babylove овошни кашички

Емоционална манипулација

Дискусија во 'Психологија' започната од sweet-cherry, 11 јануари 2021.

  1. sweet-cherry

    sweet-cherry Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    2.416
    Допаѓања:
    19.465
    Пол:
    Женски
    Манипулацијата е облик на однесување кој служи работите да се извртат во своја корист во секоја ситуација без разлика колку тоа на друг ќе му наштети или не. Емоционалната манипулација е еден од најчестите видови на манипулирање со луѓето. Целта од користењето на овој вид манипулација е остварување на желба на личноста, која се нарекува емоционален манипулатор.
    Понекогаш е многу тешко истите да се препознаат, а може да се сретнат во сите конекции на човекот, во семејството, пријателство и секако врска/брак.

    Еве некои знаци како да препознаеш дека твојот партнер емоционало те манипулира:

    1. Постепено те оттргнува од луѓето во твојот живот, пример доколку сакаш да поминуваш време со твоите другар(к)и ти понудува да поминете вие време заедно, а доколку сепак одлучиш да излезеш ти набива вина и се лути.

    2. Доколку си во брак и имате заедничка сметка, ги контролира твоите финансии и контролира на што ги трошиш твоите лични пари и ти ,,води сметка’’.

    3. Кога ќе посочиш некоја ситуација каде твојот партнер го покажува во негативно светло те обвинува дека лажеш, лошо си запамтил/а или измислуваш.

    4. Не сака да разговара за проблемите, се мурти, користи твои слабости против тебе за да на крај испадне по негово и те прави да се чувствуваш виновно што се лутиши имаш проблем воопшто. (gaslighting)

    5. Твоите чувства во врската/бракот не ги цени и не се валидни, те прави да се преиспитуваш себеси за истите.

    6. Твоите мислења за нештата се често исмевани, помалку вредни и постепено прави да ја губиш самодовербата во искажување свое мислење и ставови.

    7. По голема кавга или проблем, ти носат подароци, се извинуваат и те опсипуваат со љубов. (love-bombing).

    8. Доколку им се спротиставуваш стануваат ладни, не ти зборуваат, се закануваат дека ќе те остават, ќе те изневерат и слично.

    9. Ти кажуваат навредливи работи но го прикриваат со тоа правејќи се дека сето тоа било шега.

    10. Секогаш прават да се чувствуваш дека ти си ,,лошиот ’’ во врската, па дури може да оди толку далеку што може да те наречат дека си луд/а да се чувстуваш на одреден начин.

    11. Користат фрази како ,,зошто си уште со мене ако ти е толку лошо а?’’.

    12. Прави да се чувствуваш како никогаш да нема да бидеш доволно добра/добар за него/неа.

    На крајот од ваква врска вообичаено самодовербата скоро и да ја нема, се чувствуваш како да си никој и ништо без нив, буквално те носи до кршење на твојата личност.


    [​IMG]
    Дали досега сте имале искуство со емоционална манипулација во својот живот? Дали некогаш вие несвесно сте манипулирале некого? Кои знаци сметате дека се типични за препознавање на емоционално манипулирање?

    (не најдов ваква тема, доколку случајно има се извинувам).
     
    На Stephen Amell, RainbowButterfly, dayla и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Женски
    Сум искусила емоционална манипулација со поранешното друштво и донекаде со семејството.
    Од точките кои ги наброја, со поранешното друштво сум се соочила со: 3, 4, 5, 6, 8, 9, 10, 11 и 12.
    Особено изразени беа 4 и 9.
    Кога сакав да зборувам со нив за некој проблем, секогаш завршуваше со вжештена дискусија и караница, бидејќи тие тоа го сметаа за карање in the first place. На крај те оставаат да се чувствуваш виновно, дека ти си крива за проблемот и се каеш што воопшто си спомнала нешто.
    Исто така знаеја да кажат многу навредливи работи и на крај да се вадат со тоа дека сум била "премногу чувствителна" и дека наводно се шегувале. Пример, една ми имаше речено "Оди отепај се слободно" и кога го нагласив тоа следеше "Аман па ти многу осетлива веќе, се шегував".
    Исто така често велеа дека треба да сум благодарна бидејќи никој друг немало да ме трпи таква и буквално секогаш бев виновна за сѐ (guilt tripping).

