И јас сум премногу емотивна. Плачка. Што и да се случи си собирам во себе, се правам силна пред другите. Колку и да ми е тешко, јас не покажувам. Секогаш се смеам. Ама затоа, кога сум сама знам да пукнам и да си се изнаплачам едно убаво за се. Е таква сум си, што да правам Понекогаш многу ми смета што сум таква, ама никако не можам да ја сменам таа моја особина.
Рак во хороскоп може да значи само дека сум пречувствителна. Иако се правам дека некои работи стварно не ме засегаат, дека не ме повредуваат, продираат длабоко во мене. Но, никогаш не покажувам слабост, и како вас, знам да дојдам дома да си се исплачам. Ќе се карам, ќе го навредувам тој што ме навредил мене, нема да осатнам должна, но кога ќе си дојдам дома е сосем друга приказна. Веднаш штом ја затворам вратата ми навираат солзите. За среќа, сфатив дека луѓето кои се причината заради моите нервози не се вредни и воопшто не заслужуваат ни на крај памет да ги ставам. Сфатив дека никој не ме жали и поштедува и се потрудив да се променам. Shoshanna и јас им угодував на сите, но сфатив дека премногу луѓе поради тоа почнале да ме искористуваат па се освестив и престанав толку да се замарам за се и дома да го мислам по сто пати. И многу ми е подобро.
Премногу сум емотивна. Плачам кога некој ќе ме иизнервира, за било кој грд збор од блиска личност, за повредени или не повредени скитници, за некои болни личности, на среќни моменти.... Едноставно плачам за се.
Пре емотивна сум, една моја карактеристика што многу ми смета! И уште полошо е што никако не успевам да си ги прикријам чувствата, сите знаат како и што ми е
Дааааа.....многу се соживувам со луѓето,премногу....зборев со една моја баба на дедо ми сестра која живее со својот син т.е не знам дали да го кажам син пошто не ја третира жената ко своја мајка..пијаница една невидена,пензијата и ја зема ,жената си имала камен на бубрег мислам дека...од самото влегување на врата жената почна да плаче нема на кого да си се пожали јас колку можев кажував утешителни зборови ја смирував и дадов некоја надеж на жената но мене како ми е никој не знае буквално никој...кога иксочив од таму солзи од очи ми течеа ко водопад...пред легнување ми се враќаат тие мисли и едвај се враќам на моето....многу сум емотивна за се особено за постари изнамачени луѓе а да не збориме за животни и др работи....искрено кога некогаш ќе кажам на некого имаш камено срце,некогаш во вакви емотивни моменти сакам тоа камено срце јас да го имам да не се чуствувам толку избезумена....
ретко плачам на филмови, ама на песни многу емотивна сум и се на срце си земам ама избегнувам да плачам пред други
Обично ми надоаѓаат слози во очите кога некоја блиска личност ќе го повиши тонот на мене, инаку ретко плачам на филмови.
еј не да сум емотивна вистинска плацка,некој да заплаце прва се придрузувам,си плацам и додека гледам филм и кога се нервирам и кога сум срекна знам да заплацам инаку рак сум во хороскоп па мозеби затоа сум таква
Избегнувам да плачам пред другите,најчесто сама кога сум.И не сум многу емотивна,можам да се воздржам.
порано многу плачев, сега неможам солза да пуштам..освен ако не почнам да се расправам со моите дома, ми знаат слаби точки
Оваа година, станав премногу емотивна Порано воопшто не плачев, ок плачев ама не секој ден.. За секоја ситница се нервирам, тажна сум.. Го мразам тоа, ама тоа е.
Порано како помала бев премногу емотивна, никогаш не плачев за мене туку за личности кои за мене се значајни. Сега не, може да ме погоди некоја ситуација, но да се расплачам малце потешко
Eмотивна сум и се срамам од тоа. Kамо да бев повоздржана .Eдноставно тоа што го чуствувам мора да го исфрлам од себе .Најчесто се кријам и Ако гледам некој да покажува емоции одма сочуствувам. Не можам да се смеам ако некој плаче.
Емотивна сум но никој не знае. Ме знаат како искулирана откачена девојка. Наивна и глупа. Затворена сум и не дозволувам никој да допре до мене. До сега само дечко ми успеал да дојде до мене.Никој друг.
Одсекогаш сум била емотивна и го мразам тоа Колку и да пробувам да се подобрам, не иде, сепак тоа сум си јас јбг
Преку глава ми е од мојата емотивност. За се си плачам. Постојано си плачам. Не знам што ми стана, но од многу малку ќе се изнервирам и ќе се исплачам. Не бев порано ваква но сега сум да фане човек и да ме отепа зошто понекогаш ни самата не знам ни зошто плачам...