Емоционални вампири

Дискусија во 'Психологија' започната од Magnolija, 1 октомври 2011.

  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    Сакале или не, луѓето што нè опкружуваат влијаат на нас. Некои се толку позитивни што и цел ден да го поминете во нивна близина ќе ви изгледа како да поминал само еден час, затоа што како зараза шират добро расположение и со леснотија го бркаат песимизмот и мрачните мисли. Од друга страна, постојат и такви луѓе кои ве истоштуваат и ви ја „цицаат“ енергијата до толкава степен што со душа чекате да се оддалечат од вас.

    ПСИХИЧКИ/ЕНЕРГЕТСКИ/ЕМОЦИОНАЛНИ ВАМПИРИ

    Сигурно сте слушнале за вампири кои пијат крв и сте ги виделе само на телевизискиот екран во популарните филмови. Но, има еден друг тип вампири кои веројатно сте ги сретнале во вистинскиот живот, а се нарекуваат со различни термини како психички, емоционални или енергетски вампири.

    Ваквите „вампири“ се луѓе кои свесно или несвесно се „хранат“ со вашата енергија, ентузијазам и елан и ве оставаат слаби, депресивни, беспомошни и уморни. Тие без многу труд ви ја намалуваат самодовербата преку моќта на разговорот и ви го влошуваат расположението само со помош на своето присуство.

    Можеби тоа е ваша пријателка која вечно е во љубовна каша и нејзините проблеми никогаш не добиваат решение, туку само растат и растат. Можеби тоа е ваш колега кој никогаш не ве поздравува со насмевка, туку со поплаки и озборувања. Можеби тоа е ваш роднина кој вечно има критики за вашето однесување, или пак, можеби тоа е ваш познајник кој живее совршен живот и непрекинато ви ги фрла неговите успеси в лице.

    ЗНАЦИ ДЕКА СТЕ ЖРТВА НА „ВАМПИРСКИ НАПАД“

    Вампирите за кои зборуваме напаѓаат психички, убивајќи го расположението и позитивните емоции. Понекогаш нивното негативно влијание е очигледно и со умисла започнувате да ги избегнувате, но понекогаш ефектот од нивниот „напад“ е прикриен. Последиците од „вампирскиот напад“ може да се појават уште додека сте под директно влијание на напаѓачот или откако тој ќе се оддалечи од вас. Еве дел од последиците:

    нервоза, вознемиреност и деконцентрација;
    негативност;
    целосна исцрпеност и поспаност;
    чувство на лутина;
    намалена самодоверба;
    главоболка.
    На пример, треба да се сретнете со ваша пријателка на кафе. Вие скоцкани од глава до пети пристигнувате со широка насмевка, а таа доцни 15 минути, доаѓа намуртена и започнува да ги „плука“ таксистите, жешкото време, досадниот комшија, бившиот дечко, ноќниот живот... И, пред да се свестите, поминал еден час, а вие немате кажано ниту една реченица, расположението ви слезе до нула и немате сила да се борите да добиете збор. Се разделувате со пријателката, сè уште не можете да си ја вратите насмевката и чувствувате дека ве напаѓа главоболка. Тоа е типичен ефект на енергетските вампири.

    Но, пред да ја ставите вашата пријателка во категоријата „лоши луѓе“, добро е да знаете дека таа можеби не е свесна дека ви го причинува сето тоа. Постојат „вампири“ кои напаѓаат со умисла и такви кои несвесно ги исцрпуваат другите.

    НАЈЧЕСТИ ТИПОВИ ЕМОЦИОНАЛНИ ВАМПИРИ

    Не е лесно да ги идентификувате емоционалните вампири во вашиот живот затоа што сите се под различна маска и со различни тактики на напад. Но, постојат неколку најчести типови кои д-р Џудит Орлоф, истакнат психијатар кој се прослави со своите теории на оваа тема, смета дека се насекаде околу нас.

