@NarCis@ @IRBBB Фала ви за препораките, си ја купив четката на ровента и ок се снаоѓам (ко за почетник), само многу ми е нарлектризирана косата откако ќе ја исфенирам. Дали ставате на косата нешто пред употреба на четката и после? Пробав и на влажна и на сува коса и ја поминав и со четката на ладно дување и секако ми е наелектризирана, па добредојден ќе ми биде совет како да ја скротам.
Јас ја сушам косата влажна и исто ми е наелектризирана, но откако ќе ја исушам ставам маска на гарниер која се користи и како маска и како регенератор и на влажна и на сува коса.
Од дм, околу 300-380 ден. Мислам дека е најубава таа што е со банана, ама мене ми е многу тешка миризбата и не можам да ја поднесам.
Јас само прскам со спрејчето од Ревлон all in one и супер е косата. На крај некогаш ставам и масло за коса од Шварцкопф, ама Ревлонот и без тоа си врши работа.
Благодарам и јас го користев ревлонот за расчешлување, ама ми се потроши пред да ја купам четката. Ќе си го купам пак
https://www.neptun.mk/categories/FIGARO/GRUNDIG-HS-7080 Ја има ли некој пробано оваа четка? Гледам има јонизација. Таа на Rowenta е 7000 некако многу ми е па се мислам дали да ја земам оваа..
Која е разликата од обична четка која фенира на струја и саморотирачка четка на струја, може ли некој да ми направи споредба за која е подобра. Јас ја купив обичната пред година дена, добра е не дека не, тогаш многу се мислев, за саморотирачка не се одлучив мислев дека ќе ми се плетка косата, не сум спретна баш , сега сум на мисла и таква да земам. Оваа што ја имам обичната, многу бавно оди додека ја исфенирам, имам долга коса или можеби што не се снаогам баш Вие што ги имате пробано двете, која е подобра?
Нарачав елек.четка за фенирање на Revlon, преку Casa.mk од Фб. Мислам дека ќе брка работа, затоа што имам мека коса со мали локни, а и не ми е нешто долга. Си ја носам до рамена ( нешто под рамена). Сега уште да стаса и да ја пробам. Гледав видеа, и не е лоша. Ефтина е многу. Ако не ја бива ќе ја прежалам и ќе одам да поскапо. Дома сама се фенирам, ама прво ја сушам па фенирам, не ми се собира многу време , се на се околу 15 мин, ама ова го посакав дека може ептен по брзо да биде, а и ако одиме на одмор побрзо ќе завршам работа. Се надевам замислава што ја имам во глава ќе ми се оствари
Добра е таа само не е од Ревлон туку копија Јас ја имав, 6 месеци ја користев многу ми вршеше работа ама пред една недела ми цркна, тој вентилаторот внатре што е пукнал на 2 дела. И сега се решив за една од Нептун, ама во секој случај вреди таа за парите врши добра работа, само зависи каква ќе ти се падне. На некои им трае подолго време на некои помалце
Од една страна на фб ама не ми текнува како се викаше, инаку обично праткиве ако ги процесираат одма истиот ден стигаат за 3-4 дена максимум. Мене понекогаш и за 2-3 дена ми стигале.
Јас ја земав пред некој ден, не е ништо посебно. За да можеш да ка исправиш треба да ти биде скоро сува косата, оти ако почнеш на штотуку миена ќе и треба многу време да ја исуши. Јас имам мека коса , па лесно ја исправа. Ама немам време за губење, така што пак си ја фенирам.