1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емоционална празнина

Дискусија во 'Психологија' започната од buba4e89, 17 јуни 2022.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    За осаменоста може да зборуваме до недоглед,ама за емоционалната празнина во душата може да споделиме искуства.

    Има бројни статии кои ја опишуваат оваа состојба која на почетокот не е толку страшна,но брзо може да премине во хронична и да биде опасна по здравјето.

    Да не копирам од Википедија сакам да разговараме како се справувате со овој проблем.

    Ќе тргнам од себе,јас како личност многу лесно се врзувам за некого и после многу ми е празно во душата. Самата разделба ми создава немир и неспокој и не сум способна да функционирам нормално.
    Наоѓам бројни занимации за да се исполнам, за да се усреќам но тоа е краткотрајно. Чувствувам дека срцето ме боли,душата ме боли,цело тело ме боли. Пред луѓето сум присутна физички,но отсутна психички.
    Ништо не ми се прави, да спијам во сон ме прогонуваат демони,имам кошмари. Знам дека ќе речете дека психолог е лекот, ама дали има природен начин…

    Како вие сте преживеале ваков бродолом?
    Што највеќе ви помогнало?
    Дали пиевте некои лекови да си помогнете?

    Ве молам без напади и сарказам, сакам да слушнам различни приказни и искуство што довеле до успешни резултати.
     
    На Minionn, Waverly Raven, Ketchup и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.140
    Допаѓања:
    8.359
    Пол:
    Женски
    Не сакам да забегувам со теоретизирање иако би можела, ќе прејдам на решенијата.

    Решението секогаш подразбира да си дозволиш да ги искусиш и да ги изразиш емоциите што ги чуствуваш.

    Постојат работи што може да се направат ама битно е:

    Дали е личноста жива и достапна или починала и не е достапна?
    Дали е личност која тебе ти значи и ти на неа или ти не и значиш ништо?
    Дали е личност што е добра за тебе или е токсична и ти влијае негативно?

    На пример ако е некој жив близок кој е добар за тебе ама од некои причини сте се оддалечиле еден од друг, самиот човек може да е решението. Односно, треба да му кажеш што чуствуваш и да му кажеш дека ти недостига. Да собереш храброст и да разговараш отворено. Можеби проблемот ќе се реши на тој начин.

    Ако е човек што ти значел, но не бил добар за тебе и сте се разделиле заради тоа или заради тоа што едноставно не идела врската, тогаш не треба да се препушташ на емоциите на тага кон таа личност. Подобро е да се работи на тоа да се прифати реалноста на врската и дека не била совршена, како и фактот дека на другиот не му значиш исто колку и тој на тебе. Да се прифати дека сте имале лоши и добри моменти, и каква и да била, врската била едно искуство повеќе. Твое искуство, твоја лекција. И да се обидеш да најдеш во себе благодарност за тоа.
    Во овој случај е битно да се свртиш кон други луѓе и да иницираш почесто нови контакти.

    Ако се работи за починат човек тогаш се работи за процес на тагување и фази кои треба да се поминат. Тука веќе може да се зборува нашироко за тоа како да се поминат сите тие стадиуми и што може да се направи за да му се помогне на човекот...
     
    На Waverly Raven, Guns N` Roses, Mr. Scratch и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    1.010
    Допаѓања:
    2.854
    Пол:
    Машки
    Не знам зошто воопшто можеш да помислиш дека некој би те исмевал или би бил саркастичен за твојот „проблем“.. Веројатно мнозинството сме биле на твое место. Јас, конкретно, можам книга да пишувам за емоционална празнина после раскинување или прекинување на релации со луѓе, мислам на пријателски релации, во кои многу сум вложувал, со години...

    Но, еве, најнакраток совет бил бил.

    Кога ја гледаш празнината не дозволувај и таа да те гледа тебе, туку дај ѝ колачи! (Да го видоизменам Ниче со познатата реченица на Марија Антоанета.)

    Со тоа сакам да кажам дека човекот е животно на навиките, најдобар начин е да замениш една навика/навики, мисла/мисли, човек/луѓе, ситуација/ситуации, сон/соништа со ДРУГИ, ама преку КОНКРЕТНИ постапки. (не постојано да остануваш во твојата глава и да ги “преџвакуваш“ мислите и чувствата). Мораш да се преосмислушаш постојано... И да, бара многу време (повеќе отколку што мислиш) и многу труд. Ама е труд и време што долгорочно ќе ти се исплати... Секако ти треба и поддршка за кога ќе почнеш да се сомневаш во себеси, кога ќе помислиш дека нема да успееш во тоа. Ама верувам дека можеш и си способна за тоа. Замисли што се си постигнала за да стигнеш до таму каде што си сега.

    И сакам да потенцирам, психологот/психијатарот не е лекот, ТУКУ само помош за да можеш полесно да се справиш со тоа, гледај го така тоа. Не дека е невозможно да поминеш низ процесот сама, ама секако ќе добиеш добри насоки и поддршка (ако го најдеш соодветниот).
     