    Жртва. „Само мене може да ми се случи ова“ – ќе слушнете од нив. Тие постојано се жалат и секогаш имаат нерешливи проблеми, а милионите совети кои ги упатувате на нивна адреса остануваат неслушнати. Ако не се жалат за работата, се жалат за партнерот. Ако не се жалат за тешкиот живот, се жалат дека не се чувствуваат добро. Тие ќе ви всадат во главата дека животот е неправеден, тежок и полн со проблеми и ќе ја украдат насмевката од вашето лице.
    Нарцис. „Јас ова, јас вака, јас онака...“ – ваквите луѓе обожаваат да зборуваат само и единствено за себе. Кога не зборуваат за успешната кариера, жешкиот љубовен живот или активниот друштвен живот, тие ги убиваат сите ваши разговори кои не се вртат околу нив. Тие сметаат дека се најталентирани, најработливи, најуспешни... Без разлика на вашите способности и успеси, по средбата со нив ќе се чувствувате несреќно и ќе се сомневате во своите постигнувања.
    Критичар. По средбата со критичар веројатно ќе останете со ниска самодоверба. Тој малку по малку ќе ве пецка со критики, а по секоја критика ќе ви вели дека се шегува. По критиката „Гледам убав живот имаш, си ставила некои килце“, ќе следи „Само се шегувам“.
    Сезнајко. Ваквите луѓе за сè имаат одговор, а за секој ваш проблем го нудат најдоброто решение. Google може да им носи вода. Мора да ги послушате затоа што никој не знае повеќе од нив. „Знаеш ли што треба да направиш“ е честа нивна реченица. По средбата со нив ќе се чувствувате инфериорно, бидејќи тие обожаваат да доминираат и да ги контролираат другите и нивните животи.
    Луѓето кои можат да се наречат „вампири“ користат оружја како поплаки, критики, озборувања, омаловажувања, кавги. Бидејќи е невозможно целосно да ги исклучите од својот живот, најдобра тактика за одбрана е да ги ислушате, но да си ограничите времето со нив. На таква личност можете да ѝ кажете: „За десет минути морам да одам...“. Така ќе ве измачува само кратко време и ќе можете лесно да се опоравите.

    Не дозволувајте да ве испровоцираат и останете смирени. Приоѓајте им со насмевка и на секој нивни зајадлив коментар возвраќајте со позитивни зборови.

    Сепак, најважниот момент останува идентифицирањето на луѓето кои ве исцрпуваат. Откако ќе дознаете кој ви ја краде енергијата и доброто расположение, лесно ќе можете да се заштитите.

    Инспирирана од ова што го прочитав на фемина, решив да отворам тема и да размениме мислења :)

    Дали сте вие жртва на емоционален вампир? Како се справувате со таквите?
    Дали сте вие од оние кои што ја цицаат позитивната енергија на другите?
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.559
    Како се справувам? Немам моментално сребрени куршуми на залиха, па затоа вадам венец лук, ги прскам со крстена вода и три „Оче наш„ е сосема доволно, :D .

    Сериозно, има вакви луѓе и пред неколку год. го почувствував ова влијание најсилно преку еден колега. Немаше ден да не е нерасположен или беше онака апатичен со вакви фаци :( или се повампируваше на агресивно - конфликтен начин, само што не му беше револтот насочен кон мене туку кон раководството.
    Тогаш почнав да ги забележувам кај себе некои од симптомите - ми опаѓаше видливо расположението, станував нервозна или пак поспана, или станував безволна целосно и се‘ помалку се смеев. Ми требаше време за да сфатам дека колегата е причината за тоа, но среќа после 2 месеци добив преместување, инаку човеков беше дефинитивно емоционален вампир и без да сака ја црпеше мојата енергија.

    Инаку добар е советот од статијата, ако не можеш да ги победиш придружи им се :D - се зезам, најмалку што може време да се поминува со нив.
     
    На maravillosa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    490
    Мислам дека секој од нас некогаш се нашол во ваква ситуација ..но некој луѓе бре претеризам се! Буквално, од тебе се ќе исцеди, ќе ти се ск*рчи и од живот и од се кога си со него! Епа смрт за вампирите :devil: шала мала :D
     
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    2.755
    Пол:
    Женски
    Не го знаев изразов, баш вчера на мајка ми и кажував за една девојка и она ми кажа дека тие така ги викале емоционални вампири (баш убаво име им нашле).

