Елон Маск конечно го купи Твитер за 44 милијарди американски долари. Ова е огромна промена во светот на социјалните мрежи, затоа што конечно ќе има мејнстрим платформа каде што ќе има простор за критика и слобода на говор, и каде што ќе нема цензура. Кои се вашите мислења? https://www.independent.co.uk/tech/twitter-elon-musk-sale-buys-b2065182.html#Echobox=1650888159
Мислам дека сепак нема да е без цензура и со баш неограничена слобода на говор . Но , Елон е по малку луд , па не би ме чудело ништо . На крајот , сите би биле задоволни доколку има мејнстрим платформа каде ќе има слобода на говор , и ќе може да ги слушнеме двете страни .
Твитер секогаш била таква социјална мрежа. Со менување на одредени CEO, притисок за блокирање на претседател на највлијателна нација, пандемијата и контролата за нејзино времетраење и заминување на едниот CEO што се залагаше за слобода на говор, тогаш почнаа работите да одат надолу. Оние медиумски куќи кои известија дека ова би било застрашувачки се плашат единствено од слободно мислење. Да биде уште понереално, тоа се „либералните“ медиумски куќи. Од што поточно се плашат? Самите се залагаат за либералност, а се плашат од истата? Не верувам дека ќе му се дозволи сè зошто и за социјалните мрежи има регулации, но можеби ќе биде чекор кон враќање на слободата на изразување.
Мислам дека не знај поќе шо да прај со парите па ај го купи твитер.. сега се зафркава за кока кола.. ама напрај и прај убај работи, па убо е да има нешто за забава
Елон е бејб Во толпа на сите досадни бизнисмени и селебритис, само тој е препознатлив. Ми се допаѓа неговата екцентричниот и лудост
Поддржувам секаква слобода на говор, освен онаа која вклучува навреди, омаловажувања и повици за насилство.
Tviterr i Elon mask interesna kombinacija ilon mask e sovremeniot Nikola Tesla patem gi razbral site patenti negovi
Како да не бил модерен Никола Тесла. Тесла бил иноватор, Елон Маск е бизнисмен, entrepreneur. Единствената разлика меѓу него и Ана (Делви) Сорокин, е што нему му успева да обезбеди инвестиции.
Елон Маск, иако е технолошки предатор и е човечки монструм од најголем неолибералистички калибар, не е само претприемач, туку е полимат и има познавање и вештини од разни домени. Студирал теоретска физика и економија, и владее со знаење од ракетно инженерство, преку вештачка интелигенција. до градежништво и соларна енергија. Секако, не во детали, и има познавања до различен степен за разните области. Впрочем, ни Стив Џобс, според Вознијак (неговиот партнер), не знаел да кодира, ама секако разбирал код. Не може да лансираш ракети без знаење од ракетно инженерство или гравитација, не можеш да изградиш хиперлуп, ако немаш познавање од тунели и возови, не можеш да произведуваш автономни автомобили, ако не знаеш како функционира машинско учење, не можеш да знаеш за соларна енергија, ако не се разбираш во фотоволтаици, итн. *** Не, автономните возила не се измислени од Никола Тесла, тоа е само „муабет“ и „мит“. Тесла имал идеи за технологија која индиректно влијае на развитокот на автономните возила, а некои други технологии, делумно имплементирал. Секако бил вонреден поединец, и во смисла на когнитивни способности и како личност.. Елон Маск го избрал Тесла за името на компанијата затоа што тој според него е прототип за вистински генијалец, и секако за да ја искористи „фамата“ на Тесла за да промовира „напредна технологија“, технологии и идеи кои се разработувале уште од 30-тите, од минатиот век. *** Елон Маск секако ги комбинира сите овие нешта, ум, без технологија, и без финансии, во современ капитализам не создава нов „бренд“. Дали сѐ што создава Маск е преценето? Секако. Споредете го само придонесот на „Џенерал Моторс„, за автомобилската индустрија, во однос на „Тесла“! Капитализмот функционира на основа на менаџмент и имиџ. Но, секако, не постојат само „чисти генијалци“, дури и во времето на Тесла не било тоа случај. Тесла, самиот себеси сакал да се прикажувал како „магионичар“. Едисон, кој му бил современик, бил познат економски предатор. *** Да се вратам на темата... Не мислам дека Елон Маск ќе воведе некаква нова „револуција“ во слободниот говор на „Твитер“. Во патолошки свет, каде лажните вести имаат поголема тежина од вистината (затоа што побрзо се шират), каде свиркачите се во затвор или им се заканува затвор, свет каде вниманието на гледачите е пократко од 10 минути, свет каде сите медиуми функционираат на основа на спонзорства и публика, и користат неврокогнитивни модели за истражување на реакциите на публиката, знаат што треба да кажат или не смеат да кажат за да ја зголемат, свет каде има армии од ботови, свет на спиндоктори, свет каде новинарите што некогаш добиле Пулицерова награда се тужени за своето истражувачко новинарство и организираат крауд-фандинг за да ги платат трошоците за тие спорови, свет каде пристрасноста на информациите се гледа како „имање став“ и „демократија“, „Твитер“ на Елон Маск, човекот кој го користи тој „свет“ за несразмерно да се збогати., сигурно ништо нема да смени, освен што ќе гледаме парада на акумулирање на огромни богатства во раце на поединци, и понатамошно зголемување на јазот на супер богатите и сите остани ...
