Јас почнав пред некој ден да гледам на јутуб за четкиве, ми се уврте во глава, па сеа гледам во нептун на акција е ровента, се мислам. Имам права коса, се фенирам со чешел, или со четки кога сакам волумен... не знам дали ќе ми биде уште една глупост за коса што ќе ја купам..
Да пишам мислење за четката на Ровента. @eli25 @M&M дека се интересираше во 40-ка и уште една членка, ама заборавив која беше Јас имам виткана коса, лелеава поточно, но тоа не е најголемиот проблем, колку што косата ми е дива, па дури и на фризер едвај ја исправаат. Со четкава немав мака, и тоа ко за првпат, прилично брзо се снајдов. Имав мака малку со копчињата за ротација, дури го погодам правецот, ама верувам наредно фенирање ќе биде полесно. Косата прво малку ја потсушив со обичен фен на коренот, после прамен по прамен ја фенирав на 2-ка, па менував на ладно фенирање. Ова ми е совет од фризер, пошто косата кога е многу жешка, може пак да се извитка, а ладното сушење го спречува тоа. Сѐ на сѐ, задоволна сум од резултатот, а искрено очекував помалку, знаејќи колку комплицирана коса имам. Е сега, мааните да ги кажам, кои не се толку страшни, ама на некој може ќе му значи. Првиот пат кога ја купив и отворив, испаднаа неколку влакненца од четката. Сега на ова фенирање не заприметив да паднат, ама ќе видиме во иднина. Друго, нема копчиња за да се пушти фенот, туку е како "обрач" на долниот дел од четката и се подесува со вртење. Мене ми е малку непрактично тоа, пошто не можам да маневрирам со една рака. Ама па сѐ е ствар на навика. Инаку има две четки за фенирање, јас се фенирав со поголемата. Исто има и јонизатор, што е супер и не ја разлетува косата. Така да, јонизаторот нека ви биде задолжителен доколку решите да купувате ваков или сличен производ. Подолу има линк од четката, јас ја купив од Нептун со попуст. https://www.neptun.mk/categories/FIGARO/ROWENTA-CF-9530-F0
И јас ја имам истата четка веќе неколку месеци и се согласувам со се што е напишано. Кај мене немаше никаков проблем со влакненцата на четката. Треба малце време додека да се навикне човек на копчињата за ротација и на тежината, не дека е претешка ама барем мене ми треба пауза од време на време. Сепак, косата ја прави мазна и мека како дополнителен регенератор да имам ставено. Иначе, јас не ја сушам косата во корените, туку ја фенирам по целата должина и на крајот од самото фенирање и корените се скоро суви.
Ооо имало специјална тема и за ова Фала ти ги гледав и на техномаркет, па ќе размислам. Малку сум скржавка, ама пак ако се купува поарно нешто испробано што знам дека го бива отколку да ми дреме дома а пак фрлени пари
А со овие четки истовремено се суши и стилизира коса? Дали само се исправа или може и благи локни? Сакам да купам ама не знам дали ќе ми врши работа. Исто ме интересира дали брзо оди сушењето? Имам долга коса до половина.
Дали некоја има искуство со оваа електрична четка или мислење дали е толку добра како во описот??? И за цената ми изгледа супер, ако е така како што пишуваат
Јас ја имам оваа веќе 7 години. Косата ја суши и фенира буквално како од салон да сум излегла влакното е мазно и сјајно. Вреди за секоја пара. Само што ја нема кај нас, мене ми е за подарок донесена.. Не знам дали може да се најде онлајн да се нарача.. https://www.vssassoon.co.nz/women/products/stylers/big-hair-1000-hot-air-styler
Искрено....не знам од кај ја порача сестра ми. Од друга фирма е сигурно. И поскапо ја плати. Околу 1 200.
@Makedonka007 Овие се копија на ревлон one step hair dryer, ги има на али експрес. Се викаат само one step hair dryer, погледнете на јутуб има рецензии.
Јас на Али Експрес по цена од 20$ ја најдов, поисплатливо е тука реално дека + на 2-3 страни гаранција даваат, ем на попуст.
Едно време ја имаше на eBay, ја имав барано за другарка. Сега гледам ја нема истава, има од истата фирма понови верзии ама за нив не можам да гарантирам.