Јас ја купив ок е четката не е гломазна ама ти препорачувам да си земеш со поголема ватажа споро иде и сушење и виткање...
Дали некој ја користел четката ама и како фен за коса? Фенот ми е пред расипување па дали вака стварно се исплаќа да имам плус и четки за обликување ама и да можам како обичен фен да го користам
Може да ја користиш како фен но имај во предвид дека многу побавно се суши косата. Истата моментално во сетек е 1000 денари поефтина.
Здраво, вчера во Стокомак видов четка за коса копија на Dyson Airstrait од марката на Стокомак Stymee, беше околу 3500 денари не сум точно сигурна. Ми фати око па ако некој ја има пробано ако можи да сподели искуство. (не можам да најдам слика да прикачам)
Аааа офф, не е значи истовремено да суши и да пегла? Најдов видео. За ова зборувам. Го има некој пробано?
Фен четка GRUNDIG HS 6220, 1100W https://share.google/gRBvI7ITzqQda4fXA Оваа ја земав како ефтина варијанта и искрено се изненадив одлично ја прави косата, малце само еднаш два пати додека се навикнеш и топ е, верувам дека поскапите варијанти се усште подобри
Фен четка GRUNDIG HS 6220, 1100W https://share.google/uuk4rEIN7P7CRjer0 Оваа ја имам гледам доста слична е, не е ротирачка, јас сум презадоволна топ ја прави косата како фенирана на фризер Фуегото на сликата е доста по слабо 600w
Продавам дајсон HS05, купен од германија, користен 1година само. Доаѓа со сите додатоци плус дифузер за виткана коса и поголема четка за фенирање. Цена: 300€ (можност за попуст) праќам по карго.
Здраво,имам доста проблематична коса која по природа е виткана но само кога користам кремови и пени за дефинирање на локните иначе без нив ми е многу збуфната... Сакам конечно да одморам од хемија затоа што прво не е добро а друго многу време ми одзема средувањето на косата и на крај пак не изгледа средена Размислувам и ми треба помош од некој кој веќе има искуство со ваква коса,дали може да ми препорачате електрична четка со која ќе ја пеглам косата (замена за пегла) и автоматски виткач за коса(само што прави локни) Има некој кој веќе користел и е стварно задоволен?
Искрено да ти кажам не држат толку, посебно не на топлово. Јас имам природно тенко влакно и колку и да ја фенирам пак ми се витка. Пегла си е пегла... Подобро инвестирај во добра пегла, отколку да проаѓаш еден саат со четката. Башка не е толку едноставна за користење, барем мојата што е ротирачка.
Не мислев на ротирачка четка за фенирање туку на оние кои ја 'заменуваат' пеглата,исто како да ја чешлаш со обична четка,мислев можеби така ќе заштедам време
И јас имам проблем со немирна коса. Ништо не помага. Што да и правам повторно е бушава. Купив фен четка на грундинг од 1200W, појака, по препорака на фризер. Ставам лак за коса откако ќе ја испратам и права стои дури да одам на спиење.