1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Емоционално или физичко неверство?

Дискусија во 'Врски' започната од Chocoholic, 9 мај 2011.

  1. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Што мислите, што е полошо: да бидете физички изневерени со друга, или да ви биде верен но во мислите постојано да му е некоја друга?

    Според мене емоционалното неверство е многу полошо. Физичкото неверство е момент и можеби само физичка привлечност која брзо поминува и нема никакви чувства, додека емоционалното неверство боли многу повеќе, а најчесто води и кон физичко неверство. Не би го простила ни едното ни другото, но зборуваме за помалото од двете зла :worried:
     
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.110
    Допаѓања:
    2.701
    Пол:
    Женски
    За мене би кажала дека емоционалното неверство најверојатно многу потешко би ме погодило.Се работи сепак за неговите емоции, ги насочил кон некоја друга наместо кон мене.Што се однесува до физичкото неверство мислам дека би можела полесно да го ,,голтнам,, ако се залажувам дека немало никаква емоција додека се одвивал самоит чин.
     
  3. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Емоционалното е многу полошо, всушност за мене само тоа е неверство ... физичкото било-поминало, гледам по себе, може и мене да ми се случи еднаш-два пати не е битно, но тоа не значи дека не ја сакам личноста со која сум во врска ...
     
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Исто ти е. И емоционално и физички имал потреба од друга.
    Емоционално мислел на неа.
    Физички го надокнадил.
     
    На crazylady и cheetah.girl им се допаѓа ова.
  5. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Да знам дека физички ме изневерил?ауу самата помисла ме убива кога си размислам секогас повеке физичкото неверство така предизвикува болка кај мене да ме изневери емоционално ке му простам и ке го оставам бил јак до крај и не ме изневерил со тело па нека оди кај другата ама мене да ме сака а со друга во кревет?е тоа мене на лјубов не ми личи :fubar:
     
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ни тоа ни тоа. Мав му е работата има да оди на кастрација :D дал физичка дал емоционална.
    Без разлика, какво и да е неверството, физичко, емоционално или што ти ја знам не простувам. Таква сум по природа, се предавам и давам (во брак :) ) целата и тоа го очекувам и од негова страна
     
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Кое и да се случи е болно. Јас не сакам меѓу две зла да бирам кое е помало, злото е зло без разлика на амбалажа и може помалото да добива интензитет или поголемото да се намалува, ама гес вот - сепак сме и натаму во магичниот круг на злото.
    Неверството остава емоционална болка кај изневерениот. Дури и да станува збор за 5 минутен секс во тешко алкохолизирана состојба посебно ако ја познаваме личноста со која е извршено злоделото може визуелно сликата на нивната копулација да ни биде ноќна мора до крајот на врската, ако не и животот.
    Нека немало значење за изневерувачот сепак остава трага во свеста на изневерениот како предавство. Колку и да сме свесни за тоа дека неверства се случуваат секојдневно како што има редовно дневен печат и дека и сами може ќе сме инволвирани во вакво сценарио во некоја иднина - сепак да не е никој во кожата на изневерениот, бидејќи тоа е состојба на агонија од емоционален карактер.
    Емоционалното неверство и да не добие никогаш физичка реализација е исто така болна точка и ќе биде вечен камен на сопнување т.е. тркалање на врската по надолница и џабе цел Сизифовски напор да опстои кога невидливото присуство на третата личност ја минира.
    За некои луѓе не е моногамноста, некои ја остваруваат дали без или со огромен напор важно успеваат.
    Кај повеќето склони кон изневерување врската или бракот се како добар одмор во Египет. Фотки пред Сфингата и пирамидите, ама не се населуваш таму трајно, така и овој параван им се чинел како одмор од промискуитетот, ама е најчесто со ограничен рок на траење.
    Никој никого не поседува комплетно и перманентно, но со оглед на тоа дека неверството е болна, често и непреболна раскрсница во врските и браковите фер е да се расчисти со тековниот пред да се проба нешто со нов партнер, ама не само што ретко кој игра фер, туку и на скоро сите им изгледа подобра опцијата да имаат бек ап план.
     
