.. ......премногу, риба сум во хороскоп.... .. ..Елементот на рибите е водата и како воден знак вие сте многу емоционални и одговарате на предизвиците преку чувствата, а не преку физички, практични и интелектуални дејствија. Во љубовните односи сте нежни, верни и романтични, но само додека партнерот чува во себе си некаква таинственост. Кога таинственоста исчезне веднаш се разочарувате и тргнувате во потрага по нов партнер - идеалниот....... .. ...за се што правам или сакам во животот сум понесена од моите емоции кои се моја движечка сила.... .. ..секогаш и моите емоции не можам да ги скријам и ми се одразуваат на лицето.....ако сум тажна одма сум намуртена и со спуштени очи,ако сум среќна сум со голема насмевка и сјај во очите,......многу лесно другите можат да ми ги препознаат емоциите...таква сум мејд ин битола...хахаха.....
па мислам дека не е хумано да немаш емоции секој човек има емоции се разбира некој поизразени некој помалку изразени но се зависи од емотивниот интелект и од начинот на кој што се справува секој еден со нив. Најпрвин треба да се направи разлика од лошо до лошо се разбира дека лошиот збор не е добредојден и секогаш звучи непожелно но тоа исто така зависи и од многу други работи како на пример кој придонесува тоа да се случи или кој директно тоа го прави, секогаш треба да се постапи разумно и да се размисли зашто и со која причина таа личност ве повредува, потоа многу е битно кој го кажува тоа неможе некоја небитна личност која намерно затоа што знае дека си емотивен\на и сака да ти го расипе денот, а сосема е поразлично ако тоа ти го каже некој близок што ти значи...има низа од причини што можат да се набројат на пример од љубомора, од досада , личност која повредува често не само тебе но и дургите околу тебе...има низа од причини поради кои што некои луѓе едноставно не се вредни за да добијат нечии солзи, во секој случај треба да ги насочуваме позитивните емоции во животот, затоа што е кратко а жално би било да биде искористен во тага
Емотивна сум до немајкаде, но често испевам да ги „блокирам солзите„ посебно кога е во прашање гордоста
Нормално е да бидеш емотивен ама до граница.Мене емотивноста ми беше проблем,јас ја преминав границата и заради тоа си направив милион проблеми,и морав да идам на психијатар и да примав терапија,ама сега е подобро,а и уште подобро ке биде. Може звучи смешно терапија за емотивноста,ама мене тоа ми беше психички проблем,ама полека полека е подобро.
Премногу сум емотивна и многу плачам,ама кога ќе се исплачам се чуствувам посвежо,подобро, но некогаш мораш да бидеш силна и да не плачеш за да се спротиставиш на проблемите!
Cум емотивна , ама гледам да не го покажувам тоа....Mногу луѓе знаат да си поиграат со емотивните личности и затоа сметам дека подобро да си ги зачувам моите чувства за мене...
Многу,многу сум емотивна и во одредени ситуации ми пречи многу. Се обидувам да бидам посилна,и поиздржлива но за жал неуспевам .Многу плачам,многу се нервирам и лесно разочарувам. Кога сум тажна или нервозна одма ми се забележува на лицето и тоа ми пречи,но таков карактер сум. А и во последно време премногу сум нервозна,многу плачам и сите околѕ мене ми смеетат. Се надевам дека оваа само ке ми е период и ке помине
Знам да бидам емотивна,ретко а и кога сум емотивна,тоа никој не го забележува едноставно се однесувам нормално.Но кога ќе ми дојде преку глава тргај ми се од патот
знак скорпија,подзнак риби..премногу емотивна.Се одразува тоа на мене многу,дури и се прашувам што ќе правам кога допрва ке дојдат многу потешки моменти во животот..
Епа за среќни работи не плачам, ама за тажни секако. На филмови знам исто да пуштам по некоја солза Емотивна сум, ама не многу
Пред неколку години плачев многу многу ретко, само кога сум нервозна така се смирувам сестра ми ми се смееше демек сум плачела затоа што таа победила и јас плачам ама не. Сега во последно време трпам многу нервози и за се нешто плачам, за се се нервирам и се допира до мене на најлош начин. Баба ми која е болна кога и да отидам кај неа, јас кога ја видам веднаш плачам, ми текне нешто што сум направила ете ги солзите.Премногу сум емотивна.Пред малку читав една тема на фемина за тоа како ги заборавиле партнерите јас будала се расплакав, незнам што ми е какви ми се тоа живци.А и да и сега имам солзи во очи...Будала луда.
Не си ни будала не си ни луда ти си само една добра чувствителна личност која сочувствува и има разбирање за секој, да беа сите како тебе може ќе беше по нормален светот, инаку само луд човек нема чувства а ти си живо суштество кое чувствува искрено. И јас сум плачка се ме погодува и добро и лошо толко се узнемирувам па морам да пијам Б6. Мислам дека тоа дел од секој човек кој мора да го преброди и да живеее со него. Самоконтролата е многу битна во одредени ситуации, истотака и твоите да те советуваат од тој аспект многу ќе ти помогне да ојачаш, и да ги разбереш некои работи. Биди цврста и сигурна секој го може тоа
Денеска литл почна на сред час да си плаче . Емотивна сум ,тешко можам да го држам тоа под контрола и толку сум емотивна што некогаш плачам и кога сум лута . Плачам и кога ќе се сетам на некоја случка или личност што не е повеќе до мене.Тоа ти е јбг(изв)
За убави работи, не плачам многу.. Повеќе се смеам на такви моменти А нешто што не ми се допаѓа, нешто што ќе м инаправат лошо.. Секако одма доаѓаат солзите..
Емотивец сум, голем. Или да не речам, плачка Пред други не плачам. Со чест на исклучоци мајка ми, татко ми, дечкото и братучетка ми. И, тоа во некои екстремни ситуации, кога нешто навистина ме мачи. Инаку секој месец во ПМС, плачам. На книга, плачам. На филм исто. Ама ова плачење јас си го нарекувам позитивно оти после се чувствувам како нова.
Луѓето ме знаат како крајно ладна личност, скоро без емоции. Ретко плачам пред други, скоро никогаш, а всушност - голема плачка сум, кога сум сама. Често плачам за ситници кои веќе ме расплакале милион пати, а знам да заплачам и на некоја добра книга (поретко филм) - особено ако ми го „погодат“ денот
Нема врска! Што ако си емотивец? Мене лично ми се допаѓаат машки кои што ги искажуваат емоциите. А како поинаку? Да се затвориш и да немаш емоции, како би изгледало тоа? Не е педерски, човечки е. Секој нормален човек има емоции. Е сега, не ги поддржувам таквите што плачат за секоја ситница, ама доколку ти е навистина тешко, тогаш е разбирливо.
Голема плачка сум станата и си го мразам тоа кај себе Не бев ваква незнам што ми стана..И за најмала ситница одма очите со солзи неможам да се воздржам, без разлика каде се наоѓам..