1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Елон Маск го купи Твитер

Дискусија во 'Политика и настани' започната од ohridskoezeromkd, 25 април 2022.

  1. ohridskoezeromkd

    ohridskoezeromkd Активен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2022
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Елон Маск конечно го купи Твитер за 44 милијарди американски долари. Ова е огромна промена во светот на социјалните мрежи, затоа што конечно ќе има мејнстрим платформа каде што ќе има простор за критика и слобода на говор, и каде што ќе нема цензура. Кои се вашите мислења?

    https://www.independent.co.uk/tech/twitter-elon-musk-sale-buys-b2065182.html#Echobox=1650888159
     
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сепак нема да е без цензура и со баш неограничена слобода на говор .

    Но , Елон е по малку луд , па не би ме чудело ништо .

    На крајот , сите би биле задоволни доколку има мејнстрим платформа каде ќе има слобода на говор , и ќе може да ги слушнеме двете страни .
     
  3. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.451
    Твитер секогаш била таква социјална мрежа. Со менување на одредени CEO, притисок за блокирање на претседател на највлијателна нација, пандемијата и контролата за нејзино времетраење и заминување на едниот CEO што се залагаше за слобода на говор, тогаш почнаа работите да одат надолу.
    Оние медиумски куќи кои известија дека ова би било застрашувачки се плашат единствено од слободно мислење. Да биде уште понереално, тоа се „либералните“ медиумски куќи. Од што поточно се плашат? Самите се залагаат за либералност, а се плашат од истата?
    Не верувам дека ќе му се дозволи сè зошто и за социјалните мрежи има регулации, но можеби ќе биде чекор кон враќање на слободата на изразување.
     
  4. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не знај поќе шо да прај со парите па ај го купи твитер.. сега се зафркава за кока кола.. ама напрај и прај убај работи, па убо е да има нешто за забава
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Елон Маск сеуште го нема купено Twitter.
     
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.692
    Допаѓања:
    116.546
    Пол:
    Женски
    Нема да има простор за тоа.
    Џабе зборува.Нема да му дозволат да направи таква промена.
     
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Со здравје нека си го коландисва.
    Значи колку разлика ми напрај во животов... неверојатно!
     
    На Kimberly11, Hellobeautiful, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.300
    Пол:
    Женски
    Елон е бејб:inlove::inlove::inlove:

    Во толпа на сите досадни бизнисмени и селебритис, само тој е препознатлив. Ми се допаѓа неговата екцентричниот и лудост :rofl:
     
    На winnie02, Hecate и WildMk им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    И мене.
    Секогаш ми биле слабост брилијанти луѓе with a hint of a mental disorder :inlove: :D
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    595
    Пол:
    Машки
    Нека го купи твитер а и се што ќе посака, само му да не му текне да ја купи Фемина :)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Абе чул тој за Фемина... како не.
     
    На Цобра и Mikha4 им се допаѓа ова.
  12. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Поддржувам секаква слобода на говор, освен онаа која вклучува навреди, омаловажувања и повици за насилство.
     
    Последна измена: 30 април 2022
  13. Mikskmk

    Mikskmk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    Tviterr i Elon mask interesna kombinacija ilon mask e sovremeniot Nikola Tesla patem gi razbral site patenti negovi
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Како да не бил модерен Никола Тесла.
    Тесла бил иноватор, Елон Маск е бизнисмен, entrepreneur.

    Единствената разлика меѓу него и Ана (Делви) Сорокин, е што нему му успева да обезбеди инвестиции.
     
    На elimkd, Indiegurl, Anah и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mikskmk

    Mikskmk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    Pa dobro ama kolite sto gi pravat na elektricen pogon i samoupravuvanje se izmisleni od Nikola Tesla
     
  16. Mikskmk

    Mikskmk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    Mozebi e biznismen ama se sluzi so tie inovacii
     
  17. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.071
    Пол:
    Машки
    Елон Маск, иако е технолошки предатор и е човечки монструм од најголем неолибералистички калибар, не е само претприемач, туку е полимат и има познавање и вештини од разни домени. Студирал теоретска физика и економија, и владее со знаење од ракетно инженерство, преку вештачка интелигенција. до градежништво и соларна енергија. Секако, не во детали, и има познавања до различен степен за разните области. Впрочем, ни Стив Џобс, според Вознијак (неговиот партнер), не знаел да кодира, ама секако разбирал код. Не може да лансираш ракети без знаење од ракетно инженерство или гравитација, не можеш да изградиш хиперлуп, ако немаш познавање од тунели и возови, не можеш да произведуваш автономни автомобили, ако не знаеш како функционира машинско учење, не можеш да знаеш за соларна енергија, ако не се разбираш во фотоволтаици, итн.


    ***

    Не, автономните возила не се измислени од Никола Тесла, тоа е само „муабет“ и „мит“. Тесла имал идеи за технологија која индиректно влијае на развитокот на автономните возила, а некои други технологии, делумно имплементирал. Секако бил вонреден поединец, и во смисла на когнитивни способности и како личност.. Елон Маск го избрал Тесла за името на компанијата затоа што тој според него е прототип за вистински генијалец, и секако за да ја искористи „фамата“ на Тесла за да промовира „напредна технологија“, технологии и идеи кои се разработувале уште од 30-тите, од минатиот век.

    ***

    Елон Маск секако ги комбинира сите овие нешта, ум, без технологија, и без финансии, во современ капитализам не создава нов „бренд“. Дали сѐ што создава Маск е преценето? Секако. Споредете го само придонесот на „Џенерал Моторс„, за автомобилската индустрија, во однос на „Тесла“! Капитализмот функционира на основа на менаџмент и имиџ. Но, секако, не постојат само „чисти генијалци“, дури и во времето на Тесла не било тоа случај. Тесла, самиот себеси сакал да се прикажувал како „магионичар“. Едисон, кој му бил современик, бил познат економски предатор.

    ***

    Да се вратам на темата... Не мислам дека Елон Маск ќе воведе некаква нова „револуција“ во слободниот говор на „Твитер“. Во патолошки свет, каде лажните вести имаат поголема тежина од вистината (затоа што побрзо се шират), каде свиркачите се во затвор или им се заканува затвор, свет каде вниманието на гледачите е пократко од 10 минути, свет каде сите медиуми функционираат на основа на спонзорства и публика, и користат неврокогнитивни модели за истражување на реакциите на публиката, знаат што треба да кажат или не смеат да кажат за да ја зголемат, свет каде има армии од ботови, свет на спиндоктори, свет каде новинарите што некогаш добиле Пулицерова награда се тужени за своето истражувачко новинарство и организираат крауд-фандинг за да ги платат трошоците за тие спорови, свет каде пристрасноста на информациите се гледа како „имање став“ и „демократија“, „Твитер“ на Елон Маск, човекот кој го користи тој „свет“ за несразмерно да се збогати., сигурно ништо нема да смени, освен што ќе гледаме парада на акумулирање на огромни богатства во раце на поединци, и понатамошно зголемување на јазот на супер богатите и сите остани ...
     
    На elimkd и Mikha4 им се допаѓа ова.