1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емоционална глад

Дискусија во 'Психологија' започната од Miss.Waldorf, 18 јули 2011.

  1. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Осум знаци на емоционалната глад:

    - Гладта се јавува одеднаш (додека пак физичката глад се јавува пополека.)

    - Ми се јаде одредена храна - не сакам морков или варен зеленчук (потребата за одредена храна по правило нездрава е знак на ем. глад. Често на лугето им се допаѓа среќата која ја чуствуваат кога го задоволуваат емоционалната глад.)

    - Гладта морам итно да ја задоволам (Веднаш сакам да јадам нешто и не ми пречи дури и ако одам на крајот на градот. Физичката глад вообичаено може да се издржи, додека емоционалната мора веднаш да се задоволи.)

    - Мојата глад ја следи чувство на вознемиреност

    - Моите прехрамбени навики вклучуваат и несвесно хранење

    - Не престанувате да јадете кога сте сити (Сакате уште малку да уживате во вкусот на храната.)

    - Гладта не доага од желудникот (Желба да се вкуси одредена храна и размислување за некоја храна. Физичката глад е ''среќна'' ако добие што било за јадење додека емоционалната е врзана за еден вкус.)

    - Откако ке се најадам чувствувам вина


    Лично јас чувствувам емоционална глад. Секој ден ме излудува. Кога седам на нет или гледам ТВ мора нешто да џвакам, едноставно морам и само јадам и по периодот. Многу сакам некоја храна и од помислата дека многу е вкусна и убава иако не сум гладна јас јадам. Едноставно уживам и не сакам да прекинам зошто ми е многу добро! :(
    Ако некоја од вас го има истиот проблем нека пише или некој ако знае некое решение нека каже под итно!!! :(
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Да се потсетам...во поголемиот дел од тинејџерскиот период можам да кажам дека буквално живеев за да јадам...Уживав во јадењето...Седнував на маса со најголема радост, се натажував кога доаѓав при крај со јадењето, броев саати до наредниот оброк...често станував ноќта и готвев...За среќа имам брз метаболизам а и се движев многу па не добивав на килажа...
    Поврзано било нормално со мојата емотивна состојба само што тогаш не сум била свесна за тоа, си мислев само дека сум гурман :) Помина тоа, сега можам и само со еден оброк на ден и не бирам-што да е...
    За лек-не знам стварно освен самоконтрола...
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не знаев дека постоело и ова. Очигледно и за жал,го имам. :|

    Исто и јас како Скорпионка, мислам дека сум гурман...
    И да,секогаш сакам нешто одредено...И да го изедам тоа, за 10 минути пак сакам нешто одредено...
    Еднаш ќе се прејадам,но ако ми се пријаде пак,колку и да сум сита,морам да седнам... Се случува и да ми се слоши некогаш. :worried:

    И не знам каква врска има мојата емоционална состојба со ова. :worried:

    Лек...кога ќе ни се пријаде пак,нешто здраво да грицкаме...И некако да се контролираме,иако е тоа многу ,многу тешко...
     
    На zhap4e и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  4. Blabla16

    Blabla16 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе го имаат истиот проблем... Особено тинејџерите во пубертетот...Единствено решение за ова е да имаш добра организација.. Значи можеш да јадеш повеќе пати во текот на денот, но количински помалку... Вие сте ја избрале храната како начин за решавање на проблемите и соочување со непријатните емоции. Ваквиот психолошки феномен ви онемовозможува да истраете во диетата и да јадете помалку. Нормално дека не постои магично решение за вишокот килограми освен диета и многу спортување. Но, пред да почнете да се придржувате кон конкретен режим, мора да престанете да ги лекувате емоциите со храна :x
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Имам и јас вакви моменти, но ретко.
    Обично знам да се контролирам т.е. кога мислам дека сум гладна, а всушност не сум, си ги окупирам мислите со нешто друго, па брзо ми поминува. Едноставно си стојам понастрана од фрижидерот, не му се доближувам.
    Храната во никој случај не ми е утеха, а кога сум тажна, разочарана, изневерена-тогаш воопшто не ми се јаде, напротив ми се гади од се.
    Само благо скоро никогаш не одбивам. :)
     
