Дечки дали некој има искуство со овие четки ? https://produkt.mk/product/електрична-четка-за-исправување-на-ко/
Здраво. Имам средно-долга коса и сум невешта во фенирање. Искуство со четкиве, бидејќи сакам да земам една од нив, ама се двоумам која ќе ми биде поедноставна за употреба? Доколку имате препорака за друга четка за фенирање од овој тип, би ви била благодарна ако споделите.
Ми испадна четкава на фб, многу евтина ми се виде. Немам користено до сега ваков тип на четки, искуства ваши? Некако скептична сум..
Еве мислењево над тебе се зборува за слична на твојата, ако не ме лажат очите. Дури твојата подобра е мислам.
Да ама оваа е на Ровента и 5 пати поскапа од таа јас што ја ставив. Затоа и прашав, има многу поскапи па се зачудив за оваа цена, многу ниска.
Ја имам истата само што јас поскапо ја платив и искрено практична е и ок е за тие пари не е лоша , само што превише бучи некако еве веќе година и нешто од како ја користам за фенирање, не се расипало нешто ако прашуваш за тоа
Јас ти викам да си ја купиш. Нема врска цената, твојата ми се гледа поквалитетна. Јас купив фигаро за 1000че од нептун, после некое време го наоѓам истово за пониска цена. Така да искористи си дека поефтино.
Пиши ни како си задоволна од кога ќе ти ја донесат Јех бе и за продавачка ме бива да влечам, убедувам муштерии Ве читав во тема "типови продавачки" и сите мазевте како мене убедливи. Ај да не бегам од тема, Важи маче ај ќе се чуеме.
@Tea678 ми најде уште поефтина. Нека стои како информација и тука за другите членки, се надевам не е проблем.
Јас ја земав оваа https://www.neptun.mk/pocetna/categories/FIGARO/ROWENTA-CF-9620-F0 но незнам баш да ја користам. Несмесна сум до даска, но добро е што не успеа ниеднаш да ме искубе или да се заплетка и покрај мојата несмасност.