    Последна измена: 17 јуни 2022
    На Trouble.m, Mr. Scratch, minne992 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Maryland1087

    Maryland1087 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2021
    Пораки:
    436
    Допаѓања:
    1.985
    Пол:
    Женски
    Многу ми беше тешко кога некои луѓе што ги сакав и ми беа драги одлучија да си заминат. Не сакав разделби, никако. Но, не сакав да молам некој да остане.

    После секоја разделба се чувствував емотивно исцрпено, како да немав сила за ништо. Најчесто ми се случуваше вината да ја барам во себе, па така уште повеќе тешко си правев да ми биде. Премногу брзо се привезував со луѓе.

    Но, како поминува времето, така стивнува болката. Не верував дека засекогаш ќе ја снема, туку сфаќав дека идат подобри времиња кои ќе донесат подобри личности.

    Сега ми е подруго. Веројатно дека многу луѓе веќе си заминале, отрпнав од тоа. Не е убаво, бидејќи се чувствувам на моменти како камен. Претходно сите ќе ги исплачев убаво, сега е премија солза да пуштам за некого, или пак да ја барам вината во себе. Не се приврзувам лесно и не верувам на никој.
     
    На Minionn, Cosmic Girl, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mart1na

    Mart1na Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Како што и сама кажа..се наоѓаат занимации...и не знам зошто траат краткотрајно? Добро, многу зависи што се тие занимации.
    Нови познанства, треба и мораат да помогнат.
    И не, не сум пиела лекови после таков бродолом.
    Животот оди понатаму, и се може без секого....како и да е.
     
    На Arjanit2021, Dekoo и buba4e89 им се допаѓа ова.
  6. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.843
    Допаѓања:
    19.532
    Пол:
    Женски
    Све е во продолжување напред во животот...
    Во разговор со една моја пријателка која се исели во странство самата ми кажуваше колку и какви кризи имала што почнала да пие таблети за спиење, колку и недостигале луѓето овде, најблиските и итн и откако се омажи и роди деца све и е поинаку и нема време ни да размислува за празнината што ја чувствувала во минатото
    Едноставно продолжуваш, го прифаќаш она што иде, и самата треба да го пронајдеш она што би те исполнило... Минатото и иднината се во умот, сегашноста е сега ;) Од ништо не треба да се плашиме туку треба само да разбереме :inlove:
     
    На Trouble.m, Snowflake97, Cosmic Girl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Demi_

    Demi_ Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2022
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    Еден пријател секогаш велеше ги слушам женскиве како зборуваат леле не можам да живеам без него, како ли раскинавме и сега што? И тој вели им се чудам а како си живееле пред да го запознаат дечково.
    Муабетот му беше без секого се може.

    Како вие сте преживеале ваков бродолом?
    Очигледно успешно, е сега на почетокот по вакви настани не велам дека ми било прелесно, ама животот тече понатаму.

    Што највеќе ви помогнало?
    Поддршката од најблиските оние кои буквално знаат како дишам и отсекогаш биле и ќе бидат тука за мене.

    Дали пиевте некои лекови да си помогнете?
    Емоционалната празнина секогаш не укажува дека е состојба која се санира само со лекови, најчесто ако е акутна состојба и лесно се менаџира не требаат лекови и најповолна е консултација и соработка со психолог. Ама ако трае подолго и го нарушува квалитетот на живот, се појавуваат интензивни кошмари и разни неубави чувства и се погоре опишано по консултација со матичен лекар може да се добие препорака за преглед на психијатар да се види дали е неопходна терапија или пак не.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dimi_

    Dimi_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Ист сум...
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Мислењето на @Cosmic Girl многу ми се допадна, но исто и на @Vikktorr

    Знаете дека треба отворено да се разговара за секој проблем дури и за најдлабокиот,да си кажеш како се чувствуваш но за жал во денешно време тоа луѓето го сфаќаат во негативна форма,го гледаат само негативното во тебе и гледаат да ти го исплескаат на површина. Такво време дојде, време без емпатија и осет за другиот,со туркања со осуди и се тоа си го прави своето.
    Па колку и да си силен психички некој ќе го зададе најсилниот удар,а тоа е некој кој го знаеш и ти ги знае сите слаби точки.

    Е тој удар е најтежок од кој се излегува.
     
    На Vikktorr, Ketchup, bicycle и 6 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    Емоционална празнина, може да чувствуваш и кога не си изгубил никој.
    Ми се случило.

    Разговарам со психолог и психијатар.
    Најлесно и најпрактично ми е.
     
