1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емоционални вампири

Дискусија во 'Психологија' започната од Magnolija, 1 октомври 2011.

  1. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    околу нас има сигурно барем 2-3 вакви вампири. И јас сум кога морам, ама јас им ја земам енергијата и така ја користам нивната енергија во текот на денот :emo:
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Буквално ме исцрпуваат таков тип на луѓе, премногу дури, до толку што се чувствувам ко уморна, за справување, ги игнорирам, морам да си надокнадам енергија :D без да влегувам во дуел со нив.Бидејки повеќе им е тоа намерата, да си ја исфрлат нервозата, гњавење до срж, отколку некаков си „проблем“.
     
  3. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.411
    Пол:
    Женски
    Таквите луѓе буквално ме исцрпуваат. Moжам да ги „намирисам“ уште од далеку. Едноставно веднаш чувствувам кој шири позитивна, а кој негативна енергија. За мене емоционални вампири се луѓето што просто зрачат од себе со негативна енергија, луѓето секогаш имаат нешто негативно да кажат
    [​IMG]
    , дури и кога си среќен, ќе ти префрлат нешто за да ти го расипат расположението, секогаш ја имаат таа надурлена фаца и во секој момент се спремни да се пожалат и да кукаат за се. Не можам едноставно да поднесам некој да ми зборува цело време негативни работи, за тоа како ќе се случи нешто лошо или слично :@ Исто така и нарцисите ми се емоционални вампири.
    Познавам неколку такви личности, а меѓу нив се дури и мајка ми и сестра ми. Не сум сретнала личност на овој свет што размислува понегативно од мајка ми. Толку негативни ставови, јас не знам како ги собира во неа. А сестра ми секогаш е тука да ми го расипе расположението со нејзините љубоморни и злобни коментари. Една другарка понекогаш емоционално ме исцрпува, затоа што секогаш е намуртена и за нешто се жали или има некој негативен коментар да префрли од страна. Еден другар понекогаш е емоционален вампир поради тоа што ме потсетува на лошите работи за кои знае дека ми се случиле и размислува многу негативно. Две девојчиња од школото и некогаш и моите тетки шират некоја негативна енергија.
    Како да се справувам со нив, не знам. Не можам да ги блокирам чувствата и да не почувствувам кога некој е толку многу негативен. Само се обидувам да ги игнорирам и да мислам на убави работи.
     
    На stetoskop и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  4. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Имавме семејни пријатели, што кога и да се видевме со нив, мајка ми потоа велеше дека тие се секогаш депресивни, дека ти пренесуваат негативна енергија, дека после разговор со нив де чувствуваш изморено. И конечно сфатив дека мајка ми била во право, јас тогаш бев детенце, и што разбирав од тоа. Ете ти ги вампирите :devil:
     
  5. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Тоа се луѓе кои не само што се полни и самите со негативна и деструктивна енергија туку ја превземаат и туѓата енергија, каква и да е истата. Токму затоа по комуницирање со таквите луѓе се чувствуваме уморно, дури понекогаш и го превземаме нивното црнило па и самите ние за миг стануваме емоционални вампири полни со токсични мисли и токсична енергија.
    Колкава е „моќта’’ на ваквите „крвопијци’’ не зависи толку од самите нив колку што зависи од оној којшто со нив комуницира на било каков начин. Сум забележала дека емотивните лица, оние кои што се ставаат во улога на другиот и преку него ги чувствуваат истите нешта, иако имаат посилна и постабилна психа нивната суптилност прави истата да биде полесно пробиена и зајадливоста, песимизмот па дури и злобата на емоционалниот вампир (доколку истиот е исполнет со злобни мисли) за одреден временски период да претстојува под нивната кожа. Тоа главно се случува заради потребата да се сфати туѓиот живот, да се помогне и да се биде подобар човек.
    Најдобра техника против ваквите луѓе е да не се обидете да им помогнете доколку утврдите дека се тука само за да ве „исцицаат’’. Добрата страна е што, нивната аура и нивната појава од далеку зрачи со опојна негативна енергија и благодарение на тоа можат лесно да се препознаат. Затоа, помагајте им на луѓето и делете ја вашата позитивност, среќа и душевна убавина на вистински луѓе, и ќе ви се врати назад зголемена безброј пати.
    Ако се од оној вид емоционални вампири кои што не доаѓаат со жалопојки туку со навреди и зрачат со злоба, тргајте се подалеку од нив и не дозволувајте им ни да ја допрат вашата психа. Кога ќе утврдат дека нема да ја добијат вашата среќа, ќе се тргнат,
    Да не се разбереме погрешно, сите ние имаме свои мигови кога и самите сме емоционални вампири и чувствуваме негативна енергија без или со причина, додека несакајќи му ја пренесуваме и на другиот. Секој човек има право понекогаш да е и негативен, и да е пакосен, љубоморен и ред други нешта... Сите сме само луѓе од крв и месо, зар не? Опасни се оние кои што намерно ја крадат туѓата насмевка и најдобар лек против нив е истите да се игнорираат.
     
