Јас ја имам од топ шоп Roto styler - џабе фрлени пари!!! Ја купив пред 3 4 години можда и така си стои нечепната само што ја пуштив абе косата ми ја искуби и од тогаш јок.
Јас имам на Rowenta brush active, првиот пат кога се исфенирав испадна многу симпатично (дали дека дотогаш бев ужас), но на вториот пат веќе забележав дека пластичните четкички од топлината се малку свиткани. И како проаѓаше време се помалку си се допаѓав. На крај мислам дека не е до четката, туку до моите невешти раце, но јас ќе се обидувам и понатаму.
Имав една ефтина четка, демек да не се пеглам... И целата коса ми се заплетка и искина во неа !!! Дали јас не знаев да се направам или такви се повеќето, не знам...
Девојки видов на фб дека има на една страна електрична четка за коса за 890 денари ама не можам да ја најдам.. може помош ?
Користи ли некој ротирачка фен четка? Може ли препорака и како сте задоволни И каде може да најдам освен во Нептун?
Јас ја имам пробано кај братучедка ми и мене нешто не ме воодушеви. Малку потешко оди употребата, нејзе и е донесена од Србија и има додатоци. Ајде таа има кратка коса со мојава си се уплеткав.
Ја скратив и јас доста кратко и се борам со фенот и четката. Не ми оди фенирањето, а морам да ја средувам косата по секое миење. Мислев дека со ова ќе си олеснам. Братучедка ти како е задоволна?
Си ја користи секој пат после миење и стои косата. Па на скала од 1 до 10 околу 7,5, до сега ми се нема пожалено. Корисно е што има повеќе додатоци и најдобро е таква да си земеш со додатоци.
Јас имам, секојдневно ја употребувам пошо имам кадрава коса и бушаво влакно. Прилично сум задоволна. Ја имам 3-4 години поклон ми ја донесоа.
Каков ефект даваат четкиве за стилизирање? Виткаат, прават благи бранови, или исправуваат со благо навиткување на врвовите како фенирано? Спојлер: Додатоци 1: Спојлер: Додатоци 2:
Здраво дали некој ја има оваа четка дали е добра?Или некоја друга голема што дава убав ефект https://www.neptun.mk/categories/FIGARO/GRUNDIG-HS-6280
И јас би сакала да прашам мислење четките за коса во Нептун, како на пример за ваквите Имам кратка и права коса и четка исклучиво сакам само за фенирање, не ми треба за ништо друго. Дали би таквите функционирале, што мислите?
Може веќе си земала ама ај може на некој друг ќе му послужи.Се двоумев меѓу овие две и сепак ја земав црната,има 3додатоци мала средна и најголема четка. Имам средна должина на косата најголемата четка ја користам за фенирање со благо подвиткување на краевите(многу убав ефект се добива) а срената ја користам за виткање (се добиваат многу убави големи лелеави локни).Исто дава и убав волумен на косата кој трае и до 3-4 дена. https://www.neptun.mk/categories/FIGARO/GRUNDIG-HS-6280
Дома има таква четка од Авон е. Сестра ми ја купила сигурно, не сум ја видела некогаш да ја користи ниту јас сум ја користела. Се мислев еднаш да ја пробам па се предомислив, си стои у фиока.
@ел1919 Не не, уште никаква не сум купила, чекав мислења тука + уште истражувам на Интернет и за другите четки И мене ми треба за едноставна употреба бидејќи косата ми е права секако, за фино фенирање + благо подвиткување на краевите на внатре Ти благодарам многу за мислењето