Истоо. Емотивна личност сум и премногу емпатична иако тоа не го покажувам. Однадвор сум ладна и резервирана, а всушност душата ми е како памук, тоа ми е на некој начин одбранбен механизам, не го покажувам вистинското лице.
Јас сум многу емотивна личност. Постојано се расплакувам и се си земам при срце. Многу се сочувствувам .
Јас сум премногу емотивна, за ситница плачам и се си ставам на душа, во мојата глава сите ги мислам и ги "оправам", ама пред луѓето ретко го покажувам тоа, и воглавно повеќето ме доживуваат спротивно од тоа што сум суштински
Се сметам себеси за чувствителна и емотивна личност. Ме погодува кога некој се однесува со мене дрско, ако кон таа личност сум бил коректен, но исто така ме погодуваат неправдите најмногу поради фактот што не можам ништо да сторам.
Јас сум најемотивната личност во светот(според мене).А како помала да видев некоја другарка да плаче, ќе се расплачев по неа
Емотивна и емпатична сум,без разлика дали гледам реклами,филмови со тажни сцени,песни на радио,личности на улица,некој пост,цитат..знам да се расплачам на улица,дома,на работа,во автобус..
Не сум нешто многу емотивна... онака, нормално. Ме погодуваат неправди и не сакам неправедни личности во моја околина. И емотивен не значи по дифолт добар човек, тоа е заблуда. Баш често тие се неправедни додека се водат од чувствата.
Вода до тебе пиј и грутката во грло бркај ја назат да си оди Инаку тешко се спречува ако те погодува и тебе
Не плачам ама многу си земам се на срце. Пречувствителна сум, ми смета тоа многу. Постојано сум заглавена во мислите. Барем да плачам, да ми олесни. Ама не, сето го чувам во себе