1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емотивност

Дискусија во 'Психологија' започната од jasmince91, 11 октомври 2010.

  1. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Ич не сум емотивна, дури и си се чудам на себе како ништо не ме погодува.....тешко се сврзувам за луѓе, а лесно се оделувам и неможам да се сетам кога последен пат сум плачела од така :sweat: Незнам што ми стана во периодов ептен сум ладна :(
     
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Премногу емотивна сум.Дури и овде на форумот ме научија како ваква личност.Порано бев како од камен но како одминува времето јас се повеке и повеке станувам емотивец.Ми велеа да го променам тоа но колку и да се трудам не можам.Животот ми донесе премногу удари за мои години а јас сите војни ги загубив.Иако се трудев да победам некогаш сепак на крајот јас останував поразена.Секоја навреда ме расплачува,филм,песна,случка...Не можам да отидам и на свадба зошто знам дека ке залипам секое време.Сум се отварала пред другите зошто не сум можела да го издржам притисокот но подоцна кој и да ме теши пак преминува на старото.Не се сожалувам но што да правам кога ми доага од душата.Сепак се работи за чуства.
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Емотивец голем станав.Бре ама го мразам ова! Ги жалам сите,за се ми паѓа тешко. ;(
    Порано не бев до волку.Дури и ич.Пред друг емоции никогаш.Колку силна особа бев,патам сеуште по тоа време.
    Ама по неколку животни удари,и по наоѓање во ситуации за кои ни на сон не би ми текнало дека ќе ме погодат мене,како да ми искристализираа многу работи за кои никогаш не помислив.
    Можеби сум исмевала некој како бил облечен ама денес кога ќе видам некој таков-си велам ,а можеби нема :^) можеби тој не сака да е таков облечен можеби нема,и ова му е единствен избор!
    Ете така си с е претворив во голем емотивец :envy: Жалам и за луѓето што просат,жалам и за луѓето што никогаш не биле на шопинг ,на море,што немаат телефон,компјутер, итн.......Велам- Господе зошто и тие да не доживеат,со што се разликуваат од другите? И секогаш оној нагон за помагање кај мене.Колку можам помагам иако 10,50 денари,сок или баничка не вршат работа.Но ми доаѓа убаво на душата,за миг си помогнал некому.
    Почнав да си плачам за се и сешто,само ако некој ми се обрати на повисок тон! Филмови пак што да ви кажам,плач плач ,одма!
    Не сакам и не сакам!
    Убаво ми беше порано а вака се секирам за секој.Некогаш и премногу ме оптоварува емотивноста и ја доживувам како мој проблем со кој незнам како да се справам :envy:
     
  4. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Уффф... доста тешка тема за мене. Немам проблем со искажување на позитивни чувства но кога станува збор за негативнит - махер сум за криње.
    Но воопшто нема потреба и за криење! Кога ми енајтешко, ми доаѓа да вриштам и плачам од нервоза јас не можам да испуштам ни една солза. А сакам да се исплакам убаво и да ми олесни, но не можам. И јас самата не знам зошто.
     
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Исто исто.
    Кога ми е тешко, често кријам добро дека сум во ред и само мајка ми може да ме познае кога не сум, кога сум добро. Друг не!

    Не сум емотивна, не многу да речиме, ретко кога покажувам емоции, но тие се собираат во мене и некогаш пукам, а пукам еднаш, два пати годишно само, врескам на глас, плачам(а плачам еднаш во две години, значи ич) а незнам на што се должи ова.

    Сакам кога ќе ми е тешко, да можам фино лепо да си се изнаплачам бре, како секој нормален човек, сакам да можам да бидам поотворена, и да зборувам за себе, за како се осеќам, но не можам, не можам.
     
  6. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Ма ти си била супер, јас немам заплачано 5 години. Толку вкупно. Последен пат кога плачев беше на погребот на дедо ми, пред 5 години. Навистина језива глетка беше тоа.
     
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Според некои личности сум ладна личност,но тие очигледно не ме познаваат,незнам како може да не ја почувствувале после толку време мојата топлина...Но јас уствари сум многу емотивна личност што во многу ситуации ми пречи :?: Ама срцето не ми дава,таква сум,одма се нажалувам,се соживував,ако некој ме навреди си го ставам при срце,лесно се расплачувам,особено ако се работи за личност која ми е блиска...Тоа и ме уништува. :( Силна сум кога треба,ама понекогаш,од тоа што плачам не можам да се доискажам и останувам неразбрана.А јас не можам...Треба да се смирам,па да продолжам да правам нешто.Не можам да се воздржам.Освен во идната моја работа,таму не се поддавам емоциите да се на прво место,мора да реагирам итно,иначе ќе загубам некој.Секако ми е жал и сакам да помогнам,но да се запазам при себе е најбитно таму.Посакувам да не бев таква...ех,кога сум дете од љубов,тоа е,се собрале во мене,шта чеш...
     