Пред точно четири години. Мојот коментар „остарел“ добро. Единствено сум претерал со „полимат“, би рекол Маск е повеќе bullshi*er. Твитер практично е уништен. Но, од перспектива на сегашноста и по повод Први мај, да препорачам интересна анализа за тоа како Илон Маск влијае на концептот на капитализмот, трудот, и како функционира неговиот маскизам, всушност, наречен по аналогија на фордизмот, типичен за модернизмот. Авторите кои го смислуваат концептот маскизам, го третираат како посебен светоглед, артикулиран не на основа на еден „гениј-иноватор„ за кој тој сака да помине, туку како начин на организирање на производните процеси и општествените односи, како нова економска парадигма што допрва ќе се развива. Разликата со фордизмот е клучна. За разлика од него, маскизмот не цели кон широка дистрибуција на наградите во општеството и на синџир на фабрички работници кои во истовреме се конзументи на тоа што го произведуваат. Тој, наместо самодоволност, нуди поголема зависност од технофеудализмот, комбинација на технологија во корист на глобална мрежа на суверени кои ја замислуваат државата како фирма. (слично и како „Палантир“, Алекс Карп, и Питер Тил.) Типично за маскизмот: 1. Симбиоза со државата (не бегање од неа) Маскизмот не бара излез од државата , тој бара да ја колонизира и контролира државата. Долго пред DOGE (Агенцијата за државна безбедност што тој ја формираше“на почетокот на вториот мандат на Трамп, и со негова помош, всушност придонесе за неговиот избор), Маск обезбеди огромни договори и субвенции за своите бизниси. Авторите ова го нарекуваат „државна симбиоза". Најјасен пример е SpaceX, во 2025, компанијата е одговорна за 95% од сите американски орбитални лансирања и повеќе од половина од сите лансирања глобално, правејќи многу влади длабоко зависни од маскизмот. 2. „Технобезбедност" наместо слобода Маск продава „технобезбедност", сигурност преку енергетска самодоволност, надзор, роботика и вештачка интелигенција во еден параноичен свет. Неговиот деловен модел е да се врзе толку цврсто со државата до степен да стане незаменлив. 3. DOGE како интеграција, не штедење и ефикасност на системот Авторите не мислат дека DOGE иницијативата примарно е мерка за штедење, туку средство за отворање и интегрирање на делови од владата кои претходно биле изолирани, правејќи ги интероперабилни и достапни за интеграција на разни извори на податоци. 4. Ветување на суверенитет, резултат: зависност Јадрото на маскизмот е ветувањето на суверенитет преку технологија, кое всушност се претвора во прекумерна зависност од приватни актери. Педагошката корисност на Маск е во тоа што неговите изразени „квалитети“ нѐ принудуваат да се соочиме со тоа што значи да бидеме зависни од каприциозното одлучување на една личност (или група на супер богати поединци). 5. Иронија на либертаријанството. Маскизмот проповеда слобода на поединецот, напредот на основа на сопствените капацитети и способности, во држава која му остава максимален простор на индивидуалниот актер, а завршува како механизам преку кој супер богатиот поединец паразитира на државата, ја искористува и ја користи за сопствени цели.