косата неколку цм и на оваа должина нема ефект, не функционира, ја платив 3000ден, ја продавам за 1000ден онака симболична цена, ако некоја сака пишете ми во порака ќе ви ја пратам по карго. Нова е скроз, употребена е само 3 пати, сега ја зедов нема ни месец, ама ја скратив косата и се зезнав. Значи само ако имате средно долга или долга коса, за кратка над рамена не е. И уште нешто, горниот дел не е ротирачки, статичен е што значи сами треба да си дадете форма и насока при фенирањето.
Здраво да прашам дали е некој задоволен од ова фигаро за коса и доколку не е какво би ми препорачале?
Женски, четките за фенирање на ревлон оригиналните каде ги има точно во Германија? Треба да патувам наскоро па пишете во која продавница ги има да си купам
Vredi za parite ? Ili ne e nesto posebno? gledam vo setec go ima kaj nas na rati se mislam da go zemam.
Јас имам од онаа што е копија на Ревлон, ама некако не ми е многу функционална, зошто прво морам да ја подзасушам со фен или да ја чекам сама да се исуши. Иста работа ја бркам со обичен фен и четка за фенирање
Дали некој ја има пробано оваа 5-1 четка за сушење ?Многу ја фалат гледам а евтина е ако е таа цена и функционална.
Јас ја имам на Revlon и сум презадоволна. Единствено ми пречи што е голема и зафаќа многу простор во куфер, па не можам секогаш да ја носам на патувања.