    Имав една таква цимерка. А бе многу беше добра и мила ама уште од врата и ќе почне да кука да офка. КАКо можело нејзе најтешкиот тест да и се падне, како баш на неа 2 поена за 6 и фалат и такви муабети ми прави на сред колоквиумска кога не знам главата кај ми е од учење.
    Таман заштедив пари и си купив нов компјутер еве ја неа пак цела недела фрчеше како немала пари за јадење ( а за цигари има), како е татко и без работа а три деца се дома. Не може човек да се опушти од неа и да се радува на нешто.
    Стално неа нешто ја боли стано таа нема пари стално офка кука ... а бе не да те исцица, животот ке ти го скрати.
    Наредната година дојде за пак да сме цимерки само заради тоа не сакав. За друго беше одлична цимерка ама јас сакам да се дружам со позитивни личности бидејки многу влијае опкружувањето на мене.
     
    На Kameo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.818
    Пол:
    Женски
    Имам и јас во моево сегашно за жал фамилијарно опкружување еден емоционален вампир.
    Според направената класификација мислам дека истата личност без двоумење и размислување би ја ставила во категоријата на сезнајковци. Толку ми го менува расположението и влијае на мене, нормално негативно, што немам друг избор освен игнор.
    Ако нешто мразам е тоа кога некој се обидува да ми проповеда и да ми дели совети дури и во оние области кои воопшто не ги познава и се потпира само на еден извор-така имам слушнато....и ќе се обидува да те убеди дека тоа е најдоброто и единствено решение или избор, што немаш друг излез освен да речеш-добро, фала ти.
    Среќа моја што се сретнуваме и се гледаме многу ретко. Морам да признаам и дека го избегнувам контактот и комуникацијата ни е сведена на минумум, едноставно затоа што после имам еден куп негативна енергија и истата ја истурам на оној кој најмалку е крив.

    Додека студирав имав една колешка од типот-жртва. Се` неа нешто не и` чинеше...се скарала со дечкото, неможела да учи, немала пари, сестра и` била ваква-таква-онаква, излегуваме заедно сите средени, дотерани, скоцкани, се зезаме, таа обесена, скисната, да ти ја упропасти вечерта :@ ....удав божји....немаше ден да не ми се јавеше и да не ми се жалеше од нешто. И со неа ги прекинав контактите, почнав да ја избегнувам, затоа што сфатив дека премногу ме истоштува и дека ми е доста од нејзиното цимолење.

    Значи, јас лично од ваквите вампири се заштитувам така што ги елиминирам, ги бришам од мојот живот или пак комуникацијата ја сведувам на минимум. :)
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Имам и јас неколку вакви личности во животот, поточно кажано во друштвото и никако не се справувам со нив. Едноставно веќе сум се навикнала на нив, а со оглед на тоа што неможам ни да ги сменам, го прифаќам тоа но не дозволувам толку да влијаат на мене. Јас се обидувам да им пренесам барем малку позитивна енергија и кога сум со нив во друштво, колку и да е тешко, се обидувам да сум расположена и насмеана. Тоа што се негатиивно разположени сигурно има некаква позадина, некаква причина, не сметам дека тие самите сакаат да се такви. Од друга страна, ништо лошо ми немаат направено, така што не ги осудувам ниту пак мислам да ја прекинам комуникацијата.
     
  7. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.414
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Порано имав една емоционална вампирка што морав да ја гледам секој ден.Не можам ни да ви опишам колку многу знаеше ме изнервира.Будеше некоја мрачна страна во мене.Се што чувствував кога бев во нејзино присуство беше бес.Во себе се ломев, не знаев дали да викам или да плачам.Секоја најмала ситница што ќе ја направеше, дури тоа да не беше некоја лоша работа, знаеше да ме извади од такт.Но, со тек на време, мозокот потсвесно наоѓа начин да се бори против емоционалните вампири.Едноставно, ги изолираме тие негативни чувства и престануваме да размислуваме за тоа.После одредено време, станав имуна на се тоа што ми го зборуваше и ми го правеше, не ја гледав како некој што ме нервира, туку како некој кон кого немам апсолутно никакви чувства.Мислам дека во суштина ние треба да ги исфрлиме и физички и психички тие луѓе од нашиот живот.А ако е невозможно физички да се исфрлат (како што беше во мојот случај), тогаш треба да пронанајдеме начин, да го смениме начинот на размислување кон тие луѓе...
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Пред да почнам да коментирам, да кажам дека читајќи заклучив дека и јас понекогаш сум емоционален вампир.Признавам дека кога сум многу нервозна, знаат да настрадаат по дома ни криви, ни должни или пак една моја блиска другарка.За среќа, знам да се свестам на време, да се исконтролирам и не им го загорчувам денот до мера како што е опишано :)

