Многу многу многу сум емотивна насекаде плачам не можам да се воздржам .... плачам на филмови,на слики,на текстови,плачам кога со некого се карам,плачам кога некој ќе ме повреди ама едноставно многу голема плачка сум дури и кога ќе објаснувам нешто што ме повредило на некого плачам знам дека тоа не е убаво и дека треба да се воздржам ама што да правам тоа сум јас Големата Плачка
Не успеав да ги прочитам сите ваши коментари, но согледувајќи го поголемиот дел се сметаат себе си за т.н. “слабаци“ . Луѓе... не е работата во тоа дека сте слабаци ... всушност ,со самото трудење да ги прикриете вашите чувства, вие само се трудите да ја прикриете вашата емоционална несозреаност... На човек кој подобро се разбира од психологија ,тоа не може да му се прикрие ... Не сакам нити да коментирам премногу ,сепак не сум јас сеуште дотолку обучена во оваа област .. Сепак девојки ,има многу начини како да се подобрите себе си ... Најдете се себе си Уживајте во животот, научете да се водите по чувствата ...научете да ја искажете љубовта без срам...дали со солзи или со насмевка не е битно.. КАЖЕТЕ !!!Љубовта е најбитното нешто во нашиот живот. Не дозволувајте чувствата да ги потиснете ,и потоа од тоа да настанат непосакувани последици...фрустрации,стресови,разни компликации.... Не ставајте на игнор се ..
Не сум исклучително емотивна личност. Не плачам, не ми одат солзи за работи кои сметам треба да ги исплачам. Не се замарам, како да сум без чувства. Пмс е веќе друга работа, фрчат емоции...Но настрана од пмс, сум многу ладна личност.
првиот пат кога како дел од мене да умре... CELO VREME MI SE PLACESE !!! како да ми умрел некој... па и донекаде така беше ама се воздржував, никој не знаеше за тоа, па затоа морав да се преправам дека се е ок. Емотивна сум, но не дозволувам тие да раководат со мене. Умеам да бидам ладнокрвна кога треба
Емотивна сум премногу, дури повеќе од што треба, но знам да се контролирам и во моментите кога е потребно глумам ладнокрвна. Не дозволувам секој да ги види моите солзи и знам да оставам впечаток дека се е во ред со мене и дека сум среќна дури и кога целиот свет ми се руши.
Премногу сум емотивна и сум голема плачка. Плачам на филмови, на песни, кога ми е криво за нешто, кога се чувствувам лошо... плачењето ми е најдобар начин да се олеснам. Плачам сама дома, плачам и пред други луѓе. Штом нешто многу ме погоди солзите сами потекуваат и гласот ми се менува. Мразам што е така, но што можам да правам
Не сум многу емотивна, никогаш не ги покажувам моите емоции затоа што тоа го сметам за голема слабост, едноставно кога сум тажна имам само една лажна насмевка на лицето и сите и веруваат. Единствено кога сум нервозна сите можат да видат затоа што сум многу живчана особа, а многу лесно можам да сочуствувам со некого и лесно можам да ја сфатам и да се соживеам со неговата расположба.
Емотивна... кога бев помала не бев воопшто. Бев мало камено девојче кое изгледаше како да не му е гајле за ништо. Како што си растам (се тешам дека уште си растам ), таа емотивна страна кај мене станува поизразена. За неубаво не плачам секогаш... не ме погодуваат неубави работи. Не ме погодуваат ниту работи кои би можеле да ме повредат или навредат, затоа што не ги регистрирам таквите забелешки. Најчесто пуштам солзи или бар ќе ми се насолзат очите на некоја убава сцена од филм или убава сцена од вистинскиот живот.
Порано бев многу емотивна, плачев и се нервирав за секоја глупост.После некое време сфатив дека луѓето различно ќе ме гледаат доколку се воздржам од покажување на емоции.И така фино, почнав да си градам нешто како невидлив штит кој ќе ме заштити од влијанието од луѓето и работите околу мене.Сега повеќе не плачам за ништо и за никого, а порано знаеше и најобична песна да ме расплаче.Признавам, плачам само во некои моменти, кога животот ќе ми се чини како да ми приредува премногу нервози, ама секогаш плачам сама и кога не ме гледа никој....
НЕ сум емотивна личност. Кога ме повредуваат или кога губам некоја личност никогаш не дозволувам да види колку сум слаба и дека цел свет ми се руши, туку спротивно, одам со крената глава за да ја види мојата храброст. Дома пред мајка ми исто така не плачам, ниту на само, затоа што никој не ги заслужуваа нечиите солзи. На работи кои ме прават среќни уште помалку плачам, односно не плачам. Мислам дека тие моменти се за да споделиш насмевка, а не солзи. Така да се‘ на се‘ јас никогаш не плачам, и целиот гнев и нервоза го чувам во себе(а тоа е лошо), па потоа резултатите ми се познаваат во физичкиот изглед и псигхичкиот , се разбира.