    На bicycle, buba4e89, Cosmic Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    3.122
    Пол:
    Женски
    Ах, колку болна ми е оваа тема, за жал.
    Долго време се борам со хронична, клиничка депресија (читај: дијагностицирана од психолог и психијатар), па како последица со тоа како подифолт ми дојде анксиозноста и тоа постојано чувство на празнина. На два пати земав антидепресиви, но вториов пат се решив да се обидам сама да се борам и ги откажав лекарствата.
    Празнината ја чувствувам постојано, како да ми фали нешто, како да немам дел од себе, едноставно има дупка таму внатре некаде, а сите ми се живи и здрави и на број. Постојана битка е меѓу сите светови внатре, но после долги години сфатив дека морам сама и дека се што сум земала ми било само вештачко надополнување со краткотраен рок.
    Колку и да звучи клише, ама само работа и работа на себе. Само тогаш сфаќаш и што сакаш и што ти пречи. :hug:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.252
    На своја рака ги откажа?
    Не смееш да прекинуваш антидепресиви туку-така.
     
    На buba4e89 и awkey им се допаѓа ова.
  13. awkey

    awkey Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2021
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    3.122
    Пол:
    Женски
    Знам. Не ги откажав на своја рака, исто како што не ни можев да ги земам на своја рака. Имам психолог и психијатар со кои постојано работам
     
    На cresa-jagoda и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.268
    Допаѓања:
    9.089
    Пол:
    Женски
    Сите некогаш сме биле во ваква ситуација, нормален процес на учење и зацврстување е тоа.

    Лично порано исто тешко поднесував разделби, ама од после гледав дека тие разделби се случуваат со причина, и за мое добро, дека Господ ме штити од нешто па затоа го трга тој/таа/тоа од мене.
    Така со годините веќе научив да не се врзувам толку многу за луѓе, да не се давам максимално во некој однос. Поточно давам премногу, ама сепак е со резерва.

    Исто со делот на @Vikktorr дека човекот е животно на навиките се согласувам во потполност.
    Тоа од кога го сфатив, и почнав да го применувам многу си олеснав во животот.


    На прашањето дали сме пиеле лекови да си помогнеме.
    Да сум пиела, ама најчесто дијазепам дека не можев да спијам, од толкава празнина и болка буквално се гушев.
    Ама не било тоа долгорочно, чисто моментално колку да се смирам или полесно да заспијам.
     
    На Vikktorr, Misskirova и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.513
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Среќа што не си пиела долгорочно.
    Јас се убив од пиење депрозел 10 години.
    Бев емотивна врзана за нив.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Депрозел се за хронична депресија… Знам дека мајка ми ги пиеше поради загуба на близок член пред неколку години.
    Ама како е поврзано ова со емоционална празнина…
     
  17. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.513
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Апропо муабетот од погоре.
     
  18. Hisha

    Hisha Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2021
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    5.297
    Пол:
    Женски
    Сепак муабет со стручно лице, ако се си пробала и пак е исто.. Мене ми помогна и за ова и за депресијата, паничните напади анкс и др ствари, ми посочи работи кои ми биле пред нос и длабоко ги знаев ама неќев да си ги признааам сама на себе. Да, сето напишано држи вода, живот иде даље, работи на себе, зборувај со пријател/родител, ама и не е така лесно особено кога си “заврзан” и тонеш секој ден се повеќе.

    Ми помагна рутина и пишување на дневик кој после го чиитам со психоаналитичкиот терапевт. Се запознаваш себе си on a deep level.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.452
    Допаѓања:
    5.419
    Пол:
    Женски
    Oвде се мисли исклучиво на празнина после разделба така? Клучни ствари:дали во поретки случаји со одредена разделба со особа која ти значела,била блиска,посебна,емотивен партнер(ова е нормално ), дали по секоја разделба (овде може да станува случај за co-dependence) исто така каков бил тој однос, што пиша некој дали бил токсичен( повтроно вид на co-dependence ама и нормално)како последица од сите патологии што вклучуваат таквите односи одговорот и темава може да биде опширен и сестран/a.
     
    Последна измена: 20 јуни 2022
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.015
    Допаѓања:
    41.322
    Пол:
    Женски
    Одлична тема @buba4e89 ;)

    Кога го читав воведниот пост, а и на другите членки, многу се пронајдов во описите.
    Порано, ептен тагував, се чувстував празно, немав желба за ништо, анализирав, гледав начин да дојдам до решение, се обвинував, барав совети и често ги применував.

    По извесен период се променив, веројатно сите тие разочарувања си го направија своето.
    Сфатив дека си го уништувам животот со сите тие тупења, со сето тоа замарање знаејќи дека нема ништо да променам.
    Не сакам да губам време наоѓајки решенија доколку не постои фидбек од спротивната страна.
    Почнав да се водам по тоа дека ако некој сака да биде дел од мојот живот, добредојден е, доколку некој реши да замине од мојот живот нека повели, вратата е отворена, сречан ти пут.
    Можеби ќе ми биде криво, но да дозволам да ме оптоварува тоа, нема.

    Досега во животот имав пиено само еднаш дијазепам, но тоа е друга приказна неповрзана со личности.
     
    На Minionn, Trouble.m, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.