За емотивна разделба мислам дека времето е најдобар лек, што би рекла Бунтеска : дај му време на времето. Сите можеме да имаме повеќе сродни личности, а не само една или две. Никој не може да ни одговара 100%, ниту пак јас некому да му сум 100% од она што му треба. Емоционалната празнина е природна реакција на шок и промена, но работите ќе ги гледаш од друга перспектива за некоја година. Не сум користела лекови по разделба, но се сеќавам дека баш така: душата боли. Сега можам само да се насмевнам зашто испадна многу пати подобро од тоа, што тогаш мислев дека е најдоброто за мене. И сега едно знам: убав емоционален однос можеме на секоја возраст и со различни луге да имаме, една разделба не е крај.
Odlicna tema @buba4e89 , ista sum , se cuvstvuvam emocionalno prazno sto veke zapocna seriozno da mi smeta i po zdravjeto..
Си ветив самата на себе дека нема да пишувам ниту да читам вакви теми. Си ветив и дека ќе бидам претпазлива во споделување на детали од животот. Ете барем тоа ветување ќе го одржам. Емоционална празнина. Не знаев дека така се вика моево, мислев дека е само тага, болка и осаменост. Испратив многу луѓе. Всушност најважните луѓе од мојот живот. Луѓето со кои бев најмногу поврзана. Дел од нив не се меѓу живите. Дел од нив ги испратив илјадници километри далеку. Најмногу ме здоболе разделбата со нив. Ме здоболува кога ќе помислам дека кога ќе се видиме следниот пат ќе биде се многу поразлично.. Нема да се отуѓиме. Но ќе ги нема тие луѓе на моите родендени, родендените на син ми, на празниците, нема да можам во секое време да се потпрам на нив. Нема да бидам со нив кога ќе слават успеси, нема да бидеме заедно и да минуваме низ тешкотиите како порано. Солзите ми течат, не можам да ги запрам. Откако заминаа не можам да се помирам. На секоја средба приметувам колку се промениле, остареле, ме обзема тага дека времето на сите ни тече, никој нема да ни го врати, а сме разделени. Тешко ми е што не сме заедно, едни до други кога ни се случуваат важни настани. Проклето нека е, тешко ми е што и во обични денови не можам да отидам и да поминам време со нив..
знам доста често да се осеќам вака најчесто навечер ми се дешава тоа. Се осеќам осамено, празно, како да неам никој. А се иам помирено зашто ми се дешава тоа, пошо стварно на крајот на денот сите остануваме сами со себе
Сите имаме емоционални празнини во одреден(и) период(и) во животот. Најнормално нешто. Најважното е развивање вештина за зрело управување на овој вид празнина со цел себенадраснување.