    На kate21 и n.a.t.t.y им се допаѓа ова.
  8. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    болно е и едното и другото...јас го фатив со друга пред мои очи многу е болно...
     
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.758
    Допаѓања:
    37.853
    Пол:
    Женски
    И тоа и тоа е болно.За жал преживеав едно од нив и можам да кажам дека е ужасно болно и не му посакувам на никој да биде во ситуација да споредува од искуство меѓу овие две. Ќе зборам јас за моето искуство, бев во две годишна врска и дечко ми се смува до друга тоа беше...бум гром од ведро небо затоа шо мислев дека он е последната личност која може да ме изневере.Не е тоа зборот јас му простив помина скоро година од тогаш и во ред е, се трудам да не му го искарувам на нос и стварно ретко кога се спречкуваме за тоа.Но освестувањто, тагата, болката, бесот..беше тешко додека ги надминав, дури и сега иако мислев дека со времето ќе се ублажи повредата, уште има денови кога плачам поради тоа и кога сум му бесна и се прашувам зошто баш на мене.Но според мене емоционалното неверство е поболно, ова било бакнеж, момент на слабост, пијанство или било што и да влијаело на тоа, не се повтори, каење простување, враќање во нормала мислам дека се тоа може да се издржи ако си спремен на тоа и ако знаеш дека партнерот заслужува уште една шанса.Но фактот дека тој ја сака неа или ти некој друг, дека тајно мислиш на некој друг и одвај чекаш да го видиш оној другиот е тоа е некоја друга приказна.Мене највеќе ме мачеа на почетокот прашањата од типот. „Дали тој има некакви чувства за неа?Дали тоа е било и предходно?Дали цело време ми набивал рогови?Дали мисли на неа кога е со мене?Најважно дали може да ја сака?“ Мислам дека да ми признаеше дека има чувства за неа дека тоа не било чиста моментална физичка привлечност не би му простила. Не би можела да бидам со некој ако срцето му сака друга, кога и сама си заљубена во него и знаеш како е да сакаш, па замисли како би било ти да бидеш со некој, а да сакаш трет.Неприфатливо ми е.Не велам дека го оправдувам физичкото, не велам дека треба да опростите ако неможете да живеете така.Само мислам дека ако искрено сакате вреди да се обидете, верувајте може да се успее. :)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Исто ми е некако и едното и другото.
    Ако е само емоционално, не значи дека не преминало во физичко поради почит кон мене-може таа го одбила, може е забранета на некој друг начин, па не се ни обидел иако страшно посакува.Тогаш ми е исто како физички да ме изневерил.
    Но, да се рзбереме, има разлика помеѓу привлечност и веќе подлабоки емоции.Никогаш не би сметала дека ме изневерил емоционално ако некоја девојка го привлекува со изгледот, ако ја коментира со другарите или искористи прилика за флерт, нели во рамки на пристојност.
    Сепак ако веќе треба да бирам, повеќе сакам физичко неверство што било за една вечер отколку емоционално.
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    И едното и другото е болно. Да е со мене, а да мисли на друга и да посакува друга можеби е дури и полошо од физичкото неверство. Но и физичкото е ужасно, ако ме сака и ако му е убаво со мене тогаш што ќе бара со друга? И едното и другото е лошо. :x
     
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.204
    Па чим има физичко неверство значи дека постои емоции. Ти ваљда нема да легнеш со некого за кој што не осеќаш ништо... Овие две се правопропорционални и едно без друго неможе.
     