    Најмногу познавам критичари и нарциси.
    Првите секогаш знаат да ти посолат памет како е поубаво да ја врзеш марамата, какви чевли се поадекватни на комбинацијата и ред други работи и тоа како за инат тгаш кога те гледаат најрасположен и насмеан.И не престануваат на една забелешка, туку една по друга.
    Од вторите најчесто не можам до збор да дојдам, зашто нивниот живот е презафатен нели со патувања, шетања, дружења и не знаат што побрзо да ти кажат и да се пофалат.Најчесто не прашуваат ни дали имаш ти да се пофалиш нешто-се твое во однос на нивното е неважно :D После вакви муабети обавезно ме фаќа дремка :D

    Се трудам да ги избегнувам, а кога веќе морам да сум им во близина, не се стегам и знам ем фино, ем малку саркастично да ги заќутам :)
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.757
    Сите околу нас имаме по некој ваков вампир.
    Лекот е само да ги одбегаваш и да не им придаваш многу внимание оти и то како знаат да те исцицаат!
     
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.340
    И јас ја прочитав статијата на фемина, и се размислив убаво.
    Не знам дали дека сум преемотивна, имам доста луѓе вака што ми влијаат.
    Буквално ако си размислам, одам расположена насмеана, а потоа секогаш се враќам исфрустрирана, со негативна енергија, и само ми се плаче.
    Сум видела сум видела, но имам една другарка, то буквално психички ме истоштува, Таа ми е број еден.
    Страшно нешто, никогаш незадоволна, само со коментари од типот, ааа убо ти е тебе, а мене оти вака? Господе боже, да почнам и јас да кажувам за мене и да се жалам ке видиш дали ми е убаво :@
    Еднаш нема дојдено насмеана, убаво да каже, само жалби, само глупости, ме истоштува тоа што ми е поблиска, и морам да ја тешам. Башка, и галје си нема, си седии, си седии, ко Достоевски се во детали ке раскажи, и после јас од толку што ми дава негативна енергија, ми иде со сите да се карам. Пробав да ја избегнувам, охоо после за тоа 5 месеци се зборуваше. Еден период станав имуна на неа, но сега уште таа ми фали.
    Јас не се сметам за емоционален вампир, многу пазам и ретко кога се отварам или па да се чувствам слободна на некој да се жалам. Обично што и да се случило, оставам, и сум насмеана, и расположена. Ептен ако ми е нешто навистина, може испад да направам солзи да ми протечат, но никогаш така некој да замарам.
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Имав една другарка ваква, едно 3-4 години се дружевме и беше од типот жртва. Нејзе никој не ја сака, нејзе родителите не и‘ веруваат (додуша навистина немаа луѓето доверба во неа, ама за тоа сама си беше крива), се‘ си научив - се блокирав пред испитување, yeah right |( , професорката ме има на пик, затоа не сака да ми пише 5ка, ме боли стомак, ме боли глава, имав мал потрес на мозокот кога се удрив од лавабо, имам проблеми со јајниците, имам главоболки, вртоглавици, слаба ми е крвта (а за крводарители прва беше)..... и уште милиони други нејзини жалби можам да набројам, ама не би да бидам јас тука на форумов емоционален вампир во нејзино име, не сте заслужиле толку лошо.
    Со девојчево многу се каравме, најмногу затоа што не верував ни во половина од рабоите кои ги кажуваше, па тоа и‘ го плескав в лице. Со тек на време ни се намалуваше нивото на комуникација (thank God), па не морав веќе да бидам тортурирана од нејзините испади, а престанавме и да излегуваме заедно па имав намрштена фаца минус околу мене кога ќе излезев, што секако ми годеше мене, а и на останатите од друштвото.

    ...

    Пред некоја вечер разговарав се едно друго вакво вампирче, имав и тука импресии напишано.... новово ептен ме потсети на таа другарката и да ви кажам право, едвај чекав да си се исклучи девојчето од чат. Не дека ми згрешило нешто или ми мисли нешто лошо, ама за сето време додека разговаравме мене ми доаѓаше тастатурата од ѕид да ја мавнам.

    Не, не ми требаат вакви луѓе. Доста си сум самата нервозна, дополнителни нервози и приливи на негативна енергија не ми се потребни.
     