  8. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    Емотивна сум и тоа многу!Незнам зошто :o Кога баба ми ми раскажуваше колку тешко и било поано очите ми се насолзија ;(
     
  9. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    1.603
    Гледано од страна сум ладна, рамнодушна личност што стално е насмеана..Ама тоа е само така за личностите што ме гледаат и не ме познаваат...Претерано емотивна личност сум, многу ситничарам и за нешто коа некој ни на крај памет не го става, можам да се почувствувам глупаво..Знам дека не е добро ама навикната сум секогаш да е како што ќе кажам и ако нешто не испадне по мое, или некој да ми го повиши тонот се нервирам, т.е одма се расплакувам :worried: Емотивноста највеќе ми пречи на работа, зш коа ке ми направат нешто, ми се насолзуваат очите, заплачувам и од вознемиреност неможам да го кажам тоа што треба :@ На времето бев ладна како мраз, ништо не можеше да ме повреди ќе се исплачев еднаш во два-три месеци и после си терам....ама сега ни Л од ладноста што ја имав :worried:
     
  10. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Пре-емотивна. Сметам дека е непотребно да сум до толку. Уште да најдам начин да го променам тоа.

    Ај што плачам за се и сешто, што се измачувам за работи за кои 89% од светот не ги ни помислува, највеќе ме нервира кога од нервоза почнуваат да ми течат солзи... не плачам, ама ми течат солзи... сум била во некои понезгодни ситуации во кои не сум можела да ги додржам... и изгледало безвезе.... :worried:
     
    На Gaabbii му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    2.036
    Незнам дали дојде со пубертетот или со тоа што почнав да ги сфаќам вистинските вредности на работите но морам да признаам дека не сум така ,,тврда,, како што се претставувам...често знам на добра балада да се подзамислам и да заплачам, да размислувам за нешто и да се подсетам на некој или нешто и да се растажам...станав емотивна но сепак има и еден силен дел во мене кој не плаче за се и сешто и не се предава толку лесно :) но сепак како што и во една друга тема напишав...Никој не умее да го искаже она..што може да го исплаче :)
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Прилично сум емотивна и многу лесно можам да се расплачам.
    Но, заторена сум во себе и спрема другите тешко ги искажувам емоциите и она што ме мачи.
    Многу ретко знам да се исповедам на некого и знам дека е лошо се да чуваш во себе, но секогаш најпрво се обидувам самата да најдам решение.
     
  13. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    јас не сум од оние што плачат многу
     
  14. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Мислам дека сум најемотивната личност што постои, но сепак не го покажувам тоа секогашш...
     
  15. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Емотивноста ми е јака страна. Се`, ама буквално се` буди емоции во мене. Да се опуштам и да пуштам некоја солза не можам пред други, само пред оние кои ми се драги и кои ме знаат каква сум карактерно.
     
  16. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Претерано сум емотивна.Воопшто не си ја сакам таа особина зошто многу често ми се случува да плачам за работи кои не вредат.Најмала ситница или некој збор знаат толку да ме повредат што едноставно солзите сами ми доаѓаат.Единствена добра работа е тоа што ваквата слабост не ја покажувам пред другите,туку најчесто се затворам во соба,пуштам некои тажни песни и си ја олеснувам душата.После тоа се чувствувам како нова :)
     
    На Allthatglitters21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Незнам дали има поемотивна личност од мене,премногу сум емотивна премногу.Плачам многу често,и за убави и за лоши работи,и за безвезни работи :$ :D
     
  18. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Не сум најемотивната личност на светов, но сепак доста сум. Често знам да заплачам на нешто тажно и да се израдувам на нешто убаво. Ги мразам оние луѓе кои што ни на живо се смеат, ни на мртво плачат. Не сум таква и често некои ситници знаат да ме трогнат и да заплачам или да се насмеам, зависи. Пред други, најчесто се обидувам да не плачам, но пред најблиските често плачам по некоја караница или слично. Сметам дека не е добро да се биде голем емотивец затоа што не е убаво на било што веднаш да се плаче итн. Не сум многу рамнодушна, но зависи на што и како. Некогаш од нервоза ми се има случувано да заплачам, но потоа како ништо да не било. Најчесто плачам и сум многу емотивна на некои ситни работи кои најчесто доаѓаат од небитни луѓе. Ми се насолзуваат очите на тажни сцени од филмови и некои балади. :)
     
  19. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.639
    Допаѓања:
    240
    Пол:
    Женски
    Не сум најемотивната личност на светов, но сепак доста сум.
     
  20. Mija

    Mija Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    25
    Порано бев страшно ладнокрвна личност....многу многу ретко плачев,успевав се да држам во себе и само после некое време ке се затворев во себе и плачев со часови.....а сега сум контраст па незнам како е можно ама каква плачка сум станала....плачам на филмови,плачам на убави работи,плачам кога некој ке ми се скара ....абе на се незнам некое чаре? Сакам да сум пак старата јас..... :(