Не можев да најдам тема за четки за исправување на коса, затоа доколку има префрлете го таму мислењето. Дали некоја од вас има искуство со оваа или друга каква било четка за пеглање коса? Ми треба нешто што не ја гори косата толку многу бидејќи секој ден ја пеглам.
Јас имам таква четка, не е истата од сликата ама работи на ист принцип. Преубава ми ја прави косата, често ја користам. Внимавај само дали моделот што ќе го земеш има јонизатор, разликата со и без јонизатор е огромна.
Можеш кога ќе имаш време да ми ја сликнеш четката одблизу да ги видам влакненцата? Во два правца фенира така ? Тенк ју
Дали некој има некоја од овие четки за фенирање да сподели искуство? https://www.neptun.mk/categories/FIGARO/PHILIPS-HP-8661--00 https://tehnomarket.com.mk/product/740626/ecg-hk130-ionic-chetka-za-kosa
Пред некое време ја купив оваа четка на Philips и после три користења можам да кажам дека ги исполнува моите очекувања. Косата ми е со повеќе волумен од претходно, не можам да речам како од салон бидејќи се уште не сум доволно умешна, се надевам дека со време ќе се научам подобро. исот така мене лично ми одговара што четките не се ротирачки. Најпрво добро е да се потсуши косата во корените со додатокот за сушење, а потоа да се обликува.
Ваков тип на четки ги бидува ли? Има некој? Гледам повеќето ги имате тие за фенирање ротирачките, а јас се сомневам дека ќе знам да ја користам таква ротирачка. Не знам да се фенирам, само ја пеглам. Ама сакам четка која ќе ја исправува косата ( иналу долга ми е косата) Искуство некој со ваква електрична обична четка како на сликата?
И јас купив пред некое време по толку мерак, еднаш ја користев и раце ми паднаа фенирајки се 2 пати ми се откачи четката и се откажав. Не ја пипнав од тогаш. Ако имате некој совет за побрзо фенирање и повеќе волумен ве молам да споделите
Не знам колку бујна коса имаш. Јас ја чешлам и малку ја сушам прво во коренот бидејќи ако почнам одма со фенирање ми треба повеќе време, ја делам на 3-4 дела и потоа секој дел на прамени исто како кога ја пеглам, полека надолу фенираш секој прамен и на краевите задржуваш (ако сакаш нанадвор/навнатре благо извиткан). Не знам како ти се откачила четката, ако е правилно ставена не може да се извади сама, нели има копче кое го стегаш да се извади Јас вака правам, види некој туторијал на youtube може ќе ти е повеќе од корист кога ќе видиш практично со некој сличен модел на четка.
Косата ми е ретка и ептен сплескана за глава и затоа мн брзо ми се мрси, плус шишките ми се лепат на чело од пудрата и ми се раздвојуваат. Инаку и јас ја сушам прво со фен во корен. А четката незнам како се откачи ама во глава ми остана Нема копче туку само се става на рачката и има запци да ја држат, копче јок Шо малер сум јас еј
Имам јас електрична четка и задоволна сум, ја користам од време на време. Како пеглана е косата. Се регулира температурата, но за да ми ја исправи косата, секогаш ја користам на највисоката температура, 230С. Имам пробано на 180С, но не се исправува добро. Провери до која температура загрева оваа четка и гледај да биде барем до 200С.
@Mimmi39 Ти благодарам на одговорот! Инаку каква имаш ти? Ако веќе ја бидува да не експериментирам и да купам како твојата! Слика има шанси да видам?