  12. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.417
    Не ти ја цицаат крвта...ама се чувствуваш безживотно. :| Опасни чоечиња. Имав една таква другарка од тип нарцис. Што и да ме прашаше ќе се чувствував непријатно, како прашањето да и беше поставено со цел да ме исмејува.
    Ништо пак, со тек на време научив да ги избегнувам непријатните луѓе, и да си го зачувам сопственото расположение. :)
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.010
    Пол:
    Женски
    Колку само немав размислувано на оваа тема се додака не го прочитав целиот пост тука на фемина.Баш си размислувам колку е само точно ова и одма можам да набројам личности што се секојдневно околу мене и ме полнат со негативна енергија.Имам контакт и со личности што се они знаат и со фалбаџии каде што главен збор во муабет е ЈАС.Најдоброто е одкако го применив игнорирањето малку повеќе од порано многу ми е поубаво,по мирна сум по не се нервирам за глупави работи.На дистанца со вакви луѓе сум а околу мене се луѓе со позитивна енергија луѓе кои ми прават да се чувствувам убаво.
     
  14. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Имам и јас ваков емоционален вампир во фамилија...поточно сестрами.Е сеа сестра ми е ама пак толку негативно да размислува не е можно.Сега кога збори нешто не и обрнувам внимание затоа шо во спротивно ке ме наполне со негативна енергија,а се случило и тоа по цел ден да сум даун и да мислам негативно.
     
  15. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.057
    Уффф имам една таква другарка, за среќа последниве година-две откако почна да работи поретко ме бара, инаку само гласот да и го слушнев, секундарно некоја нервоза се ствараше во мене, па се расправав со сите...
    Многу е напорна, преполна со негативна енергија.
    Се трудам да ја избегнувам колку што можам оти стварно ми ја цица целата позитивна енергија.
     
  16. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    317
    мојата другарка е баш емоционален вампир,кога и да идам кај неа само што ке влезам и почнува,де ова лошо де она само за лошо збори и кога ке излезам од кај неа па главата ке ми пукне,како да не знам што сум правела,ја и велам дека шири негативна енергија :) али она си тера по свое,кога ке и се јави дечко и она и него го пуни со негатива,каде беше со кого,лажеш,каде ке одиш сега ,па мене глава ме фака што слушам,ке идам кај неа дас е опуштам малку она појше ме пуни со негативна енерија :x
     
  17. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    34.994
    Бегам од нив, исто како што тие бегаат од мене.

    Во различен период од животот, некому сме му вампири, некому жива радост.
    Оние што ги забележувам дека само ми кукаат, кенкаат, како нивниот живот е беден, не знам каков, не вреди ова или она, не сакаат да погледнат подалеку од сопствениот нос, никогаш не ги перципирам, не им се нудам за друштво, ниту пак сакам да им ги слушам жалопојните спевови константно.
    Едно е да имаш навистина тешки проблеми и да бараш некој да те сослуша и помогне, но постојано препи*ување, не толерирам.

    Имав такви моменти со најдобриот другар, кога беше неподнослив, и му кажав дека ме заморува, иако сам немаше да примети што всушност, ми прави, како ми делува и мене.
    Ако нешто не поднесувам, тоа е автодеструктивност што сакаат луѓето да ја тутнат кај некој друг во животот.
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.401
    Пол:
    Женски
    (Вампирите за кои зборуваме напаѓаат психички, убивајќи го расположението и позитивните емоции. Понекогаш нивното негативно влијание е очигледно и со умисла започнувате да ги избегнувате, но понекогаш ефектот од нивниот „напад“ е прикриен. Последиците од „вампирскиот напад“ може да се појават уште додека сте под директно влијание на напаѓачот или откако тој ќе се оддалечи од вас. Еве дел од последиците).

    Кога сум имала проблем, а сум била во друштво никогаш ама никогаш не дозволувам да влијаам на некого со негативна енергија, додека оние спротивните од мене опишани како овие горе не ги можам, бегам, игнорирам, зошто негативни енергии многу ми влијаат ама многу. Не сакам да ми го уништи некој денот или моментот зошто нему му е секој ден така, а нема големи причини туку самиот си ги создава, и се е драма...