    Емоционалната манипулација мислам дека најчесто ја користат нарциси и луѓе што главно гледаат да извлечат корист од врската со некој, не им е битно ни каква е ни колку ќе трае, сѐ додека нивните потреби се задоволени. А после тоа можат и сами да те исклучат од животот. Тие се себични, површни, токсични и користољубиви луѓе.
    Во знаците кои треба да се препознаат би додала дека после поминувањето време со нив се чувствувате како да ви ја исцицале цела енергија, наместо среќно и исполнето. И можеби несвесно одбегнувате да поминувате време со нив, не ви е проблем да не ги видите подолг период.

    Се надевам не. Никогаш не сум била со некој ради корист или сум имала намера да направам да се осеќа грдо. По природа сум емпат и секогаш се соживувам со туѓите чувства и се трудам да помогнам ако можам, па едноставно незамисливо ми е да манипулирам со истите.

    За крај би кажала дека ако приметите дека некој ве манипулира емоционално веднаш да го отсечите од животот. Не заслужувате некој така да ве третира, без разлика колку ви бил близок.
     
    На RainbowButterfly, dayla, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.321
    Допаѓања:
    122.813
    Темата и тука и во љубовни треба пинована најгоре да биди зошто нема шо да се додај сем сите да ја прочитат и да препознат знаците за да заминат. Имам тука краток осврт пишано и за знаците шо си пишала и краток осврт за заминување. И најважна е поддршката од пријатели и семејство. Зато манипулатор пробва да изолира партнерот.

    Не е срамота да сте жртва на некој манипулатор. Не е срамота да побарате помош за да излезите. Камо поќе луѓе да ја видат темава за да се охрабрат да се потпрат на пријателите и семејството за да избегаат од токсична врска.

    А, и уште нешто. Како одбранбен механизам кога сме во тесно, секој можи несвесно да искористи една до две преку сила техники од горе. Алармантно е ако е шема и пред се - свесно. Кога партнерот ве сака само за себе и за да не ве изгуби ве изолира и манипулира. Шема е во прашање. Не инцидентно однесување иако инцидентни однесувања, лично, би ми останало на крај на памет да пробам да забележам дали е шема. Како црвено знаменце.
     
    На Celltica, cresa-jagoda, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    73.308
    Пол:
    Машки
    Wtf се пронајдов во сите 12 точки,па па па...
     
    На simoncelicius и Nigredo Odor им се допаѓа ова.
  5. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    5.616
    Пол:
    Женски
    Сум била емоционално манипулирана. Не сум манипулирала никого (свесно и несвесно), не ни сакам. Има многу знаци, ако не идеализираме личност (без разлика во каква врска сме со нејзе).
     
  6. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    1.876
    Допаѓања:
    6.292
    Пол:
    Женски
    Лака ми душа била.
     
  7. dayla

    dayla Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    458
    Допаѓања:
    5.514
    Пол:
    Женски
    Во последнава врска имаше константно обиди за gaslighting. Не беа успешни, зашто ми беше јасно дека нешто не штима и уште тогаш се расчитав за ова. Ама колку и да си свесен дека некој пробува емотивно да те манипулира (свесно или не), не можеш да не се фатиш како се преиспитуваш себеси, дури и кога стварно е очигледно дека не треба.
    Да ги штиклирам 3, 4, 5, 6, 9.
    Мислев затоа што на се' од ова многу бурно реагирав, и се љутев, и објаснував зошто не е во ред (тука си го добив ептетот најтврдоглав човек на светот и гордо си го носам :sun:), и не дозволував да ментално влијае на мене па мислев дека е океј ако останам, зашто на крајот на денот имаше и позитивни страни ама... баш како што кажа @Amellie13, на крајот на денот си со исцицана енегргија и бескрајно исцрпува. На никој не му треба ова во животот.
     