    На steela.honey му/ѝ се допаѓа ова.
  6. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    Драги феминки кажете како се заштитувате од вакви луѓе,дали ги избегнувате и што со оние кои неможете никако да ги избегнете што правите тогаш,еве јас пример со маж ми имаме негови блиски кои кога ќе ни дојдат на гости или ние кај нив после тоа без никаква причина почнуваме да се караме за ништо кавага ќе направиме а истиот ден до пред да ни дојдат или да отидеме сме како гулабчиња а после тоа лом се правиме а невозможно е да ги избегнеме .кажувајте начини ,мислења ,искуства !!!
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    sum slusnala deka sol bilo dobro da se cuva vo hodnik navodno solta e odbivala negativnata energija.Vie sto mislite?
     
  8. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Енергетски вампири .... Изразот е очобол, ама објаснувањето за него е многу едноставно и лесно . Тоа се обично луѓе кои нам ни се познати по тоа како ни ја цицаат енергијата, ни ја мачат психата, не сакаме да ги сретнеме итд. Е сега,сте приметиле ли како нашиот енергетски вампир , тој ,баш тој има луѓе околу него што навистина го обожуваат, сакаат , почитуваат ... значи им годи неговото присуство?. Како е можно ако за истиот сметаме дека е завидлив, лош, и со секакви грди епитети (нели според односот со нас) истиот за други луѓе да важи како личност со сосема спротивна природа? Можно ли е , луѓето да се однесуваат т.е да ни влијаат на нас според тоа како ние ги гледаме? Што мислите?
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Сега пребарував тема дали има нешто вакво или да почнам.
    Тоа се најобични луѓе па дури и да не зборат нам ни пренесуваат.
    Мислам дека нема врска како ние ги гледаме. Ни самите не се свесни дека ја имаат таа енергија да ни направи да се осеќаме лошо.
    Не знам вие како ги осеќате ама јас болна паѓав од нив.
    Тактика некоја еве имам слушано додека зборат да си прекрстиш раце , да не дозволиш таа енергија да влезе . Ама еве излезен си и 2 часа на кафе не можеш така да дремеш.
    Ги избегнувам, ретко средби.
    Си носам крст и тоа е тоа.
    Има луѓе што ги осеќаат само преку кавги и нервоза одпосле, ама мене пуквално ми е лошо додека сум во близина.
    И они не се криви, не ги мразам...
     
    На stetoskop, blonde_supergirl и Kameo им се допаѓа ова.
  10. twilight123

    twilight123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    ne?
    prvpat slusam takvo nesto
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.120
    Има вакви луѓе кои секоја прилика се трудат да пренесат негативна енергија, да понижат некого, макар бил и идеален. Јас сум решена оваа година со ваквите да имам нулта толеранција и буквално да им кажам каде им е местото, ако ме чепнат нормално. Како вие се справувате?
     
    На stetoskop и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Не се вредни за внимание. За жал, се случуваше да паднам на нивните финти, ама веќе не.
     
    На stetoskop и Tanjamm им се допаѓа ова.
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.831
    Пол:
    Женски
    Ги избришав од мојот живот. Избриши ги и ти и биди во друштво на луѓе кои се позитивни и те поддржуваат. :)
     
    На stetoskop, eta, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.120
    Добро, а што ги тера тие луѓе да бидат енергетски вампири? Јас мислам дека длабоко во себе се несреќни.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    И неисполнети. Незадоволни. Немаат храброст да се соочат со себеси па удираат по другите. Да се порадуваат макар на кратко на нечиј пад.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.120
    Точно. Инаку ако сум среќна и исполнета нема зошто да навредувам некого, посебно не некој кој не ми направил ништо лошо.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EraBon

    EraBon Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    595
    Vakvi lugje mi se imat iskazuvano mnogu no iskreno ne cuvstvuvam posle toa nisto.... :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.683
    Пол:
    Машки
    Треба да ги укаса друг енергетски вампир и тогаш се претвараат и тие во вампири?
     
    На Someonespecial, Tanjamm и DAngel им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Врските кои го вшмукуваат оптимизмот и спокојството имаат влијание само ако личноста се грижи за туѓото мислење.
    Емоционалните вампири се всушност нарцисоидните личности, луѓето кои се претставуваат како постојана "жртва", контролорот, константниот зборувач (дрдорко), и drama queens...

    Сите овие лица имаат само едно нешто заедничко - сакаат да бидат слушнати бидејќи се ставаат во центарот на вниманието.

    Вниманието и одземањето на туѓата самодоверба се нивната храна со која го хранат своето преголемо его и болниот извртоперен памет.

    Со други зборови, тие се дел од количината на непотребното човечко ткиво кое се движи на површината на оваа планета и со која сум приморана да го делат воздухот.

    Прво, познавајќи се себеси како личност која скоро и нема никаква емпатија ниту пак емоционална приврзаноста со никого и второ, познавајќи ја добро нивната психологија, ги искористувам нивните слабости и желби против нив и едноставно ги игнорирам, притоа давајќи им до знаење дека за мене тие се само залудно потрошена ДНК за кого не ме интересира фактот за нивното постоење на оваа планета, или пак престанокот на истиот ...

    Поради тоа би рекла дека сум потполна имуна на нив, но тие не се имуни на мене, очајно обидувајќи се да ми го привлечат вниманието - што секако, никогаш нема да го добијат!

    Така, слободно би рекла дека, на индиректен начин, емоционалните вампири се МОИ жртви 8) :devil:
     
    Последна измена: 12 јануари 2018
    На Tanjamm и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  20. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Сосема можно. Си делуваме како огледала. Јунг рекол дека не ни се допаѓаат оние к-ки на луѓето кои ги поседуваме ние самите.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.