    (Жртва. „Само мене може да ми се случи ова“ – ќе слушнете од нив. Тие постојано се жалат и секогаш имаат нерешливи проблеми, а милионите совети кои ги упатувате на нивна адреса остануваат неслушнати. Ако не се жалат за работата, се жалат за партнерот. Ако не се жалат за тешкиот живот, се жалат дека не се чувствуваат добро. Тие ќе ви всадат во главата дека животот е неправеден, тежок и полн со проблеми и ќе ја украдат насмевката од вашето лице.)

    Самозожалувачи, што само би кукале и ништо не би смениле, а се е менливо и возможно не ги разбирам, и нема да ги разберам и не сакам. Не сакам никој да ме сожалува ниту во најголемите мои проблеми, сожалувам ефтини души..


    (Нарцис. „Јас ова, јас вака, јас онака...“ – ваквите луѓе обожаваат да зборуваат само и единствено за себе. Кога не зборуваат за успешната кариера, жешкиот љубовен живот или активниот друштвен живот, тие ги убиваат сите ваши разговори кои не се вртат околу нив. Тие сметаат дека се најталентирани, најработливи, најуспешни... Без разлика на вашите способности и успеси, по средбата со нив ќе се чувствувате несреќно и ќе се сомневате во своите постигнувања.)

    Ако нешто ме иритира толку многу, се вакви особи. Најуби на мама и тато, најпаметни, ма то способност на сите страни. Ма то љубовта им цути, ма се што ќе сторат станува заштитено патентирано (пошто е најдобро). Ма нивните пријатели се нај, немаат другите пријатели како они, ма то само си делат поклони, кај одат сите паѓаат на колена им се клањаат. Они да направат грешка??? Никад... То све таленти... Од егоизам, самобендисаност, безкритичност ми се кака... Тука можам да ги вметнам дека и се тешки критичари, треба да напишат и правилник како да живееме ние останатите, пошто они се безгрешни, и да имаат кракатеристики да вреѓаат и омаловажуваат. По ниско амин.. Такви луѓе што не си гледаат во својот двор а копаат во другиот, од нив ми се.. :puke:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Некогаш има тешки периоди, некој близок ќе западне во криза, ќе се поплака, ќе се пожали, ќе се истури од негативната енергија, ок е, сфаќам, зашто ги имам и јас, а верувам и секој друг човек.

    Кога сум емоционално вампирче, гледам многу многу да не се мешкам меѓу народ.
    Зошто бре да упропастувам нечија седенка, кафенка, попладне, вечер, ем да си ја трескам главата или да глумам дека е ок, кога не ми е ништо пуно и рамно?

    Ем волкот сит, ем овците на број, седи си дома, одмори, разбистри си ја главата, не мачи невини луѓенца и не мачи се себеси.

    Ама некои немаат период, на некои животот им е тоа.
    Емоционално вампиросување, од утро до мрак.

    Не ги можам бе.
    Имам една, верувајте после секое кафе со неа ме мава невидена мигрена.
    Си доаѓам со главоболка, наапана, со туѓи недоумици и грижи, и зрачам негативен електрицитет.
     
  20. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Сфаќам, некогаш и мене ми се цица туѓа енергија, но гледам да се позиционирам на едно место, кревет, кауч, па макар и неудобен столб, да се исплачам, да се изналупам, сама, и за неколку часа да бидам како нова, виткајќи си ја косата, со груба насмевка и идемо да си поминеме убаво некаде вечерта.

    Да, моите пријатели многу пати ми ја исцицале енергијата, викајќи ме на тешенка или плаченка, денот од розов - сив, но се трпи, истото тоа би го направиле и тие за мене. Но, нели секогаш постои но, не е могуче истите вампири да ти ја цицаат истата црвена енергија, на нив секогаш им е лошо, им се дешаваат само на нив срања у животот, ќе излезе некаде и ќе гледа со поглед како да те колне и да ти посакува најлоши работи. Не секогаш сме спремни да дозволиме на луѓето, макар и да биле најблиски пријатели, да не стават во улога на боксерска вреќа. Само што не примаме удари, туку таги, лелекања, глупи изјави, депресивни песни, лоши енергии.

    Како се справувам? Па игнорирам. Советувам и помагам онаму до каде можам, вложувам навистина вложувам, но поважно ми е да си ги зачувам нервите, отколку да им ги решам на сите проблемите. Навистина не сум Господ, па што да правам. Не би можела на свој грб да ги издржам сите тие вампири, кога самата не сум вампир, кога не сакам темнина, туку сонце.