Вага со подзнак риби месечина рак емотицна комбинација,а јас толку не емотивна личност.Во јавност никако ама никако не може нешто да допре до мене за да ми навријат солзи во очите си ја мразам оваа особина многуууу.
Јас сум ти брате чудесија. На емоционален план сум неонка и може да се рече фрижидер. Прво, во моментот на случување сум статус кво. Исто како и ништо да не се случува (така изгледам однадвор). Зависно од настанот во внатрешноста имам емоции. Тажна сум, криво ми е, љубоморна сум, среќна.....но, сепак секогаш разумот ми ги надминува емоциите и ги варам работите такви какви што се. И трагедиите и среќните работи ги сфаќам како реалност. Како човек и јас понекогаш пукам и се прелива чашата и покажувам солзи, но тоа е ретко. Најтешко ми е да ги искажам емоциите на љубовно поле. Не дека не сакам, таков ми е карактерот, ладен и колеблив
Tи и твојот дечко не смеете да дозволите една кокошка да ви се метка во врската едноставно кажи му него каква е и дека може да проба да ви радипе работа и тој ќе знае иначе и јас сум емотивна многу плачам кога ми е тешко еднаш од среќе плачев хахаха , а не се сеќирај за неа така што зборувала ќе му се врати дупло
Пред никого досега не сум искажала емоции....кога сум сама ќе се изплачам,ќе ми олесни...и никако не можам да бидам тотално слободна во љубовта...не ги искажувам емоциите толку секогаш е дечко ми тој што го прави првиот чекор ....не сакам да сум таква ..но што е тука е
Дури и сама не знам дали и колку сум емотивна... Понекогаш за крајно среќни ситуации или големи трагедии знам да останам камен, без ни израз да сменам, а некогаш и еден кажан збор знае да ме ме доведе до емотивно лудило...(исклучувам пмс) Бев премногу емотивна претходно, и не ми носеше добро па ја сметав како лоша особина која морам по секоја цена да ја искоренам...И се трудев, наоѓав начини, глумев колку можев, за еве сега да дојдам на ова дереџе Не сакам премногу емотивни особи, ги гледам како темпирани бомби кои не се знае кога ќе се активираат и колкава штета ќе направат...Секогаш сум имала проблем со нив, ти едно зборуваш тие друго ''чуствувале''...ок...Иако и јас понекогаш знам да бидам таква, но ретко... А и оние од другата крајност ме плашат, не се наоѓа утеха во нив која кога тогаш ќе ти биде потребна... Златна средина...
Мхм,порано бев повеќе,значи буквално го чекав моментот кога ќе останам сама за да си ја олеснам душата,плачев на се и сешто,пример на свадба на Цреша се од корен корнеше абе незнам се убивав од плачење,некој ќе споедели некоја трагеднија или лоши моменти со мене јас си почнувам,што уште да ви кажувам но ! увидов дека оваа особина не ќе да е на арно,и сега сум премногу сменета во тој поглед,понекогаш сум онака ладна ама навистина,некогаш пак ми доаѓа тој нагонот ама се воздржувам
мн сум емотивна ама го кријам тоа ...може и еден најобичен лош збор или критика да ме повреде и цел ден да бидам даун..не е на арно толкава емотивност
Секој за себе вика ЕЈ ЈАС СУМ “ЕМОТИВНИОТ„. Многу мој машки пријатели викаат еј па знаеш јас само така колку да ја освојам женска ми. АБЕ АЈДЕ?! оф топик !!ова повлекува голем оф топик! Глумат шпански серии и сеанси ради тоа што едноставно девојките го напнале со тоа.Исто и со брендовите.Стереотипи на овдешното општество.Значи адидас и најк компаниите никогаш во историјата немаше во Македонија да профитираат толку ако не се појави тој еден тренд од странство кај нас и да напињаат женски за тоа дали носиш патики од фиренца или од амстердам дали си дал 500 или 1000 евра ако си дал 1000 евра БАШ СИ СЕКСИ ! .. -.- ...? до каде бе ? он топик .. Да .. плачам за женско,копнеам за љубов,посакувам секс ...ДА..не кријам .. го кажувам тоа не само на форум и во живо ...и сегде верувам дека од кајгана луѓето ќе ме препознаат фала однапред Љубовче
Емотивна сум,но и цврста истовремено...не ја кријам мојата среќа,мојата болка,моите чувства.Не можам и да сакам,а пробувам да го променам тоа.Често ми потекува солза и од тага и од радост. Убаво е да се искаже секоја емоција,полошо е да се затвориш во себе и да ги негираш чувствата кои тлеат во тебе и се преправаш дека не се тука,едноставно се негираш себе си во тој момент,го негираш она што е во тебе.Сепак се прифаќам смирено.Убаво е кога човек е емотивен,не сакам луѓе оперисани од осет и не знаат да покажат никаква емоција.Ма да во последно време од сите случувања и околината околу мене како да сум ставила оклоп врз себе и се штитам а незнам ни сама од што,или пак од се... Сепак чувствата не прават луѓе,и човечки е да бидеме емотивни а не спротивно од тоа.