Која четка е солидна за фенирање, имам долга коса, за да се прави и поголем волумен ? @Animali I @wannaBeMomma може ли да споделите искуство од која четка сте задоволни . Јас денес бев до Нептун ама кај нас слабо избор т.е имаше само една и се вратив без четка. Ме интересира дали убаво фенираат со волумен, и не ја плеткаат косата, за невешта во фенирање како мене дали се добри. Ако се добри вашите наредно идење во Ск да си земам од таму. Ви благодарам
Мојата е Babyliss. Оди во Сетек има голем избор, и оваа е од таму. Фенира со волумен и баш како од салон. А и брзо се фаќа редот како па е ептен лесно. Препорачувам
@anggell Јас се уште немам купено Немав можност да тркнам за Скопје, а сакам од таму дека има повеќе избор Сакам некоја без ротирачка функција, и јас сум невешта во фенирање сама со фен и четка, а сакам од време на време дома да си ја фенирам и да изгледа онака како од салон Имам кратка права коса, па сакам некоја едноставна, па ќе видам каква на крај ќе купам
Може слика? Не сум запознаена со овие четки, во исто време и ја сушат и ја фенираат косата ??? Одговара ли за права рамна коса, нешто како средна боб ?
https://www.google.com/search?q=bab...AKHb_ADdwQ_AUoAXoECA4QAQ#imgrc=vFCn-kTB-uSkjM Мислам оваа е, има плус додатоци ама јас само четкава ја користам. Ротирачка е. И одгпвара на секаква должина коса само што се добива волумен ефект а не права како со преса Мислам околу 3000 беше од сетек Јас ја подзасушувам малце со фен па фенирам а инаку може од мокра т.е засушена со пешкир
http://setec.mk/index.php?route=pro...10145&product_id=69508&mfp=manufacturers[24], Оваа ли е ? Те нападнавмевидов во другата тема иста должина имаме.Ја се покајав што ја скратив сега не можам на топлово со фен и четка брм,брм Ова е подобра опција,нели ?
http://setec.mk/index.php?route=pro..._10147&product_id=70968&mfp=manufacturers[24] Оваа Таман работа, топ инвестиција е. И плус и на жешково ми е ок со неа, зачудувачки.
Јас имам на Ровента и задоволна сум, преубаво фенира, само што ретко ја користам, зашто често идам на фризер.
Која е подобра четка за фенирање, конечно кај нас донесоа поголем избор, дали обична четка фен за фенирање или ротирачка четка за фенирање, разликата едната што врти сама додека фенира. Вчера не знаев која да ја земам, се мислам ротирачка да не ми заплеткува косата, ја така малце несмасна ај помош ќе ве молам
Треба да пробаш, малку заплеткува ротирачката, не дека не, јас затоа и не ја користам редовно, ама ако и фатиш тактика, можеби и ќе ти биде супер.
Јас земав една ама воопшто не сум задоволна не знам колку се ефикасни оние од лидлот и дали ровента е најдоброто решение?
За жал не секогаш ги има. Ги носат на периоди на различни места. Пример 2 3 пати годишно. Оваа година ги имаше скоро пред некој месец ама јас не земав бидејки веќе имав земено. Чинам дека не се лоши колекциите на силвер крест или како се викаа точно не запазив јас имав фен со години го користев ама мислам ко ровента или филипс нема подобро.
Јас ја купив оваа четка, супер е со оглед на тоа што јас ептен ама ептен сум невешта со фенирање, не ја заплеткува косата и убаво ја фенира. Само што не знам како да постигнам поголем волумен во коренот, имам долга коса, па дали од тежината или па до мене е, сеуште не сум фатила тактика .