како лепак сум за емоционални вампири ...ги имам неколку кои успевам да ги држам на дистанца .буквално ме исцрпуваат и ми делуваат на расположение ...за жал дома ги имам двајца ..Мајка ми која прво иде и веднаш почнува со жалење кај ја боли ,умира цел живот ..или доаѓа со вести кој умрел,на кој што му се случило...коа е нервозна преку два спрата и јачувствувам енергијата и ме вознемирува..исто имојот животен сопатник... менува расположение во секунда ...абе го осекам.. пред да се намршти ...колку е јака таа енергија.. и јас знам да сум негативна коа се ми иде наопаку ..а коа факја период буквално на сите страни сардисан...едноставно си молчам.и се осамувам ...зашто не сакам да ги убивам лугето околу мене...зашто негативен може само со негатива да зрачи .... и сега не знам тука веке почнувам да спојувам и хороскопски знаци..дефинитивно водени знаци ме исцрпуваат ...мада и лавовите едвај ги поднесувам пренапорни ми се ..они и двајцата се водени знаци рак..јас овен .. водата го гаси огнот дефинитивно... па би било интересно да наведете ..и хороскопски знак ваши на оној кој ви ја црпи енергијата за мала компарација .
Вчера баш ми се случи братучетка ми да ми ја пренесе целата негативна енергија што ја имаше во себе. Абе буквално ме исцрпи. Почна да ме понижува пред другите како не сум искачала многу често, сум одбила многу машки, ќе сум останала стара мома (20 ги имам), еден ден ќе сум се каела ама касно ќе било... Абе триста глупости ми изнакажа и на крај ми вика јас само сум вистината ја кажувам. Она најголема оговарачка во маало ни е вистината ја кажувам ми вика. Абе мислиш шпанска серија да ти бил мојот живот. И почна да се фали... Отсега на дистанца со неа само едно здраво и површен муабет. Споделување на тајни никако. Јас сум будала што и дозволував да ме користи, кога немаше со кого да искача со мене искачаше. Лошото е што немам самодоверба и преќутувам за се што ќе каже. Целата исфрустрирана си легнав и таква станав. Кажете совет како да се ослободам од фрустрацииве?
Најлошо е кога имаат лош ден и таа негативност успеваат да ти ја пренесат. За мене емоционални вампири се оние кои што се толку исфрустрирани што цело време те игнорираат и прават да се чувствуваш како избркан. За мене се најлош тип. Не сфаќаш како си направил грешка и каде е таа грешка.
Тие се "подобар" вид од оние "Реалните" што напаѓаат демек со сарказам и некои тука шифри што само они ги знаат, боцкаат, а ти одма ги читаш ко буквар. Ти наметнуваат комплекси, стравови и свои ЗАТУЦАНИ ставови уште од пред нашата ера. Кога ќе ги прашаш зошто мислат така немаат аргументи за да образложат. Од километар ќе видиш дека на челото им пишува "Јас секогаш сум во ПРАВО". И да секад им е виновен некој друг.
Па исто е. Ако светот е бојно поле и секој има потреба од чиста духовна енергија тогаш сите се тепаме да украдеме барем делче од истата. Лошото е тоа што само ја крадеме но не ја враќаме.
Имав порано ваква другарка Маста ни ја вадеше На 16-17 год беше полна негативна енергија. Секое искачање само за лоши работи збореше, претскажуваше лошо работи, само се жалеше, а совет ни прима, а камоли да примени. После секое искачање си идев депресивна дома И ја баталив