Хормони, а и пред доаѓање на пролетта сите се поемотивни. Гледам на тоа вака: Подобро емотивен него депресивен
Ааа немој така.Не си во право,ниту е геј ни ништо,напротив е добро. Јас не гледам ништо лошо во емотивноста кај мажите,ми се допаѓа многу за разлика од некој бесчувствителен и студен тип.Зошто да се чуваат емоциите кога е многу подобро да се покажат па ако треба и да се заплаче кога е многу тешко. Пусти предрасуди за мажите дека не треба да плачат и покажат емоција
Јас би ти кажала, дека оној што е таков емотивен, романтичен, смирен... тој е во правата смисла човек. Секој еден ден ќе си најде сличен на себе и затоа верувам дека и твојата девојка, идна сопруга ќе биде твое надополнување. А ќе дојде се’ во свое време, можеби сеуште не е пристигната во твојот живот. Важно ти во никој случај не се споредувај со другите машки, не се прекорувај поради таа своја особина што другите девојки тоа не го сакаат, туку сакај се себе, зашто емотивноста е доблест. Доблест на оние со големо срце . Од свое искуство, баш напротив, мене отсекогаш ми се допаѓале тие момчиња. Оние кои беа мирни, кои многу не зборуваа, чиии зборови беа одмерени и секогаш на место...Не знам можеби дека сум била и јас иста, па затоа сум барала сличност на себе. И фала му на Бог, денес го имам оној кој е мое вистинско надополнување, мојот сопруг .
Серафима фала ти многу за оптимизмот што ми го даваш,и за твојата подршка дека треба да останам емотивец,но сепак во реалноста барем според мене не е најдобро,особено за машкиот пол зборам,едноставно не ги интересира такви типови на дечки,со чест на исклучоци како што си ти и некои други девојки,но и таквите се ретки во денешно време,за жал таквите остануваат сами,но што е тука е нема предавање само напред. Како што кажав тоа сум јас.
Витомир тоа што си емотивен не е ништо лошо.За мене вистински маж е онај кој што не се страми да си ги покаже чувствата,знае да заплачи,со еден поглед во очи да можам да ја видам неговата искреност.Верувај многу ми значи тоа отколку некој мачо тип кој што со сила се прави нешто што не е.И не си геј ако изразуваш ќувства и емотивност,баш напротив ти си маж во секаква смисла на зборот .Како што ти кажа и Серафима ти гордеј се со таа твоја доблест бидејќи верувај иако сега не ти се чини така има доста девојки кои што знаат да го ценат и го бараат тоа кај машките.Така да имај само повеќе самодоверба и сигурна сум дека набрзо ќе најдеш некоја која што ќе знае да ја цени твојата емотивност.
Премногу сум емотивна. И ако продолжам вака, ќе си страдам цел живот. Затоа што колку повеќе им угодувам на луѓето околу мене и сакам да се среќни толку повеќе животот ми враќа најкатастрофално што може. Премногу се зближувам со луѓе а после ми е мака коа ги нема. Тоа ми е многу лоша особина. Сакам да ја снема и да почнам да се сакам само себе и за никој да не ме заболе. Али џабе ми е,колку и да пробувам. А гледам дека се повеќе и повеќе страдам...
Потполно иста сум, баш иста! Неможам веќе да издражам, нервозата ми се одразува на лицето, стресот исто така, мислам дека толку емотивна личност како мене не заслужува толку проблеми!
Морам и јас да се согласам со погоре напишаното мислење на пеперутка. Ептен премногу сум емотивна и мислам дека тоа се должи на фактот што ми се имаат случено многу неубави работи. Гледам на сите да им угодам, да им бидам од корист за да не добијам ништо за возврат и се чувствувам безвредно. И веднаш си се затварам во себе и 1000 мислачки имам на ум. Ем многу плачам, ем нервозна сум. Но фала богу, во последно време научив да се контролирам, па кога ми е тешко си пуштам некој тажен филм за да се изнаплачам на раат и да неморам на некој да му давам причина.
Истиот проблем и кај мене... Многу лоши работи ми се имаат случено за да се радувам на убавите нешта. Некој да дојде радосен кај мене за да го ислушам, мене ќе ме изнервира неговото/нејзиното вриштење и започнувам кавга... Мојата ироничност е се поголема и поголема. Навистина не знам како да си помогнам. Ќе пуштам некогаш весела музика да се опуштам и развеселам но, тоа ми одмага. Ако има некој совет нека го кажи веднаш и овде хехе
Јас си најдов еден начин некако да го оттргнам цело мое негативно влијание... значи не ме смирува во целост али понекогаш делува. Си напишав на лист што треба уствари да направам во мојот живот и како треба да постапувам кон работите...На пример дека треба да учам и дека колку повеќе учам толку полесно ќе ми биде со испитите и дека коа ќе си средам се ќе одам на некое патување или дома (пошто студирам во странство) или пак на пример да оставам некои работи спонтано да одат,да не брзам и да не очекувам и да не се надевам многу затоа што така помалку ќе се разочарувам...итн итн.Гледам да ги применувам работите што ги напишав и секој пат коа ми е тешко си го читам тоа што сум си го напишала и да ви кажам делува. Пробајте.
Под дејство на сите немили настани кои ми се случија изминатава година и под дејство на лековите.... сум станала емотивка прва класа. Чудно. Би рекла Ова не сум јас, но од друга страна се чувствувам пријатно и како дома во оваа кожа. Тоа е, се менуваат луѓе
Не користам никакви лекови но го мразам тоа чувство на депресија. А воедно и го сакам. Затоа што се одделувам од луѓето и самотијата ми годи. Но, со мојата самотија следи депресија. Ужасно и убаво чувство во исто време . . .
^Мојата емотивност не ја поистоветувам со депресија, да не се сфатиме погрешно. Само потопло реагирам на одредени ситуации.
Порано бев многу емитивна, но сега откако се скарав со другарките веке не сум емотивна како што бев порано, сега и незнам што и да ми се случе, чудо ке биде јас да се расплачам..
Ептен сум емотивна.За се плачам и се расплакувам.А,не сакам да сум толку слаба личност.Сакала или не јас заплакувам пред било кој.Едноставно не се контролирам,не можам.Давам се од себе ова да се смени се надевам и ќе успее.