    На raww, simoncelicius, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.202
    Препознав повеќе знаци во една поранешна врска. Тогаш не ми беше потребно вака јасно да бидат напишани пред мене, знаев дека нешто не е во ред и прекинав веднаш.
    Никој не е вреден за да ми го гази достоинството и за да си игра со моите чувства. Дури и да бев заљубена тогаш, а мислам дека навистина бев. Но тоа е неважно. Прво си се сакам и почитувам себе, а потоа ќе размислувам за другото.
     
    На Nigredo Odor, cresa-jagoda, Snowflake92 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.112
    Допаѓања:
    17.617
    Шери, по овој принцип функционираат многу социолошки односи.

    Gaslighting-от постои отсекогаш и ваквиот односен образец не е резервиран само за парови, туку и за пријателски и семејни односи.

    Многу е сличен со техниките за манипулација, дури ќе се осмелам да кажам дека терминот ,,gaslighting" е само уште едно генеричко име и посовремен израз.

    Не се препознава тешко, но во него најчесто запаѓаат луѓе без самодоверба и лош социо - економски статус.

    Така да ова денес првенствено е општествен проблем, а потоа и љубовен.
     
    Последна измена: 16 јануари 2021
    На poenta, Dentina и Celltica им се допаѓа ова.
  10. UsenameNotFound

    UsenameNotFound Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Да, сум била емотивно манипулирана и тоа од родител а не во врска.

    Цел живот вусшност сум била манипулирана само што тоа го сфатив пред 2 години.

    Од тој што воопшто не очекував, од тој што ми беше идол и пример во животот, што мислев дека го прави најдоброто за мене... А тој... ме направи да се чувстувам од ѓубре подоле, самодовербата не да им ја намали - целосно ми ја одзема! Ме уништи психички како никој досега. Заради него станав анксиозна, во депресија бев цела година и од дома не излегов (буквално). Желбата за живот ми ја одзема, сакав да спијам и да не се разбудам.

    Среќа во несреќа, не знам како но ми се отворија очите и излегов од таа ситуација. Не беше лесно, сама се справував со се но успеав. Успеав и се ослободив од депресијата и анксиозноста, а најважно од се си ја вратив самодовербата. Од сега па натаму, никој ама баш никој и ништо не може да ме направи да се чувстувам безвредно и да ме манипулира.
     
    На Snowflake92, Celltica, Dentina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    So eden zbor toksichni lugje. Jas bi dodala na tochkive deka tuka spagja i bolna ljubomora, kontroliranje na sekoj chekor, proveruvanje na porakite na fb ili insta ili dr socijalna mrezha, proveruvanje na tel i sl. Ako kontaktirate so nekoja vakva lichnost bi ve sovetuvala da prekinete kontakt bez odlozhuvanje, tuku vo najbrzo vreme. Ja odzemaat cela energija, vi pravat mn stres. Sovet: isfrlete gi od zhivotot, ne vi trebaat.
     
  12. Angie1432

    Angie1432 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    1.900
    Допаѓања:
    10.247
    Пол:
    Женски
    Некои принципи ги правам.:angel:Во врски во кои не сум толку емоционално вложена и кои искрено не ми значат, а во кои претходно сум осетила недоверба и лош однос од другата страна.

    Оние луѓе кои многу ми значат никако не можам намерно да ги повредам, без разлика дали се работи за љубовни, пријателски или семејни врски.

    Имам осетено и на своја кожа, ама прашањето е кој нема?
    Некогаш и манипулацијата не е целосно свесна реакција.
     
  13. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Женски
     
    На sweet-cherry, dayla и ЕденЧлен им се допаѓа ова.