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Поседувам тешка болест очигледно, неизлечлива .. :lol: 8)
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Јас многу се пронајдов во овој опис за Емоционална глад.Сега сум на диета но пред тоа има момент во кој на пример ќе ми се пријаде сендвич и ништо друго не сакам да ставам во уста освен тоа.Исто така и итно морав да го јадам тоа што ми се јаде во тој момент или станував нервозна.На пример еднаш платив 200 денари само да си порачам сендивич да ми донесат со такси дома.Или пак кога јадам јадење кое ми се допаѓа сум го јадела се додека не се прејадам.Едноставно како да е некакво уживање кое не сакам да престане.Еднаш толку се прејадов од пирошки што дури и повратив.Работата кај мене е тоа што кога сум била разочарана или незадоволна од нешто единствена утеха сум наоѓала во хрната т.е. брзата храна.Но кога видов дека веќе сум качила 75 кила а некогаш бев толку слаба сфатив дека тоа не води до никаде и дека не само што се дебелеам туку можам да си го загрозам и здравјето па решив да се откажам од тие сладки задволства.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Околу втората точка...

    Ако ти се јаде стрикно месо или нешто крцкаво, тогаш си вознемирена, агресивна во моментот.
    Ако ти се јаде благо, тажна и депресивна.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Фактички скоро сите патиме од оваа „болест“ според погоре наведеното. Значи ако денес ми се јаде хамбургер и така секој ден имам желба за одреден вид на храна патам од емоционална глад? Па ако не патев ќе јадев само за да преживеам? За мене јадењето е уживање, сакам да јадам полека и да јадам храна која ми е вкусна. За да се излечам од оваа болест очигледно треба да јадам било што и под услов да ми се повраќа од истото? Да чекам да се растресам цела, да ме фаќаат несвестици, да се доведам во ситуација да јадам било што само за да ми се врати силата?
    Очигледно јас не го сфатив баш овој термин емоционална глад или па погоре не е објаснет како што треба... Како и да е уживам во храната, и сакам да јадам храна која ми е вкусна. Не ја гледам поентата да јадам нешто што не ми се јаде. Зарем нема секој човек омилено јадење?! Ок, признавам у збунка сум ептен од темава :D
     
  10. sinetta

    sinetta Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    11
    Од кај ти е ова, жити се? :o
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Што бре Jojoba не е јасно? Едно е да уживаш во храната, да имаш здрав апетит, да си гурман...Но кога постојано ти се врти во глава што ќе биде твојот следен оброк, или колку и да си сита пак седнуваш на маса и не јадеш туку ждереш, да стануваш ноќта да зготвиш јадење што ти се свртило во глава (не еднаш, двапати или петпати, туку многу често) и тоа да ти причинува огромно задоволство, среќа, исполнетост...не верувам дека е баш нормално и вообичаено кај сите...
     
    На zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    најверојатно и јас ја имам оваа емоционална глад :D
    вечно не сум најадена како шо треба :$
     
  13. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Нц, не патиме скоро сите од оваа болест а по напишаното ниту ти.
    Едно е здрав апетит и желба за одредена храна која самиот организам ја бара а сосема трето е емоционален глад.

    Емоционална глад ја сфаќам како 'јадење на своите емоции"
    Во превод, тажна си разочарана или друго и потегнуваш по храна како утеха.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Добро БРЕ, не го сфатив од прва, па не ми е толку брз кликерот :D Сега е јасно :nod:
     
    На zhap4e и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  15. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Прочитав на еден потрал за применета психологија пред некое време.
     
  16. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    ах, таа храна :D
    И јас имам емоционална глад на моменти за жал. Некогаш имам потреба веднаш да јадам, а некогаш издржувам и по цел ден да не ставам ништо во уста и пак да не ми се јаде. :|
     
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Сите симптоми ги имам, но кај мене се губи последниот, не чувствувам никаква вина :D
     
  18. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    И јас го имам ова :D
     
  19. nepoznata33

    nepoznata33 Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    5
    Емоцијалната глад ја имам многу често тоа е обично при вознемиреност(ми се допаѓа некој,сум изгубила пријатели заради моја вина,проблем со исмевање,при голема вознемиреност за која незнаеш што ја предизвикала)И обично заедно со оваа емоцијална глад одат филмовите, не те фаќа место,благо.