  13. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Со ова воопшто не се согласувам.
    Некогаш сексот си е само секс, потреба и ништо повеќе.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Ниту едно ниту друго. И двете се неверства. Али од двете, го бирам помалото зло - физичкото. Сметам дека емоционалното е далеку позатрашувачко и тешко би се изборила против тоа. Туку немаме никакво влијание да смениме нешто.
    А за тие што тврдат дека едно без друго не иде, јас тврдам обратно. Ептен сум убедена дека може да дојде до физичко неверство без да постои емоционално. Вакво физичко би простила (колку и да звучи глупо), али емоционално не. Многу ми е болно тоа
     
    На m2m2m2, lolyta777 и 1209 им се допаѓа ова.
  15. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Подалеку од двете.Мислам дека би нашла сили да поминам преку физичко неверство кое го гледам како физичка привлечност или момент на слабост,додека преку емоционално никогаш!Тоа траело,трае и ќе трае.Емоциите се создаваат и тешко се контролираат.Потешки зборови од :Се заљубив во друг/а. за мене нема. :tmi: Се надевам нема никогаш да ги слушнам!
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Кое од лошо - полошо. Подалеку и од двете.
    Иако, ми се чини она физичкото е попонижувачко затоа што најчесто за таквото дознаваме и за таквото можат да дознаат и другите луѓе, па на вас ќе гледаат како жалче некое.
    Бљак :puke: за двете.
     
    На srcence1607 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Абе и тоа да, али јас лично повеќе можам да поднесам другите да ме гледаат ко жалче и да одовараат, одколку емоционалното неверство, ко што кажа лил мис да дојде љубениот и да ми рече: се заљубив во друга. Мноооогу ми е поболно ова второ
    Повеќе би го издржала понижувањето одколку болката

    Али пак се сведува на твоето: Бљак :puke: за двете. Подалеку од мене :)
     
    На LilMissBossy и lolyta777 им се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.708
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека неретко емоционалното и физичкото изневерување се поврзани. Ако е физичко може да стане и емоционално, и ако е емоционално може да стане физичко. :)
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Доколку треба да изберам некое од двете, јас би избрала слободно да ме остави :) ич нека не му се дума.
    За мене е подеднакво лошо, не гледам дури ни што е предноста во едното, а што негативното во другото та да ги градирам по тоа кое е помало зло.
    Ако е физичко неверство, можам само со сила да се убедам себе си дека можам да го простам, но се знам многу подобро, така да врска по такво разкритие, јас тешко дека ќе одржам. Едноставно не сум човек што се преправа дека нештото не се случило, пак и самиот човек повеќе нема да е тоа што бил некогаш за мене. Одвратно ќе ми е да седам покрај таквиот, ќе барам јас самата изговор да се прекине врската макар тој молел, коленичел и цмиздрел, извинувајќи се милион пати, велејќи ми дека ме сака од земјата до небото и назад. Да, љубов, се разбира... љубав није за нас, љубав није за нас, би била песната што би свирела на таквата глупост.
    Доколку е емотивно неверство, побогу тој нема ни секунда да седи мирен до тебе :) до мене, до никоја, а ќе бара начин да избега кај онаа која тој ја „љуби“ :). И нека ја љуби, само да ми го ослободи моето пространство кога веќе решил така да игра, нека биде маж да си признае и да не ми го губи животот бидејќи секако ми е само еден
    (верувам пак ќе се вратам али никој не ми дал писмена гаранција, та’ да се трошам на од старт пропаднати инвестиции, однапред ви благодарам за помислата, но земете си ја по дома)
    , јас секако нема да трчам по него, дека ќе ми е тешко ќе ми е, да лажам како јас ќе сум силна и цврста и душата нема да ме боли, секако ќе ме боли, бидејќи мојата гордост ќе биде повредена, а тоа да ме заболува, а не фактот дека ќе изгубам нешто што очигледно и не било мое, та’ да го жалам.
    Во таков случај ќе му ја посакам сета среќа на светов, на господинот дотичен и се разбира нема да глумам оскаровка со коментари од типот „ќе си останеме јас и ти добри пријатели, нели?!?“. Оф, не благодарам, иди идииии....што даље од мене ;)
    гит дарлинг изгуби се.
     
    На LilMissBossy и lolyta777 им се допаѓа ова.
  20. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    Неверство е неверство,без разлика дали е вакво или онакво, во слуЧај на емоционлно, ко сто кажа zap4e, нека биде маж и нека признае, да не си го тросам времето залудно и то је то :)